Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мрсна коса

Дискусија во 'Коса' започната од Melodi, 20 ноември 2009.

  1. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Напротив, не значи дека ако косата е мрсна и дека не треба да се употребува ништо на неа. Туку треба да биде умерено и да не се оптоварува (ова се однесува на секаков вид коса). Добро е напишано дека не треба да се нанесува регенератор на коренот туку по должината на косата, односно, од половина од косата па надолу (во зависност од потребата) или само на врвовите.

    Оние кои имаат мрсна коса имаат многу поголем проблем со суви и испукани врвови бидејќи косата кај коренот е постојано мрсна (заштитена и постојано нахранета со масла иако навидум не изгледа дека е така). Треба да се обрне посебно внимание на одржување на врвовите бидејќи има недостаток од она што до сега се заситувала, односно е без природните масла на кои влакното е веќе навикнато.
     
  2. neznammm

    neznammm Нов член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2014
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    0
    јас користам head&shoulder од лимон и најмногу тој ми помага, имам повеќе шампони пробано ама никој не покажал ефект.. :emo: :$
     
  3. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    И јас сум го приметила истото
    Маска за коса ставам 2 пати месечно а глисот (лилавиот)го користам на секое миење на косата(2-3 пати неделно,само на врвовите)
    Шампон ми помага head and sholders за мажи и малку е по јак и крут и ми ја суши кожата на темето а и немам првут
    Сега земав шаума за 3 дена ,два пати се мијам а утре изгледа ќе морам пак |(
    Ќе мора да се вратам на предходниот
     
  4. goldy87

    goldy87 Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    1
    А пробал ли некој шампон со бадемово уље за сув скалп, односно масно теме а суви врвови, од pantene или head & shoulders, некој ефект, дали делува да не се масти темето толку??
     
  5. goldy87

    goldy87 Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    1
    Или оној од гарниер фруктис жолтиот со бадем triple nutrition со бадем исто е?!
     
  6. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    Девојки све сум пробала и пак се мрсит..Миј те си ја секоја вечер и тоа е :)
     
  7. goldy87

    goldy87 Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    1
    леле.... нема спас значи:(( ми издржува еден ден ама другиот е..... :(((
     
  8. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Jaс сум ги пробала сите,ама сите шампони за коса,од оној од коприва до Лореал и исто пак.И со билки,и со мед,и со се што постои,и исто.Еден ден добра косата,другиот ден катастрофа.
     
  9. SweetBabe

    SweetBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Бев на фризер и ми кажа да ја мијам косата со бебешки сапун и при миењето кога прв пат ке ставам убаво да ја измасирам некои 5-6 минути и добро да исплакнам, а вториот пат да ставам помалку и да ја мијам со вода се додека не се исчисти целата пена :!:
     
  10. goldy87

    goldy87 Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    1
    а јас баш сакав да купам некој од тие или head & shoulders за иритирачка кожа или оној со бадем, или од фруктис со бадем, пантен и лореал не сум користела. Инаку речиси и јас се сум пробала, од алверде, балеа, subrina recept, wash&go порано го користев исто и head & shoulders дури пред 10 години ама не се сеќавам на ефектот, оние литарските, бреза, коприва, камилица, после оној со пиво се се и ништо..... Сега користам два еднаш ставам од гарниер фруктис оној за перут и мрсна коса па второ шампонирање кокос од афродита....слушам кокосот помагал за сув скалп кој лачи себум претерано, но неможам сеуште да дадам коментар за нив.......
     
  11. bella96

    bella96 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    1.027
    Бидејќи ми е мака од мрсна коса,си викам ај да пробам нешто,зашто ќе се изедов од нервоза.Значи ја мијам пример денес,веќе утре ми е мрсна,као кило зејтин да имам истурено на коса.Кога не е во ред косата,и да се облечам во најубавото и најмаркираното, се осеќам како идиот.И така јас си ја измив во понеделникот на сабајле и ја фатив во лабава пунџа,во вторникот ја ангажирав мајка ми да ми фати плетенка од почеток до крај.Денес ја пуштив и малце се познава дека ми е мрсна,ама ептен малце ,така да утре ќе ја мијам.Колку повеќе косата седи во опавче или плетенка не се мрси,колку повеќе ја чепкам и ја пуштам како брилијант да го рекламирам.
    Од сега вака ќе практикувам за да ја научам па после ќе видиме :)
     
  12. a7-Femina

    a7-Femina Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    20
    Мислам дека треба да бидам среќна што немам мрсна коса.Другарка ми има но и е и многу густа па токму затоа не користи некој дополнителни сретства. Ја мие двапати неделно ,со шампон се разбира.Првиот ден по миењето ја носи пуштена а потоа вешто плете плетенки и оформува убави пунџи :)
     
