Како ја користите бебешката пудрам на кој начин/? би сакала да пробам и јас бидејки пример во недела се бањам а во вторник морам да ја измијам зашто во среда више залепена ќе ми е
Значи на корените (односно таму каде што ти е мрсна, сама ќе си видиш) ќе ставаш помалце бебешка пудра. Ја делиш косата и ставаш. После почекај 2 мин и растреси ја и исчешлај ја. Само пази да не ставиш премногу, после ќе ти биде бела. А иначе добар е и шампонот за суво миење од Балеа. Го има во ДМ, можеш да го пробаш ако сакаш не е скап.
^^ Фала ти Emotinal, ќе купам утре бебешка пудра на Бекутан и ќе испробам да видам како ќе иде тоа. Инаку користам шампон Шаума плавиот за средно до мноу мрсна коса. Се двоумам дали да го земам зелениот за коса што брзо се мрси?? Што мислите, кој е подобар??
Женски пробајте со тврдите шампони на Lash козметиката на природна база што се слушнав мн пофални зборој за нив и си порачав...
Ќе може ли да ми препорачате некој добар сув шампон? Пробав со бебешка пудра, со сувиот шампон на Балеа.. не ми помагаат,ми ја прават косата уште помрсна . Или барем некој друг начин за прекривање на мрсната коса кога треба да излезам,а немам време да ја мијам косата? Ви благодарам однапред.
Јас го користам тој виолетовиот на Lush се вика Jumping Juniper за мрсна коса и супер ми е, ја мијам на 4-5 дена, а иначе ја миев секој втор ден.. сега малце се поскапи 520 го платив али 2 месеци го имам и многу малку ми е потрошен. Според мене многу се исплати
Да исто и мене ми кажаа дека производите посебно тврдите шампони му се феноменални и дека све е на природна база,и буквално нема некој што не е воодушевен од нивните производи јас си го порачав виолетовиот за мрсна коса,новиот за потикнување на растот на косата бил преубав и мн ефикасен и еден сапун за лице за проблематична кожа лицето буквално било мазно и чисто како на бебе се надевам дека и јас ке бидам задоволна...Да се исплатуваат ако се толку скапи траеле до 3 месеци
^Многу сум задоволна, ептен. Иначе редовно го користам и се чудам како поминаа 2 месеци а не ми е ни пола потрошен..
Девојки и ја имав мрска коса ..но сега веќе толку не ми е ^^ Иначе не ставајте секакви шампони на косата оти се штетни со хемикалии..најдобар начин за миење на косата е само да ја миете со еден шампон и да не го менувате.. може да ја миете и со листови од ореви..Тоа е и за првут и за мрсна коса ..Мислам дека помага Пробајтее па ќе видите каков резултат ќе добиете
Јас никако да најдам соодветен шампон за мрсна коса, се што сакам е барем денес ако ја измијам до задутре попладне да издржи да не биде зејтин, навечер секако ја мијам, секако коса не сакам ако не е редовно миена. Ама никако не издржува, денес ако ја измијам, вториот ден е добра, третиот кога станам веќе мрсна . Последно што користам е Рецепт шампонот за мрсна коса и освен што косата ми ја прави совршена метла друго фајде од него нема . Незнам што да ставам наредно на список се испробав освен на Еуцерин, Виши и овие тврдите шампони не сум ги пробала. Ама па 700 ден за шампон мајке ми многу бе
Jас немам ваков проблем, но имаше сестрами. Tаа проба дури со домашен свински сапун, тоа последно и го препорачаа, имаше ефект на подобрување, но таа неможење да се мие од што и беше грозен сапунот.
Имам испробано секакви шампони и триста чуда за мрсна коса и верувајте ништо не ми помогна. Се додека тетка ми ми го препорача шампонот Добро, за една ниска сума од 80 ден. го има секаде. 100% е камилица, не мириса неубаво, баш освежително. Не е конкретно за мрсна коса, ама после 1 недела користење има голема разлика. Големо пакување е и верувајте се исплати.
Во кои маркети го има тој шампон ? Инаку сум кажувала и претходно,најпогоден за мрсна коса ми е шампон од коприва Сапониа
А замисли ако почни да врни? Ах, што не ќе слушнам и какао почнуваат луѓево во косата да ставаат. Мислам разбирам, бидејќи мојата коса е премногу мрсна и морам да ја мијам скоро секој ден. Посебно шишката. Ама ако треба и на секој час ке ја мијам, ама какао во коса не ставам. Иначе имам пишувано и претходно во темава, единствено решение е сув шампон, што всушност е бебешка пудра во спреј, само има поубав мирис и не е наелектризирана косата после употреба.
Па,зависи за кој како ќе се погоди на косата.Мене не ми одговара ни бекутан пудрата,ниту сувиот шампон на балеа,ми ја прават уште помрсна...друг сув шампон не можев да најдам,ако знаете некој добар??? (инаку за овие производи се пожалив и во друга тема )
Во последниве 2 недели ја мијам косата на секој втор ден... денес ќе се избањам утре веќе на коренот ми е мрсна и се приметува... знае ли некоја феминка на што се должи ова пошто никад до сеа не ми се мрсела волку косата
до времево да не е... и мене периодов почесто ми се мрси. Или може ако експериментираш со шампони па не ти е навикната косата.
Па да, ги менувам шампоните, имам слушнато дека е подобро да се менуваат отколку да се користи еден ист подолго време ... и да ти кажам ми се здосади секој ден да ја мијам, ко што сум фул периодов, стварно немам време, ама морам пошто вториот ден веќе ми е мрсна... што е проблемот поим немам...
Јас па само ја допирам ја фаќам косата ја чешлам на секој минут ..и таа сакала нејќела ќе се измрси душата и ја вадам ама неможам да ја гледам никаква неисчешлана. Обично мене кај коренот горе многу ми се мрси а врвовите ми се суви .. :/