Mислам дека голема улога има и шампонот кој го користиме. Поарно кога ја миев косата со Палмолив ми се мрсеше на вториот ден, а сега користам Нивеа шампон и можам и четири дена да не ја измијам.
И обично шампоните се за сува и оштетена коса, а косата ако само е оштетена а на скалпот не е сува шампонот ја мрси
А дали има врска тоа дека можеби регенераторот влијае на мрсењето на косата? Баш заприметив дека откако почнав да го користам на вториот ден косата веќе заникаде ми станува..
па сега зависи и колку регенератор во колкаво количество го употребуваш јас употребувам сосем малку бидејки од него се мрси косата и тоа веднаш на вториот ден и затоа користам двапати во месецот мислам дека и без регенератор косата ми е убава нема потреба од секојдневно користење сега имам проблем со шампонот користам на гарниер од липа што е ама многу ми се мрси па ако ставам и регенератор плус исто ке биде како да не е измиена па мој совет е да употребуваш сосем малку тоа го имам слушнато и од мојата фризерка.
И јас го имам забележано истото,дека од регенератор ми се мрси побрзо косата и затоа одбегнувам да ставам маска или регенератор на коренот,туку само на врвовите! Исто така важно е после ставање на балсам на косата таа добро да се исплави,во спротивно ќе се измрси косата побрзо! А инаку од кога почнав да го користам овој шампон забележав дека косата помалце ми се мрси! Состојките во шампонот (цитрон, лимунова трева и зелен чај) го спречуват мрсењето на косата и појавата на првут! Јас сум задоволна!
убав ли е овој шампон бидејки некои се жалат од хеад шолдерс ги имам испробано и на шаума на ваш андгоу не сакам од лореал да земам од нив излегуват рани на главата бидејки се многу јаки за кожата на главата а гарниерот не ми прави првут туку ми ја мрси добро може да е и од времето зимно време побрзо ми се мрси
Фала девојки, инаку јас почнав да го користам Orzene (може имам спомнато во некој претходен пост) и добар е, делува, само се зезнав со регенераторот последниве 2 недели ама ќе ce средам
Јас имам една другарка и она кога ке ме види ке ми рече дека и она сака таква малку мрсна коса...Не ги знае проблемите со таа мрсна коса..... Што све не пробав , и што се не ставив на косата ништо не ми помогна.. користев и од медицинските шампони ама џабе..Ако некој има некакво решение нека кажува.... И да ви кажам нешто еднаш пробав нешто .. Баба ми ми рече изми ја косата со вински оцет...но потоа мирисав на оцет и кога отидов во школо сите ме прашуваа што сум јадела... тоа го решава проблемот ама затоа цели ке мирисате на вински оцет
Имам мрсен корен и многу суви врвови. Користам шампони за сува и оштетена коса, нормално, за да ја заштитам и опоравам од вадењето прамени и фарбањето. Не можам да си дозволам да ставам шампон за мрсна коса, зашто долниот дел ќе ми го пресуши уште толку. Си имам и друг проблем. Ја мијам косата секој ден. Евентуално викенд, ако не излезам никаде во сабота, си дозволувам два дена пауза. Фризерката ми кажа дека проблем ми е: 1. Шампонот. Сите со мрсна коса мора да престанеме да користиме од оние шампони кои во себе содржат концентрација на балзам. Значи не оние кремасти шампони, туку оние проѕирните, налик овој онака ја акнав сликава, само да посочам дека шампоните за мрсна коса би требало да се проѕирни. 2. Пречесто миење. Да ја доведам косата барем до 3-4 миења неделно за почеток. Она самата си става бебешка пудра на коренот , кога ќе почувствува дека и е мрсна. Убаво ја размачкува и тврди дека ја впива мрснотијата и може да издржи 2-3 дена екстра без миење. Ќе пробам и ќе пишам како ќе се одвива тоа. На наша страна е фактот што сме плавуши во косите, па нема толку да се приметува, за разлика од црнки и бринети. 3. Силиконски капки. Наводно, не ни требаат силиконски капки за заштита, затоа што го мрсат влакното и го отежнуваат. Ни треба всушност кристали за косата, за да биде немрсна, и да се задржи чиста и лелеава подолго време, а сепак заштитена. Имало и некакви ампули за мрсен корен, а суви врвови, кои се ставале после миењето на косата и биле ефикасни, ама кутија со 10 чинела 1000 ден. Како што тргнало, изгледа ќе работам само за препарати за коса.