  13. Tina-Melody

    Tina-Melody Активен член

    Се зачлени на:
    17 април 2014
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    13
    Мојата беше порано мислам дека е подобро да ја миеш почесто (не секој ден) , да ти биде пуштена и пробај да ја миеш со Wash&Go, мене тоа ми помага .. :D :)
     
  14. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.107
    Јас на момент го најдов спасот, ама не можев да продолжам.
    Прочитав прекрасни критики за Lush солидните шампони, и кога видов дека имаат за против мрсна коса, веднаш си го купив. Шампонот беше навистина прекрасен, се што сакате да дознаете за него и различните видови одете во темата за Lush, јас ќе зборувам конкретно за тој што го користев односно Jumping Juniper.
    Првите неколку миења беа ок, ми требаше време да се навикнам на шампонот. Потоа некое време почна да се гледа ефектот на шампонот, веќе трет ден - косата се уште не е мрсна! Халелуја го најдов одговорот! Но, тогаш почнаа проблемите, прво не знам дали тоа беше поради неубаво миење на косата од моја страна, но неколку миења по ред косата ми беше убаво измиена и сува на корените, но на средина ми беше мрсна т.е. ко не измиена. Ова траеше неколку миења, ама некако ми се стабилизира косата и повторно имав мрсна-free коса. Ама, како што поминуваше времето, нивото на првут драстично ми се зголеми. Сфаќам дека шампонот беше за против мрснотија и дека ќе го исуши коренот, но јас имав огромни делчиња првут кои се гледаа од километар. Можете да замислите колку се разочарав, конечно немав мрсна коса, ама пак закачив првут.
    Се откажав од шампонот, се вратив на Wash&Go, и ми се исчисти првутот, но еве пак ми е мрсна после 2 дена...
     
    На ivancekitty му/ѝ се допаѓа ова.
  15. a7-Femina

    a7-Femina Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    20
    Мислите ли дека мрсната коса е тешка за чешлање?

    ~Прашање за оние со мрсна коса... :)
     
  16. goldy87

    goldy87 Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    1
    јас со мрсен корен (нормално исушен од преагресивните шампони а суви краеви) ја миев и сеуште ја мијам на 3 дена косата, порано на секој 2, полека гледам дека ми се навикнува на шампоните за сува коса и се одложува миењето... е сега зависи гледам од кокос ми фаќа перут брзо и ме чеша, а моментално користам шампон од макадамово уље на субрина, како друга алтернатива планирам да видам дали ќе ми одговара и од garnier ultra doux кајсија и бадем за сува коса...не се осудувам да пробувам со garnier fructis ми се мрсеше многу косата, а имам слушнато дека на некого и му помпгнало пред миење да ја масира целата коса со маслиново уље, па може вреди и тоа да се проба!
     
  17. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Јас го користев неколку години Wash&Go против првут- не дека имам али тој мајка ми го купуваше и во последниве месеци почна ненормално да ми ја мрси косава. Ајде го сменив со Шаума плавиот за средно до многу мрсна коса и после некако имаше бар некаков ефект т.е вториот ден да не е многу замрсена но доволно за да измие оти третиот ден зејтин ќе биде залепена. И мајка ми зела го сменила пак купила Wash&Go и секој ден ми треба да ја мијам. Вчера ја измив косата, денес мрсна со срамови отидов во школо едвај пошто се успав :tmi:
    Ајде сега само што ово Шаума го земав да викам каков е, нов е за мрсен корен и суви врвови па ќе видиме како се покаже :(
     

    Прикачени фајлови:

  18. goldy87

    goldy87 Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    1
    какви резултати има од шампонот schauma fresh it up за мрсен корен а суви врвови? јас гледав и еден детски шаума со пх неутрален без сулфат, но прво ме интересира дали овој е добар се мислев по кој да идам.......
     
  19. vivi.davvero

    vivi.davvero Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2014
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    24
    Девојки, откако ќе ја измиете косата најобично смотајте ја во пешкир. ( како што сите правиме )

    Откако ќе се упие вишокот вода, нанесете пена за коса ( јас ставам тафт ) по целата должина на косата и втријте во темето. Кога ќе фенирате ќе приметите дека косата е посува и полесно се обликува и држи повеќе волумен. Пробајте, видете. Јас ова секое миење си го практикувам и косата не се мрси толку, а и јас ја имам истата мака. :tmi: позз :*
     
  20. Tikvice

    Tikvice Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    250
    Пол:
    Женски
    Косата ја мијам на 3-4 дена,никогас претходно не ми била мрсна,но во последно време веќе на 4 ден ми е мрсна, и нечиста како првут малце да имам,иначе си користам schauma веќе со години,само не еден ист си ги менувам,ме интересира од сто мозе да се појави. :?: