Слушнав за Dry Hair Shampoo, што имате да кажете за тоа, искуства? Јас сакам да земам таков во вид на спреј за кога ќе ми се измрси косата да ја исшприцам и прочешлам. Дали може да се оштети косата од тоа? Може да предизвика опаѓање на косата?
не нема оштетување само овде кај нас немам видено а во Германија има и тоа мн ефтино само 1 евро и косата навистина е како миена има и волумен и се
Има ви космо на гош и некои други. Исто има и во дм- два вида, едниот е појак, другиот послаб. Можеш на еден ден да го одложиш миењето на косата, повеќе не.
Има и една пудра, Тафт. Нанесуваш на корените, прочешлуваш или масираш и замаскирани се деловите кои почнале да се мрсат. Исто е како да си попрскала бебешка пудра, дури мислам дека со пудра е и поефикасно. Можеш да пробаш и така, го одложува миењето само на еден ден.
Спрејот во плава боја е појакиот и кога ќе нанесеш само протреси ја косата и како миена е. Др.е со зелена боја и тој е послаб ама врши работа. Околу 150 мкд се. На балеа се, еден до друг стојат во дм. Тој на гош е околу 200-220 мкд и е најдобар ама помало е пакувањето. Не смееш два дена еден по друг да ставаш.
Да не мислиш на зеленото пакување што е за волумен или ова е нешто друго? Сакав да ја купам за некогаш кога ќе ми се сплеска на влажно време ама да не ја прави многу тестеста ми е шубе Инаку овие шампониве за суво „миење“ само ја маскираат мрсната коса. Не е дека се штетни, но со оглед на тоа што содржат доста пудра ако стојат повеќе од еден ден најверојатно би се затвориле порите и можно е да се јават некои брунчиња и чешања.
Бидејќи веќе стварно не знаев каков шампон да купам, зошто еден ден ми е мрсна косата, еден ден, сува, друг ден безживотна... Се решив да пробам некој од детските шампони. Мислејќи да купам некој од Head and sholders завршив со детско шампонче на Бекутан. Еве сега ја измив и косата е толку нежна, свиленкаста, се расчешла за пола минута а не ставив маска, мириса преубаво и прави мнооогу пена... Само ќе видам колку дена нема да ми биде мрсна косава. И не е скап, 89 денари е, 200 мл. Следен кој сакам да го пробам е тој од камилица: или пак овој: Ама мислам дека ќе биде тој од камилица.
Да, тоа е тоа што го зборев. Исто е како да си нанела бебешка пудра, ја освежува косата и со тоа привидно дава некаков волумен, ама да направи чудо, се сомневам. Јас не би ризикувала на влажен воздух при ваквото време, шубе ми е и мене да не ми стане за никаде.
Здраво женски, Прочитав наназад дека некои од вас го купиле шампонот за мрсен корен суви врвови од Шаума (розевиот), ама никој не пишал каков ефект има? Се мислам дали да го купам па ми треба некое ревју фала
Леле колку ти е убава косата, со Брилијант ли ја миеш... Шала на страна, само свински сапун е лекот за мрсна коса!
Хахахаха свински сапун и можеш слободно да вршиш екстракција на масло од коса после за индустриски цели Откако почнав да ја фарбам помалку ми се мрси..не знам дали е тоа некако поврзано..
Хахахаха... свински сапун и после тоа на глава - рафинерија за зејтин.. него да ти кажам, ќе да е поврзано, и јас откога ја исфарбав не ми се мрси толку, шо знам
Да да и онака е покрута косата .. само нормално мораш сеа да ја оддржуваш здрава ради хидрогенот и слично...колку е добро толку е и штетно
Многу е убав шампонот, јас секогаш користев онакви наменети за мрсна коса, но премногу ми ги сушеа врвовите. Со овој не е така. Многу убаво мириса и косата ја прави лесна за обликување и свиленкаста. Го користам заедно со регенераторот. Не знам дали пишав тука или преку ЛП низ муабет со некоја од девојките, но навистина сум задоволна од шампонот. Во однос на мрсењето, зависи кога како - понекогаш коса мијам на 4, понекогаш на 3 дена. И покрај тоа, задоволна сум многу.
Јас го користам истиот бидејќи имам суви врвови од фарбањето и расветани и изгорени и ужасни се (лекот е шишање знам само се токмам уште да отидам) и највеќе ми е заради мрсниот корен. Значи не знам веќе што да правам со косава, не знам. Значи денес ако ја измијам, утре коренот мрсен ќе ми е и ќе морам да ја измијам зашто задутре пола коса лом мрсна ќе ми е а имам мн долга коса до половина а мн тенка, слаба. Не знам више кој шампон да го пробам, што викате вие, што ви помиогнало?? Шампонов многу го сакам, мн убаво мириса, и океј ми е косата, но и со претходните шампони беше вака, не верувам дека е до шампонот туку до косата нешто Барав и Нивеа, и Гарниер, Хед енд шолдерс, никаде не најдов за мрсна коса. Го користев и обичнион од коприва ништо, Вош анд гоу исто и не знам више ...
Mу дадов втора шанса на Орзен за мрсна коса ама мене ич не ми одговара, мислам дека со него уште толку ми се мрси косата а врвовите ми се ептен суви, не знам веќе кој шампон да го пробам за мрсна коса, очигледно треба да се помирам дека таква ми е косата .
^ Пробај го оној на Афродита со лук. Не мириса на лук, има преубав мирис и многу ја прави лесна косата. Само, обавезно регенератор или маска на врвовите зашто ако ти се склони кон пукање можно е побрзо да ти расцветаат. Штом јас намалив на два пати миење неделно, многу ретко три пати, значи одлично си ја врши работата. Не е скап, а периодов како што самата коса природно повеќе опаѓа - двојна придобивка е.
Освен косата која ни е таква каква што е, многу зависи и водата со која ја миеме. Еве на пример во мојот град, пред некој ден зборувам со личност која не живее во Мк и ми вели кога сум тука ми се мрси секој ден, а кога сум дома и една недела да не ја измијам не се мрси. Јас досега не сум приметила затоа што кога не сум дома, сум на одмор а таму секој ден ја мијам па не можам да приметам некоја разлика, ама штом луѓето се жалат, значи има нешто .