Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мрсна коса

Дискусија во 'Коса' започната од Melodi, 20 ноември 2009.

  1. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Срценце како се покажа шампонот каков е? :$
     
  2. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.652
    Допаѓања:
    10.926
    Пол:
    Женски
    Јас маска ставам на секое миење на косата, претходно ја миев два пати со шампон па ставав на крај маска, сега првиот пат шампон, па маска и на крај пак шампон , вака помалку ми се мрси косата :)
     
  3. motavator

    motavator Нов член

    Се зачлени на:
    4 мај 2014
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    0
    Ја мијам на 2 дена некогаш и на 3 дена ја оставам ако ми е малку мрсна ставам од како сув шампон што е.
     
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.998
    Допаѓања:
    81.337
    Пол:
    Женски
    Па нормално е тоа, мене ми се појавува мрсен првут на вториот ден, понекогаш ако издржи три и на третиот, а кога ќе ја измијам си е нормална и чиста.
    Самиот скалп си бара освежување, не е ништо страшно.
     
    На Tikvice му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sheficata46

    sheficata46 Активен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2014
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    4
    И јас имам мрсна коса. Но кај мене е малку поразлишно бидејќи ја мијам на 3 дена. Првиот ден ми е супер, вториот ден почнува да се прекршува, а третиот е понекогаш навистина мрсна и ја врзувам во репче. Мислам дека не е во ред косата да се мие со шампон секојдневно. Посоветувајте се со фризер или некој кој е специјалист на оваа тема.
    Поздраввв :D
     
  6. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Причините поради кои ви се мрси косата може да бидат различни, од хормонално нарушување, стрес, па и често чешлање на косата. Исто така, косата може дополнително да ја мрсите ако постојано ја допирате со рацете, кога е голема влага или ако се храните нездраво.

    Кога ја миете косата секој ден, ја влошувате работата бидејќи шампоните уште повеќе ги иритираат скалпот и косата, што доведува до уште поголемо лачење на лојните жлезди. Затоа, прво треба да појдете од самото миење на косата.
    Задолжително користете шампон што е наменет за мрсна коса или за волумен.
    Кога ја измивате косата, водата нека биде млака бидејќи премногу топлата вода го зголемува мрсењето на косата.
    Фризурата исто така влијае на степенот на мрсење на косата. Шишките можеби во оваа ситуација и не се добар избор бидејќи на нив веднаш се познаваат првите знаци на мрсење.
    Ако можете, носете ја косата врзана во опавче или колку повеќе можете тргнете ја од лицето за помалку да се мрси.
     
  7. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    и јас имам мрсна коса :D
     
  8. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    Кога ми е ептен мрсна,а немам време да ја измијам,употребувам влажни марамчиња.
    Или пак,една другарка бидејќи има руса коса,кога и е мрсна става бебешка пудра.
    За да се помини денот,делува.

    :)
     
  9. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Косата почна ПРЕчесто да ми се мрси. Пр. ја мијам во сабота, во понеделник треба пак да ја мијам бидејќи веќе ми е мрсна.
    Кажувајте чаре.. :(
     
  10. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    :o Ти тоа го нарекуваш мрсна коса? Јас да ја измијам во сабота сабајле, вечерта пак ќе треба да ја мијам :D така да , уживај :lol:
     
  11. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    601
    E тоа за пудрата имам видено дека и една моја другака става...Сеа чим го стават сигурно помага.И мене ми се мрси ама со 2 пати неделно миење супер е :)
     
  12. SmileOnMyFace

    SmileOnMyFace Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2014
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Јас го користам оној шампонот на Субрина Рецепт за мрсна коса. И можам да кажам дека е предобар, а го користам речиси еден месец. Косава ја мијам отприлика два, ретко три пати во неделата. Лекот против мрсна коса е во тоа многу често да не се мие косата, така само ќе ја влошите ситуацијата и се разбира квалитетен шампон. Ако е на природна база уште подобро ;)
     
  13. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    А гарниер фруктис го има користено некој ?
     
