Една од најдобрите состојки за домашен шампон е прашакот за печиво Неговата најголема предност е тоа што во истиот миг ве ослободува од првутот и од другите различни нечистотии од секојдневните хемикалии кои ги нанесувате врз вашата коса. Шампонот од прашак за печиво особено се препорачува за лица кои имаат проблем со мрсна коса. Се’ што треба да направите за да го подготвите вашиот органски шампон е да помешате половина филџан за кафе- прашак за печиво со три чаши вода. Оваа смеса е доволна за неколку миења, а можете да ја чувате во некое пластично шише или некој друг сад. еве најдов од интернет... проби со тоа можеби ке ти помогне... или пробај со тој шампон http://www.hemelshop.com/mk/шампон-за-мрсна-коса-p103 еве линк...
фала ти ..ке го испробам и тоај шампон...јас мислам дека е до организмот како ти лачат лојните жлезди..кога пиев терапија за акни не мис е прсеше косата сега кога заврчи пак се врати на истото...
ке биде се во ред... да не е од терапијата, но не верувам... сепак пробај и пиши ако оди на подобро...
не не пред да пијам терпаија мис е мрсеше кога ја пиев ми се регулираа лојните жлезди и сега паак ми се мрсии...ке пробам па ке пишам
Ништо не и помогнало на мојава мрсна коса, па сега еднаш неделно си правам маска за коса ставам што ми дојде при рака, мед и жолчка од јајце,па де јогурт, сок од лимон, ја мијам со шампон од лаванда демек помагало .по мое од маскиве малку ми живна, не дека не ми се мрси пак ама некако поубава ми е.
Не ми зборувајте за мрсна коса.. Со масло да се капев ова не ќе беше. Каков шампон од коприва ништо не помага. Кажете ми ве молам некоја маска, ама стварно да е ефикасна оти многу се нервирам!
Користам шампон од коприва подолго време бидејќи ми одговара на мојот тип на коса, исто така користам и маска за коса од авон planet spa(кремовата). Друго не ставам на косата, само тоа. И приметив во последен период почна многу да ми се мрси, денес ја измијам утре ми е мрсна. Не знам дали е до маската или што ќе е .. Препорачајте ми нешто да земам? Ги има оние сувите шампони по аптеките или? И која цена се?
И јас си патам од мрсната коса на секои два дена ми е мрсна , морам да ја мијам по 3-4 пати во неделата , иако знам дека тоа е штетно за косата и поради тоа и косата ми е оштетена , јас користам syoss , но не ми помага , имам слушнато дека требало да се внимава на исхраната , на пример да не се јаде мрсна храна, пред некој месец видов на интернет некоја маска со сок од портокал или лимон исцеден и јогурт и го пробав и можам да кажам дека малце повеќе време не ми се мрсеше , ама за жал немам секогаш енергија и време да го практикувам , планирам да купам шампон со коприва па да видам дали ќе ми помогне . Инаку косата ми е ретка , права и многу проблеми си имам со неа , па некој ако има некое решение нешто може да сподели
треба повеќе да јадеш јаткасти плодови и коста помалце да ја факаш со раце и пробај лореал јас ја миам со него и сум многу задоволна не ми се мрси на секој два дена, немам првут и косата ја миам од 2 до 3 пати неделно не секој ден
Погледнете го видеово. Ако ништо друго, ќе ви го одложи миењето за еден ден. Јас немам мрсна коса, но бидејќи ми е многу тешка за средување ја мијам на 5-6 дена. Со советите од видеото до последен ден ми изгледа пристојно. Наместо сув шампон користам беби пудра во прав.
Земав од dm еден син шампон за мрсна коса Cotton fresh ..демек ке помогне..ич, за џабе ..како со масло да сум ја миела а не со шампон.. !
Да ви кажам лично искуство. Имаше период кога на косата ставав се и сешто. Додека ја миев шампон, балсам па маска се мачкав низ цела коса. После тоа спрејови против горење, за сјај, за сува коса еден куп глупости ставав и многу брзо ми се мрсеше. Мој совет најдете си шампон што ќе ви одговара на косата и само со него и со млака вода мијте ја. За месец-два ќе приметите резултати.
И јас сум приметила, што помалку продукти на косата - толку подобро! Порано 2 пати ја миев со шампон, па маска, па спреј за заштита од горење, па силиконски капки по фенирање... Почнав да ја мијам само еднаш со шампон и силиконски после фенирање. Истата ми е како да сум ги стаила сите претходно наведени продукти, може има мал прогрес за немрсење. Плус беби пудра користам и се трпи некако и до 3 дена. Битно, не ми фаќа електрицитет како претходно, не ја пресушувам со препарати. Инаку знаеше до вечерта да ми се направи масло.
Како успеваш да не ти се прави електрицитет од бебешката пудра. Јас ја користам таа од Бекутан и секогаш како прстите во штекер да сум ги ставила изгледа
И јас истата ја користам веќе долго време, мн малку ставам и само на коренот. Некогаш ми се прави електрицитет, ама мн ретко. Имам јас тенко влакно и немам волумен, така да и да сум претерала со пудрата, не делува толку страшно. Ама обично електрицитет ми фаќа ако трет ден ставам пудра, тоа исклучиво за по дома ако ептен ме мрзи да ја измијам.