Да точно е ова што си го пишала,еве јас го сведов миењето на два пати,ептен ако одам негде не гледам на тоа дека мора да биде два пати неделно па ја мијам,на почетокот едвај издржував,ама еве сега се навикнав и не ми изгледа толку мрсна како порано уште првиот ден,сега за еден ден ми се продолжи барем,па и ден два ја носам во репче и така некако издржувам.А мене тоа со пудрата не ми помага некако треба многу да ставиш за да се тгне мрснотијата и плус многу ќе ти се електризира,пробај со шампон за суво миење на коса,го има во поголемите маркети и не е скап,како спреј е.КАј мене во населба го имаше веќе не за жал беше некои 90-100 денари,за да немораш секој ден да ја миеш,ке го напрскаш коренот и ќе издржиш уште ден два,а со тоа врвовите нема дополнително да ги сушиш
Јас како што знам најубаво е косата да се мие 5-6 дена и да се не се мешаат много шампоните,мислам денес ја измијам со еден утре со друг итн...Јас ви препорачувам да користите алпецин медицински шампон кој е споредд мене многу добар ама е малку поскап за разлика од обичните шампони.Не сме единствените кои имаме проблеми со мрсната коса... Исто така мене кога мие мрсна косата употребувам пудра било каква сеа се навикнав да ја мијам на 4-5 дена порано на 3ов ден ми се измрси веднаш П.С ако некој сака да го користи или ако веќе некој го користи овој шампон не очекувајте ги резултатите после првото миење на косата. Минимум 1-2 месеца и ќе ги видите посаканите резултати
Мрсната коса и мрсната ожа најчесто одат заедно.Поради лачење на лојните жлезди на кожата на главата се формира масен слој.Мрсната коса привлекува најмногу прашина и при нејзино миење треба да се користат благи шампони, за да не се оштети косата и кожата на главата.Кај секое миење на косата, при последното плакнење се препорачува во водата да се стави малку лимон,за да се врати природната киселост. Добар шампон против мрсна коса е Hemel.Или пак за почеста употреба Collistar кој е формулиран на база на специјални чистачи од прирродно потекло.
И јас имам проблем со мрсна коса и кога треба итно да излезам и немам време да ја измијам косата употребувам бејби пудра на врвовите на косата и не изгледа мрсна косата или порано си купував спреј од рамсторе германски производ писува на него сампон за суво миенје на косата..
Детска пудра Земете најлонска чорапа, ставете во неа малку детска пудра и подгответе ја вашата четка. Навлечете ја чорапата преку четката за коса. Прочешлајте ја косата се додека пудрата не се потроши. Потоа земете чиста четка и истресете го вишокот пудра од косата. По овој третман косата ќе добие на волумен и ќе изгледа побујна. Кога ќе се вратите дома, измијте ја косата со шампон на база на лимон. Колонска вода Другиот трик е да земете памучна вата, да ја натопите со колонска вода и нежно да го протриете скалпот. Маснотијата ќе исчезне и косата ќе изгледа сосема во ред. Меѓутоа, не претерувајте, колонската вода може да ја исуши косата. Ова не смее да биде замена за вашето регуларно миење на косата, туку само прва помош.
порачав ваков тоник за мрсна коса треба да ми стигне за 2 недели па кога ќе го пробам ќе пишам какви се резултатите
Ист проблем. Имам совшено права коса без да ја пеглам или да и ставам не знам какви хемикалии, но пребрзо се мрси. Веќе на третиот ден е неподнослива. Можеби тоа е и последица на премногу „играње„ со прстите. Сепак, пред некое време мислам дека беше баш овде на Femina видов еден рецепт за шампон со кој би се намалило мрсењето на косата. Но, не го симнав во компјутер веднаш и не го испробав, а би сакала. Ако некој го знае нека пише. Единствено знам дека беше со алое вера.
а од прилика колку е шампонов и од аптека се купува или ...? и ако сакаш да објасниш ова со пудрава како се користи и каква пудра? фала
Најдобар лек против мрсна коса е поретко миење, 2 пати во неделата максимум. Велиш дека на третиот ден ти е неподнослива, па колку сакаш ти да ти трае без да ти се измрси, цела недела? Пробај да не ја миеш често остави ја да дише, ставај и` маски. јас го имам истиот проблем и веќе се помирив со тоа . Но почнав да ја мијам ептен ретко, пробај и ти така, ќе видиш резултат. Јас си имам план. Кога треба да излегувам ја мијам истиот или веќе во последно време ден пред тоа, првиот ден ја носам пуштена, вториот ден со венче или фатена во репче, третиот ден на репчето сплетено плетенка, четвртиот пунџа