Јас го немам тој проблем, бидејќи имам многу густа коса но кога ќе видам некој со мрсна коса навистина изгледа неубаво
и јас исто така имам густа и мрсна коса . Во еден маркет продавачка ми кажа за Keramin-шампон за мрсна коса, ве молам кој го има користено да ми пише за искуство
Јас можам да кажам дека сум малку опседната со темата како до чиста коса подолго време . Тенко влакно имам и веднаш ми се мрси, плус кога вежбам од потта заникаде ми се прави. Бидејќи ми е здосадено веќе секој ден да ја мијам барав некој шампон за суво миење на природна база (не сакам хемикалии директно во корен да нанесувам) и го најдов овој на Lush http://mk.marketkonekt.com/mk/no-drough ... ductid=hV5. 100% е природен со пченкарно брашно, масло од лимон и цитрон... Веќе 4ти пат како го користам помеѓу две миења и можам да кажам дека поприлично чиста ја остава косата. Остава бели траги како и секој друг, но јас го нанесувам пред спиење и сабајлето веќе скоро се е истресено. * Шампонот е малку поскап од стандардните шампони за суво миење, ама ако ви е битно што ставате на скалпот вреди за парите.
Не јас,но имам другарка со истиот проблем ~Мрана косА~ иии доста пати ме има прашано но јас ... По некое време се појави промена..изгледа го пронашла решението ~Ја мие косата на секој 5 дена и користи шампон кој барем не неа и ја мрси косата... немошжам да ви кажам точно за името на шампонот но пред да го купите прочитајте од што е направен ,и за што е шампонот....
Женски дај просветлете ме какви се тие тврди шампони, суво миење....???? Од кај ги купувате како ги користите, гледам дека има пофалби за нив иако не знам колку е ефикасно и трајно тоа бидејќи така уште повеќе сушење на скалпот би имало и повеќе лачење маснотија. Инаку при често миење повеќе се мрси косата бидејќи со миењето всушност скалпот станува посув жлездите лачат повеќе маснотии, затоа и не се препорачува често миење но додека се навикне косата треба време и шетање со мрсна коса... а тоа малку потешко оди. Го има ли некоја користено Афродита шампонот од бреза и арника за масна коса и искуство?
шампонот РЕЦЕПТ околу 180-200 денари во маркетите оној за мрсна коса,помага многу- сестра ми не ја мие косата секој ден повеќе,туку преку ден значи има резултати по второ миење (и не и изгледа тоолку мрсна,од 2 пати миење е добро тоа што е преку ден миењето коса)....засега е задоволна па ќе видиме понатаму
Девојки,во првото миење на косата со шампон ставете малку и од регенераторот што го користите,но не на скалпот,туку само по должина на косата.Во ова миење косата е најнечиста,особено кога е масна.Откако ќе ја исплакнете,второто миење направете го само со шампонот,а трето само регенератор и никако не нанесувајте од него на скалпот.Оваа постапка за миење на масна коса е препорака од фризер.Ако некоја проба,нека пише за ефектот.
Пред некој ден бев на фризер и фризерката ми стави арганово уље на мокра коса (еве сајт http://arganoil.mk/) меѓу другото служи и да не се мрси косата толку често. Ја па не ни верував многу да ви кажам искрено, уште една женска имаше ме напна ама многу е добро ама ова какво е леле а у, и ја онака ај ќе видиме баш. Иначе косата нормално (виткана права независно каква и да ја носам) ако ја измијам денес сабајле, утре попладне ми е више ептен мрсна. Во петокот ми го стави уљево значи петок цел ден, сабота цел ден, недела цел ден и понеделникот поплане јас ја носев пуштена косата на крај во понеделникот ми се замрси малце па ја врзав, иначе 3 ипол дена беше совршена. Следно идење на фризер го зимам обавезно, мене ептен ме одушеви. Иначе мириса прекрасно, и се ставаат 3 до 5 капки зависно од должината и густината на косата на цела коса-и на коренот, али малце е соленка цената. Имаат пакувања од 150мл за професионална употреба и кошта околу 2800 ден. а малечките по 30мл се 930 денари(мислам), али дефинитивно се исплати ептен, сигурно неколку месеци ќе ви трае посебно пошто се става ептен малце, јас ептен бев задоволна
луѓе, да ве прашам нешто, пошто на оваа тема прв пат пишувам а долги години имам проблем со мрсна коса, го има ли некој користено hemel шампонот за мрсна коса и дали има некој ефект, сите ги поминав веќе неможам да ги запамтам уште тој ми остана и кревам раце пошто секој втор ден не е здраво да се мие глава!
