Јас го користев и истото го имам приметено како тебе....Косата стварно ја прави убава ама многу брзо ми се мрсеше од него, сабајле ја измијам и до вечер ми е мрсна. :geek: Ми кажаа за еден шампон многу убав бил на база на пиво..само не знам како се викаше. Знае некој?
Шампонот се вика Орзене тој на база на пиво,јас го користев тој за мрсна коса,ама ништо не ми помогна,дури побрзо од вообичаено ми се мрсеше.
на сите што имаат мрсна коса им препорачувам да не користат никакви хемиски шампони,креми итн итн..Да си направат маски на природна база.еве неколку : Маска од банана. Истолчете една банана, додадете едно јајце, 3 супени лажици мед, 3 супени лажици млеко и 5 супени лажици маслиново масло. Внимавајте смесата убаво да се соедини и нанесете ја на косата. Оставете да дејствува 10 до 15 минути и измијте ја со лесен шампон. Маска од јогурт. Со миксер, изматете една белка од јајце. Во текот на матењето додајте 6 лажици јогурт. Смесата нанесете ја од коренот до врвовите. Убаво масирајте и оставете да дејствува 30-ина минути. Измијте ја косата со благ шампон. Сварете 2 - 3 моркови и убаво испасирајте ги. Смесата нанесете ја на косата и оставете ја 15 минути. Потоа измијте ја убаво со шампон и вода.
Да се мие косата најмногу 2 пати неделно -тоа помага сигурно и на мене многу ми се мрсеше секој втор ден ја миев ставав шампони за мрсна коса , регенератори незнам што не и џабе. Промена забележав дури кога почнав поретко да ја мијам
Сакам да ве прашам колку брзо ви се мрси косата, зашто мене многу брзо ми се мрси. Кога ќе се избањам веќе следниот ден ми е мрсна, ретко кога имам среќа да не ми се измрси толку брзо. Знаете некое чаре за ова?
И јас го имам истиот проблем, си купив шампон со хмељ за мрсна коса па ќе видиме дали конечно ќе има реултати
Јас сега купив од Авон Advance Techniques - сино, и субрина и шампон. Некако е подобро со ова и + мнооогу убаво мириса, дури и од далеку се осеќа миризбата. Вчера стојам со еден другар во автобус и нешто ја тргнав косата наназад и ми вика: „Лелее, со што ја миеш косата. Преубаво ти мириса.“
Косата најмногу се мрси од пречесто миење но и од поголема количина на шампон. Имав долга коса до половината и никогаш не ја носев врзана во репче. Кога излегував косата мораше да ми биде тазе измиена и да мириса на шампон, па така и почна бргу да се мрси и едно време морав да ја мијам секој ден, дури од утро до вечер се мрсеше. Фризерката ми препорача да не ја мијам толку често и да не ставам по толку многу шампон. Ми беше преку глава од миење, а фен не користам и решив да не ја мијам. Замислете, издржав 3 дена првиот пат, главате почна да ме чеша, беше претерано мрсна, што морав да ја врзувам во репче. После се понавикнав и ја миев на 4-5 па дури и 6 дена. На крајот мојата жртва се исплатеше и сега ја мијам на четвртиот или петиот ден, а косата не се мрси до третиот ден си е супер, после по малку се познава. Колку и да ви изгледа неубаво мрсна коса, пробајте како мене, треба да ви успее. Имам другар што косата обавезно ја мие 2 пати на ден, некогаш и трипати, инаку му е како со зејтин полиена.
Долго време користев Нивеа (против мрсна коса)и ја миев преку еден ден,но некако како да ми се презасити косата од шампонот па морав секој ден да ја мијам затоа што ми беше катастрофа......и сега еве ја мијам секој ден а имам пробано секакви шампони (лореал,орзене,фруктис)и ништо повторно се мрси и се мрси
јас го имам иститот шампон и го користев но немаше никакви резултата мозеби треба подолго време да се користи па ке се видат некакви резултати сега почанв па да го користам па ке видам како ќе делува и какви резултати ќе има.Еден ден ќе се решам и ќе си направам маска за коса ама од природна база да видам што ќе излезе
Се согласувам со томчиа ... Лекот е само поретко миење на косата и не три кила шампон при секое миење.. мора да се издржи ... Плус сега на ова време побрзо се мрси од самата влага,воздухот.. Потрудете се да не ја миете често ако ја миете секој ден .. и да користите не знам колку скап шампон пак ке ви се мрси.
i jas imav mrsna kosa i izdrzav ja miev sekoj 3 den no so sampon od breza od afrodita toj e za mrsna kosa i prvut i vistina pomaga pa ke prodolzam da go coristam oti sum mnogu zadovolna probajte mislam deka ke ima rezultat. [mod-kirilica:3fnt8wok][/mod-kirilica:3fnt8wok]
Не би ви ја препорачала маскава ! Летово ја направив и ја ставив на коса,не можеше да се измие. 3 пати со шампонот премив,нејќеа бананите да си одат од косата. После со чешлот извадив едвај.А не бананите ги пасирав,пази ! И пак нејкеа.
пробав се усте ова со бананиве ама сеа една вика вака друга вика немој и сеа сто?ај ¨ќе пробам за проба не се плаќа посто смаЧено ми е пробав се и пак ми е мрсна не секој трет ден ја секој втор ја мијам и бадијала
Ставај бебешка пудра ќе ја намали маснотијата, и 4-5 дена не ја миј косата со тек на времето ќе ти се навикне кожата на главата да не излачува толку себум а добра идеја е и DRY shampoo ама незнам дали го има во Македонија гледав на еден туторијал косата може и една недела да не ја миеш а нема да ти биде мрсна (тоа не од нехигиена туку за намалување на мастењето на косата ) прашај во аптеките дали има шампон во прав без плакнење или некој ако има информации за чудово или ако користи нека каже .поздрав
Јас не можам да издржам со немиена коса повеќе од 2 дена... Почнува да ме чеша ужасно многу... А тоа за шампонот - мене цел шампон ми иде при едно миење. Ич не сум економична во тој поглед.
мрсна коса мене ми се мрсеше косата ама ја користам wash and go и genera - REGENERANTE E FORTIFICANTE само што е зелена по боја .. ги користам двете работи и не ми се мрси косата и поубаво се чешла ..
www.sarmafairness.com/378.JPG[/img] genera - REGENERANTE E FORTIFICANTE ги користев и зелена и црвена и портокалова бадијала
јас имам пробано ампули од КЕРАМИНЕ за масна коса со тенко и кршливо влакно и стварно се ефикасни, а од истата фирма има и шампон за ектремно масна коса што мн го фалат.