Убав совет. Јас секој втор ден ја мијам. Првиот ден е чиста, ама вториот ден едвај чекам да дојдам дома и да ја измијам. Инаку, мрсна коса многу лошо влијае на самодовербата.
пробајте го шампонот со бреза на афродита јас го купив пред некој ден само еднаш ја миев и има резултати
http://www.iherb.com/Mane-n-Tail-An...=0&lc=en-US&w=mane 'n tail&rc=26&sr=null&ic=2 Случајно видов дека овој шампон го има на iherb.com па можете да си го нарачате бидејќи е мн поефтин
Престана да ми се мрси косата од Бекутан пудра ама пуста навика, секое утро станувам и се капам цела. Имам чувство на нечистотија на косава кога имам пудра. Не знам дали и вас ви е така ама како тесто да имам на главава.
Би ти препорачала да користиш природни препарати што се на база на кератин или арган Ова ќе ви помогне да го задржите влакното од косата цврсто, а воедно ќе помогне и да се спречи опаѓањето на коста ! Проверено
Фала Богу немам проблеми со мрсна коса, иако периодично и мене ми се случува да ми се уништи косата, слаба да ми стане, мрсна и да ми паѓа. Тогаш користам Субрина Рецепт, шампон и лосион. Лосионот особено го препорачувам против опаѓање.
Јас пробав шампон од бреза,но почна многу да ми паѓа косата после првото миење,едвај ја стабилизирав. Денес го земав овој шампонот на тео,па да прашам дали некоја феминка го користела и дали има некој ефект??
Јас го користам! Убав е. Со овој шампон косата ми се мрси на 2-3 ден, но мене од секој шампон ми е така, па сега ти види. Мирисот не се чувствува долго време.
Сакам да прашам нешто. Дали има разлика ако спиеш со фаната коса или со пуштена? Ако спиеш со фаната помалце ти се мрси или нема врска?
Znaci kako se nerviram nisto ne pomaga pa i plus vlazen vozduhot cadoj toa e plus nemozam denes izmija utre vo korenot mrsna neznam poke ni sto da koristam ni d probam pa uste i ovaj period mi paga nemozam...
лелеее главата ме чеша како вошки да имам имам мрсна коса и првут..купив шампон на афродита од бреза за мрсна коса и првут,резултат видов само првото миење но потоа пак исто..Ве молам кажете што да правам?
Нема врска. Ако ти е соберена, ја залепуваш за скалпот и така побрзо ќе ти се измрси зошто маслата доаѓаат од скалпот. Колку време го користеше? Резултат не може да даде после 3-4 миења. Совет до оние кои ја мијат многу често. За ова имам пишувано и претходно но повторно ќе го напишам..може некој ќе сака да го искористи советот. Обидете се да издржите повеќе време без да ја миете косата. Ако ја миете секојдневно, ги измивате природните масла на што реакцијата е зголемено мастење за пократок временски период. Ако ја миете секој ден, издржете барем 3-4 дена и постепено зголемувајте ги деновите. Начини за тоа има - врзување на косата во репче, пунџа и последниот ден и употреба на непарфимирана пудра. И периоди има кога можете да го направите ова. 2-3 викенда поминете го дома (зошто не верувам дека сакате да излегувате кога сте со таква коса иако не е важно). Ја миете во четврток, ја оставате до недела и во недела повторно. Со ова миењето е редуцирано на 2 пати неделно. Ова е пример. Не можам да правам план за секој поединечно, но ми ја сфаќате поентата А тоа што залижаните коси се во мода, ви оди и во прилог И оние „ау јас не можам да ја оставам косата толку време немиена“, „ау тоа ми е одвратно“, „па тоа е многу нехигиенски“ воопшто нека не се обидуваат да ми коментираат бидејќи одговор на тоа би ми бил - не барај совет ако се си способен да го послушаш.
мојата коса се мрси од многу пипкање бидејќи ми е долга и кога сакам да ја соберам во репче после 10 пипање косата ми е зејтин,се сплескува и изгледа грозно...хелп? Се што треба да направите кога ја подготвувате маската е да ја нанесете на косата и да ја оставите да дејствува 30-45 минути, а таа ќе направи чудо за вашата коса. Незаборавете по користењето на маската добро да ја измиете косата. МАСКА ЗА ХЕМИСКИ ТРЕТИРАНА КОСА До колку косата ви е оштетена од хемиски третирања, направете си маска од две банани, едан жолчка од јајце и една лажичка свеж лимонов сок и вашата коса повторно ќе заблеска со полн сјај. МАСКА ЗА РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА ФАРБАНА КОСА Доколку често се фарбате потребно е да користите и третмани кои вашата коса ќе ја поправат од агресивното делување на хемикалиите во фарбите. За враќање на виталноста и сјајот на вашата коса може да ви помогне маската направена од банана, две чаши папаја, една чаша млака вода и една чаша пиво. МАСКА ЗА МРСНА КОСА Доколку косата ви се мрси брзо, овој проблем можете да го решите со помош на маска, што ќе ја подготвите од една шоља сок од портокал, една чаша јогурт и една супена лажица мед. Со оваа едноставна подготовка вашата коса помалку ќе се мрси. МАСКА ПРОТИВ ОПАЃАЊЕ НА КОСАТА Измешајте едно авокадо, една супена лажица овес истолчен во прав, една супена лажица зелен чај, половина шоља млака вода. Оваа мешавина ќе ја врати јачината на вашата коса, а со тоа и помалку ќе паѓа. МАСКА ПРОТИВ ПРВУТ Доколку имате проблеми со досадниот и упорен првут, оваа маска ќе ви помогне да го решите овој проблем. Подгответе ја од две лажици сок од грозје, една лажичка сок од зелен лимон и една чаша јогурт. БЕЗЖИВОТНА КОСА БЕЗ СЈАЈ За коса на која и недостасува живост и сјај , оваа е единствена маска: Една чаша кокосово млеко, половина шоља цеден лимон, три лажици хибискус во прав и половина литар пиво. Резултатот што ќе го добиете по нанесувањето на оваа природна маска, дефинитивно ќе ве воодушеви. <--ова го најдов се надевам помогнав
Прво среди си го првутот па после грижи се за мрсната коса. Од него те чеша глава, купи си шампон Реконазол.
Еден од најдобрите медицински шампони кои јас сум ги користела. Порано се викаше Нирел сега е Нерилекс и покрај тоа што пишува против опаѓање на коса се користи за сите видови на проблеми со косата. Го има во секоја аптека на Зегин, не е скап и гарантирано помага