Значи во последно време многу почна да ми се мрси косава, не знам уште кој шампон го немам пробано , ми се смачи да си фрлам пати за шампони . Сега го зедов Афродита го има ли некој користено ?
До пред 2 години и јас имав проблеми со мрсна коса. Откако почнав да користам Субрина го решив проблемот. Косата ја мијам 2 пати во неделата.
Од лично искуство можам да ви кажам неколку совети за мрсна коса. Мојата коса не е ретка ама исто така и не е многу густа. До пред некое време постојано ми се мрсеше ја миев 3 пати неделно ама џабе немаше ефект пак ми се мрсеше. Ќе ја измијам на пример денес утре веќе ми е мрсна залепена по неа имам прашина и изгледа многуне убави и непријатно и се срамев дури од тоа. Сега ја мијам пак 2 пати или три пати косата неделно ама не ми се мрси толку многу, ми се мрси ептен ретко по малку ама кај ушите највеќе. За да го избегнам мрсењето на косата на пример недела секогаш се бањам и понеделник кога отидам на школо имам школска која знае да плети прекрасни плетенки и секогаш ја замолувам да ми сплети една плетенка како венче напред или целосна плетенка со целата коса и дома кога одам и ставал лак за коса имам лак од Авон кој после и д аја отплетам убаво ми се расчешлува не ми ја мрси косата и така плетенката ми стои дури до среда после во среда ја расплетувам оти пак се бањам и другите два дена може пак да ми направи плетенка или си ја врзам репче и не ја допирам повеќе косата. Значи за д ане ви се мрси пред се не употребувајте никакви маски, субрини или јаки шампони. Користете си најобичен шампон од коприва тој е наменет за сите типови на коса. И косата не треба постојано да се допира или да се мие секој ден оти и од тоа може да се мрси.
subrina recept, hemel, afrodita не ми помогнале ич, но читам препораки дека pantene и l'oreal и еден наш на gallea биле солидни шампони, верувам дека решение за скратување на маките со мрсењето е прво шампон како основно средство и секакви маски да идат предвид сепак шампонот е основен....... ((
исто така и orzene beer порано го имам користено, и ми даваше ефект после незнам зошто го сменив ваљда барав и промена некаква, но еве некои се задоволни и од неговото користење, with hop extract исклучиво го фалат, ваљда е добар и тој..
Шампон со прашок за пециво за мрсна коса Верувале или не една одлична состојка за нега на мрсната коса е прашокот за пециво! За подготовка на шампонот ви е потребна една лажица прашок за пециво и еден филџан вода. Измешајте убаво за прашокот за пециво да се растопи во водата, нанесете на мокра коса и убаво измасирајте. Измијте ја косата со вода и на крај прелијте ја со чаша вода во која сте додале една лажица јаболков оцет. Со овој шампон ќе се ослободите од мрсната коса и од перутот и ќе имате убава и сјајна коса. За мрсна коса наместо шампон можете да употребите и разреден црн чај со кој убаво ќе ја измиете косата и потоа ќе го измиете со млаз вода. Шампон со сода бикарбона Шампонот со сода бикарбона е одличен за отстранување на нечистотиите од косата, перутот и вишокот себум. Може да се користи за сите типови на коса но најделотворен е кај мрсната коса која по миењето со него ќе остане чиста 3-4 дена. Измешајте една лажица сода бикарбона со чаша вода (околу 200 мл.) за убаво да се растопи и измијте се со добиената смеса како што се миете со обичен шампон. На крај можете да ја прелиете косата со раствор од вода и јаболков оцет, најдобро од една лажица јаболков оцет и литар вода. Ќе се изненадите од резултатите!
девојки јас мојот проблем со мрсна коса го решив со бекутан шампонот, и цела недела да не ја мијам косата, нема да ми биде мрсна... пред се и не треба да си ја миете секој ден или преку ден, затоа што така каков шампон да користете нема да престане да ви се мрси... мијте ја преку два дена на почетокот, а доколку ви се мрси на почетокот, ставајте на коренот бекутан пудра и како миена ви е јас не користам друго ништо, ни регенератор, ни маска за коса, а косата ми е станата многу убава, мека, со сјај, пробајте
Можеби има и такви субрини или маски кои помагаат но јас немам сретнато. Сепак добро секоја коса е различна имам школска која и цела недела да не ја мие косата таква и е како густа а сепак не и е премногу густа и скоро никогаш не и се мрси. А исто така имам и школска која само што ќе ја измие косата ке ја изчешла 2/3 пати и веднаш кај усите и се мрси. И другиот ден веќе целата и е мрсна. Сепак пробајте си вие може и да налетате на нешто што помага.
А го користел ли некој шампонот за нормална коса која брзо се мрси од гарниер зелениот проѕирниот на fructis?