  14. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    Ја мислам дека треба на почеток на темава да се напише што се подразбира под мрсна коса... Мислам читам тука ми се мрси и ја мијам два пати неделно.... Ват д фак. Мрсна коса е коса што е толку мрсна што мора да се мие секој ден. Јас ја мијам мојата коса секој втор ден и не ја сметам за мрсна, затоа што можам да ја оставам и до трет ден и да изгледа ок, ама одвратно ми е. Ја не знам како можете да ја миете косата еднаш неделно.... За два пати ајде некако ама еднаш?! Гнаси сте најискрено.
    Инаку јас го користам Елсев розевиот, ја прави многу лесна косата, пријатно чувство дава. Колку помага за мрсна коса не знам бидејќи секако ја мијам и да не ми е многу мрсна.
    Тоа со пудрата го имам пробано еднаш, факт е дека изгледа поволуминозна косата ама јас не го можам мирисот на бебешка пудра така да не би ставила пак.
     
    На drugarka, anggell, koritsaki и 2 други им се допаѓа ова.
  15. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.619
    Допаѓања:
    106.572
    Пол:
    Женски

    Јас има м мрсна коса и сега го користам шампонов ,маската и серумот презадоволна сум,не ми се мрси многу косата од шампонов, ви ги препорачувам

    [​IMG]
     
  16. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Сериозно со коментаров? Мислам... не, не мислам ништо туку пак ќе прашам, сериозно?
    Оние кои ја мијат еднаш неделно веројатно се свесни за тоа и сигурно не се шетаат со мрсна коса, ниту пак ненегувана иако им е оставена една недела. Прашај било кој сакаш и ќе ти одговори дека не е добро да се мие косата многу често и да - под често се подразбира секој ден или преку еден ден. Сепак е премногу. Но не се јави ниту еден од оние кои „ја мијат косата еднаш неделно“ да ти судат тебе. Зошто? Па можеби зошто тебе никој не ти суди за твоите навики.
    Ако оние кои ја мијат косата еднаш неделно имаат рутина која им овозможува да ја одржат косата толку толго време (а притоа таа рутина да НЕ вклучува пудра), тогаш е сосема во ред.

    И искрено, јас сум посогласна со тоа да шетаат со косата миена еднаш неделно отколку со мрсна и да ја мијат секој ден и со тоа да си го влошуваат проблемот.

    P. S. Не подразбирам исклучиво еднаш неделно туку така е спомнато.
     
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.998
    Допаѓања:
    81.337
    Пол:
    Женски
    Јас го имам користено Фруктис зелениот од поодамна. Бев задоволна, но по одредено време почна да ми прави првут и го баталив. :|
    Најдобар од Гарниер ми се покажа оној со зелена глина и лимон. Косата ми издржуваше свежа до третиот ден. :)
     
  18. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    ^ Користењето на шампоните, и општо земено сите средства за одржување на личната хигиена претставуваат само навика.

    Па така, ако некој навикнал да ја мие косата секој втор ден, што не значи нужно дека таа коса е мрсна, не може да разбере како е да се "шеташ" со коса измиена пред една недела.
    И јас го разбирам тоа, и јас ја имам истата навика. Навистина не е здраво за косата (да не должам со причините) да ја миеш секој ден, или секој втор, но доколку навистина косата не се масти, барем два пати во неделата, е сосема во ред.

    Е сега, под мрсна коса јас подразбирам коса, која измиена преку ден, веќе наредниот кога ќе станеш од спиење, повторно да е мрсна. Точно е дека со претерана хигиена и штетиш на косата, но, некои луѓе едноставно имаат мрсна кожа и коса, а тоа не е предизвикано од хемикалиите кои ги користат, туку во прашање се некои други работи.

    Па така, не станува збор дали некој, некому суди, туку едноставно муабетот оди од крајност во крајост- миење на косата еднаш неделно и секој ден. :)
     
    На poenta му/ѝ се допаѓа ова.
  19. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    3.480
    Ако некој ја мие косата 1 неделно не значи дека цела недела се шета со мрсна коса до врвовите (иако има и такви). На некои девојки до 1 недела косата им останува без да им се измрси.
    И мене ми се случува да ја измијам на 5 дена, затоа што тогаш почнала да ми се мрси.
    Косата не се мие само ако ти се измрси може и да се смириса па тогаш треба да се измие не значи дека треба да се чека измрси за да се измие, мислам ова сите го знаете :)
     
    На poenta и OmniaVanitas им се допаѓа ова.
  20. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    А ти сериозно не си свесна што се има надвор низ воздухов?? И ти со таа прљава коса ќе спиеш на иста перница цела недела?? Не е фората само дали е мрсна, фората што секако после 3-4 дена немиење ти имаш у коса триста гадурии.
     
    На drugarka, Daydream и rainlover им се допаѓа ова.