абе луѓе и да не ви е мрсна косата гадно е еднаш неделно да се мие...знам случај каде што една жена има сува коса, и се радува зашто ретко ја миела а не сфаќа дека косата многу лошо и мириса, без разлика што не и е мрсна. Aко не ви се мрси барем на 3 дена мијте ја, каде не одиме, се иде во косата, се прља и таа, не е хигиенски воопшто
Значи штотуку ја измив косата и како мрсна ми е , не може ни да се обликува ни ништо. Немам зборови значи уф
Стварно таквите коментари се сувишни ама ајде. Туку јас имам еден проблем. Има многу знам,кои би можеле да ми одговорат доколку имале такво искуство.. Кога бев во пубертет, имаше период кога косата ми мирисаше дури дента кога ми е измиена после некое време.. Ама пубертет нели.. Исто ми се случува сега, го немаше тоа долго време, да ја измијам косата и после некој саат да почне да мириса чудно. Не е до шампон, променив 2-3 да видам разлика ама јок. Не знам до што може да е. Не практикувам пречесто миење секој ден, на 3 дена ја мијам, ама и да ја мијам секој ден, пак го има тој чуден, неубав мирис. До што може да е?
Феминки има едни шампон на Авон , едниот е со жолчка и квасец, а другиот е со црна репка и кедер. Дали некој има некакво искуство со нив , во врска со мрсна коса? Дали помагаат???? И кој од двата е подобар
Го зедов Бекутан од камилица за нијанса малку ми е подобра косата, ама сепак пак не е како што сакам. Демек нежни шампони се препорачуват за мрсна коса, но кај мене дефинтвно ништо не помага. Ќе пишам понатаму ако има некое подобрување од шампонов бидејќи два пати досега се имам само измијано.
А добро што вас ви менува дали некој ќе ја мие косата на 1 ден, недела дена, или месец дена. Можеби е гадно ама не ја носите вие таа коса.. Секој си прави како него му одговара.
^ Епа ако некој не сака да послуша совет и си прави како што сака, што мајка бара да пишува и кука тука и да бара совети?
Косата ми се мрсеше секој ден, а некогаш дури и веднаш после миењето беше мрсна. Веќе еден месец го користам Palmolive од нане и бела коприва за мрсна коса што е и има ефект. Сега косата ја мијам 2 пати неделно и ми е доволно.
Никој нема право да навредува тука,значи познавам девојки увек скоцкани си одат во недела на фризер си ја фенираат и си ја носат цела недела ако им се измрси при крајот на неделата ја врзуваат во реп и пак изгледаат закон. Незнам што е проблемот во тоа ако ја измиеш еднаш неделно ако не ти пречи и ако имаш сува коса... Најчесто причина за брзото мрсење се шампоните но ова се препорачува и тие што го немаат овој проблем да го пробаат бидејќи на косата минимум еднаш месечно и треба убаво и длабинско миење: Во брезов шампон или некој кој што го имате било каков да не е само некоја чкљ марка ке ставите сода бикербона и ќе ја измиете косата. Многу помага а содата темелно ќе ви ја ичисти косата од сите нечистотии.
Јас го имам пробано тој шампон......неуспешно..... Мене не ми одговараше, многу ми ја заплеткуваше косата и добив првут од тој шампон
Многу често ми се мрсеше пред тоа. Но, еве веќе 2 месеци го користам шампонот Orzene. Косата почнува да ми се мрси после 4 ден од миење. Ви го препорачувам. Спојлер
Земи копривен шампон од Илирија Да напоменам,имај трпение ,не очекувај да ја измиеш косата и повеќе да не ти се измрси одма .Барем искористи едно шишенце и очекувај косата да ти се опоравува. Исто така избегнувај да ја миеш пречесто во текот на неделата . Направи си како за почеток еден шаблон ,да тоа биде 3 пати во неделата пр. недела ,среда.петок ... па кога ќе почувствуваш промени намали на 2 пати неделно. Добар е шампонов за мрсна коса бидејќи ја прави посува. Мене до пред 2 години ми се мрсеше косата премногу,таман ќе ја измиев и таа пак мрсна и со ниеден шампон спас не видов. Но,како и да е пубертетот исто така игра голема улога особено ако си во најинтензивниот период.Не грижи се и тоа ќе пројде
Имам една другарка на која косата и е сува и ја мие еднаш до двапати неделно но секогаш кога ке ја видам, косата и изгледа како да и е миена истиот ден. Мене ми се масти косата на коренот многу и затоа морам да ја мијам секој втор ден. Се обидувам да избегнувам да ја мијам секој ден, бидејки имам слушнато дека колку почесто ја миеш косата толку повеке ке ти се масти а и навистина е така . Секој има различен тип на коса и за секој е различно. Колку ти се масти косата зависи од тоа и каков шампон користиш, а и се препорачува да не се менуваат шампоните многу често, бидејки и тоа може да предизвика косата да се масти а воедно предизвикува и првут во некои случаеви. Неможеш да го знаеш ефектот на шампонот ако не го користиш барем еден месец .