Водата е многу битна.На секој тип коса не одговара секоја вода според составот.Јас го имам овој проблем со тврдата вода.Изгледот на косата веднаш се менува со промена на водата.
Имам проблем со мрсна коса. Сменив повеќе шампони: - Head and Shoulders - Palmolive - Teo Botanical - Garnier Ultra Doux - Schauma Fresh It Up (моментално го користам) и постојано истиот резултат. Ја мијам косата навечер. Следниот ден е во ред, не е мрсна. Но, веќе вториот ден, уште во утрото почнува да се мрси и до вечер е веќе зејтин. Се мислам дали пак да се вратам на head and shoulders.
На сите ви препорачувам,покрај шампонот за мрсна коса што ќе го одберете,да го купите и овој лосион> http://ts4.mm.bing.net/th?id=HN.6079940 ... d=15.1&P=0 ,не е скап,а дава добри резултати.
Леле луѓе, помагајте Вчера вечер ја миев косата, и веќе утрово ми беше измрсена Вечерва, ми е скроз зејтин и треба пак да ја мијам А најлошо е тоа што смрди, на како да кажам.. Нешто мрсно Пробав со секакви шампони, нема никаков ефект.. Дај дајте некој бабин лек, или пратете либк каде има напишано, ме мрзи да барам
после секое миење косата поминува ја со ладна вода и пробај неколку пати да не ставаш маски/балзами и такви работи па види дали ке ти успее и помалку да ја фаќаш со раце и да не ти се допира до ллицето зошто така се мрси мн побрзо
^ За фаќањето на косата со раце и со допирањето на лицето се сложувам. Јас имам мрсна кожа на челото и секогаш косата ја тргам настрана. Ретко ја допирам со раце на коренот, инаку постојано си играм со врвовите. А, за ладната вода, пробав неколку пати, и немаше никаков резултат.
Јас користев Wash&Go, косата ми се мрсеше на секој 3 ден, цело лето земав Felce Azzurra, и ненормално косата ја прави по густа и мека, и немам мака со мрснотијата. Само мирисот е многу јак и неподнослив и трае се до наредното миење.
Неколку пати се обидував да ја освежам косата со бебешка пудра, ама не ми успева. И незнам што друго да правам. На јутуб многу ги фалат Batiste Dry Shampoo, ама ги нема кај нас.
Ај да појаснам Тоа е сапун од катран, е сега има јака миризба,ама многу помага за мрсна коса. Јас се миев прво со него, прави и доста пена, па после него еднаш ставав шампон и после ми се среди косата, не ми се мрсеше толку. А пред тоа сто шампони сменав, џабе беше.
Јас веќе навистина не знам што да правам со мојава коса. Ја мијам косата навечер, следниот ден е убава, но веќе вториот ден е мрсна. Веќе ни розевиот шампон на Шаума, Fresh it Up, не помага.
Убав ефект на косата и скалпот особено ако е масна или има перут има испирање со вода во која сте додале јаболков оцет, косата се мие и нели после плакнењето со шампон се испира со едно шише млака вода во кое сте додале 2-3 лаж. јаболков оцет. (Мирисот набрзо испарува).
Девојкии Ова со миење со ладна вода на крај, ми помогна Еве, веќе трет ден, а косата сеуште не ми е измрсена
Знаете јас што имам сфатено? Да не се менуваат шампоните ко чорапи, зашто тоа влијае на мрсењето, заедно со фаќанје на косата. Бар така беше кај мене. И дефинитивно ПОРЕТКО миење. Во мојата глава си го објаснив тоа како тренинг на косата. Првиот пат кога ќе пробате ќе ви биде одвратна, али следниот пат нема да ви се измрси одма. Така некој период и ќе стигнете до миење на една недела. Маслата ќе си се распоредат сами и косата ќе се навикне дека нема миење секој ден. До ова просветлување дојдов случајно, имаше период кога не искачав од дома и немаше потреба од миење на коса, постојано ми беше врзана, али после пак стара песна кога почнав да одам мегуу луѓе. Јас ќе пробам пак да ја вратам во нормала косава али пробајте и вие зашто мислам дека ќе делува кај сите нас
Го купив сапунот и ќе го пробам па да видам дали и кај мене ќе има ефект. Инаку на породилно сум и пробав да ја тренирам косата ( да не ја мијам подолго оти не одев никаде) и ја чував неколку пати по 5-6 дена, стана мрсна до крај, нервозна бев, ме чешаше, оти претходно ја миев преку еден ден ама немаше ефект, само си направив ранички од чешање. Значи од се најмногу си ја мразам мрсната коса, само денот кога ја мијам е ок.
Јас порано исто имав мноооооогу мрсна коса. абајле ќе ја измијам, до вечер се измрсила. И по препорака на фризерот, почнав да ја мијам поретко. И само тоа е решение. Е ве leona83 ти си дома со мало бебе, имаш шанса да ја средиш. Прво прескокнував по еден ден, па после месец дена по два дена, и сега ако ви се верува ја мијам во недела пример и до петок ми е нормална. Во сабота веќе фаќа малку мрсно, недела е хаос. Ама сепак еднаш до два пати неделно си ја мијам косата, и тоа природна ми е, и не е фарбана.. Инаку не е нормално секој ден, миј и одма лом косата.
А каде може да се купи овој сапун??? Ајде да пробам и со него, зошто навистина не се издржува со оваа мрсноија....Сабајле ја мијам, до вечер веќе е мрсна. Кога бев на породилно сум ја оставала и по 4 дена не миена ама нисто и тоа не помага....