Devojki sakam da vi pomognam na site i da vi kazam deka botoksot za kosa e edinstveno reshenie za mrsni kosi jas sega mojata ja mijam ednas nedelno,a drugarka mi na 12 den ja izmi i voospto ne se poznavase deka e mrsna.Probajte nema da zgresite iako e malku skapo ali mislam deka vredi
jas go napraviv tri pati na dve nedeli se pravi do tri pati,mi se cini eden tretman deka bese okolu 1500den i plus mi dadoa specijalen shampon i maska za doma tie neznam kolku bea ama ne bea i tie mnogu skapi.Mislam studiovo kade sto odam jas seuste se edinstveni vo Skopje sto go rabotat botoksot,akt se vika dukjanot vo kisela voda se naogja,ako saka nekoj podetalni informacii slobodno neka mi pise.Se nadevam deka ova kje vi pomogne,zatoa sto jas i drugarka mi sme prezadovolni,zatoa sto jas stvarno go znaev problemot so mrsna kosa i makata sekoj vtor den da ja mies i stalno spleskana da ti e,ova mnogu mi pomogna iako na pocetokot bev golem skeptik
Другаркиве се фалат дека за мрсна коса многу им помогнал шампонот Сулфаре(мислам дека некои го викаат и Сулфа плус ). Првенствено го купиле поради проблеми со првут,но ете ефект има и за мрсењето на коса,го купиле од аптека,не многу скап,мислам дека бил околу 160 денари. Косата им се мрсеше веќе на втор-трет ден,а сега им се мрси дури на четврт ден,па според тоа што ми го кажуваат,а и се гледа на нив дека има ефект,мислам дека вреди да се купи,но сепак за посигурно прашајте некого ако планирате да купувате.
za mrsna kosa mn pomaga wash and go samponot bez silikoni, porano kosata mi se mrseshe vtoriot den a Sega ja mijam sekoj cetvrti den.
Вака изгледа шампонот ако на некој го интересира. Јас го имам користено иако немам проблем со претерано мрсење. Само да ве предупредам дека нема баш пријатен мирис, ама по миењето брзо се губи.
Порано ја миев косата 3 пати во неделата , веќе еден месец мош и повеќе ја мијам 2 пати неделно . Резултатот е ист. Мрсна коса која 2 дена ја врзувам ... заникаде .
Objasni nesto poveke za ovaj tretman?sto mu pravat na kosata za sto e potocno?samo za mrsna kosa?na kolku vreme ja mies sega?
Дечки знаете дека има неколку типови на коса, на некои му е густа сува и нескротлива(таа коса потешко се мрси) а на некои пак (како јас) им е тенко влакното со помалку волумен и склоно кон побрзо мрсење... Но не очајувајте треба само да и дадете ред на косата и да ја навикнете . Косата се мрси од пречесто миење , фаќање со раце, чешлање..... Тоа е факт. Јас ја миев косата на 2 дена и многу ми се мрсеше, кога тргнав на факултет па почнав и секое сабајле да ја мијам цела , и така до вечерта веќе имав благо измрсена коса . Е сега ми се смачи од тоа , па ја сменив рутината , престанав да користам регенератор и да ја мијам косата толку често . Тоа го напарвив кога бев во сесија, полагав точно пред 2 години и не излегував многу од дома. Ја миев само пред полагање ми се фаќаше негден 2 пати неделно .... Другите денови ставав пудра за до продавница. Не можев да се поднесам , ама знаев дека ќе има ефект. Првите неколку недели ми беше мрсна цело време, ако денес ја измијам веќе утре ми е мрсна ама не ја миев, така одев по 3 дена... и ставав пудра ... Мислам дека за 2 месеца ми се навикна косата и еве веќе две години ја мијам 2-3 пати неделно. Ставав и сеуште ставам лимон на влажна коса, кокосово масло маски од мед јајце масла, јаболков оцет, цимет.....Во шампонот имам ставено 5 капки масло од лаванда а можете и масло од рузмарин, лимон... Ако прснете лак во косата побавно се мрси го знате тоа нели? Не дека косата сега не ми се мрси , и не можам да се споредам со некоја што дури на 5тиот ден и се мрсела или некоја што и 1о дена да ја остави не и била мрсна... не ми е таква косата , а и не ни сакам..... Не знам која жена преферира миење на коса еднаш неделно. тоа е апсурдно ..... али право на избор. Јас сакам да си ја измијам , да ми мириса убаво , да ми биде бујна , да си направам фризура .... тоа не се може со 4 дена немиена коса.... Пудра и лимон му е мајката и немојте со пречесто миење , чешлање.....
^ Го пробав ова летово. Немав никакви обврски да одам низ град, ниту пак ми се одеше некаде, и не можев да ја поднесувам, но издржав. Ја миев косата еднаш неделно, 2-3 недели. И истиот резултат, повторно мрсење на втор ден. Пробав најразлични шампони, но нема фајде. И со пудра се обидов, но косата повторно ми е иста, нема ефект. Сега ја мијам косата 2 до 3 пати во неделата. Првиот ден ја носам пуштена и си е супер, вториот ден е малку мрсна, но не се забележува, па и вториот ден ја носам пуштена. Забележувам дека навечер навистина станува мрсна, и следниот ден ја носам врзана. Ако сум дома 4 ден, нема потреба да излегувам, тогаш и тој ден ја оставам неизмиена. Но, сепак ме нервира, го мразам чувството на мрсна коса. Летно време не ми смета, можам да ја мијам и секој втор ден, тогаш ја оставам да се суши природно , но зимата ќе треба постојано да ја сушам со фен, а со тоа се оштетува и ете ти дополнителен проблем.
Па мислам дека нормално е косата да се измрси при крајот на вториот, па 3 или 4 ден да се измие . Али границата на нормалата е релативна. За некој може е нормално да се мрси по 5ти ден
Со оглед на тоа што косата ми се мрсеше веќе на 4-5 ден, не ми беше баш нормално мрсењето на 2 ден, ама ете, веќе се навикнав.
Aj пробај со сок од лимон на влажна коса, или земи есенцијално масло од лимон или лаванда капни во шампонот. Нема да биде за џабе сигурно.
Сок од лимон на влажна коса, еден или пола , зависно од должината. А за во шампон есенцијално масло од лимон. Отприлика 200 денари е во аптека, зависно од фирмата . Ама ќе го користиш , дооолго време и ќе му најдеш намена во се.
користете сув шампон кај нас има од форте кој според мене е најдобар. Исто има и од гош и лаш. Во странство најдобри се на батист