Абе косава што ја имам ни на непријател не му ја посакувам! Секок ден ја мијам косата бидејќи е времево никакво и влажно доволни се 2 минути надвор зејтин ми се прави преку глава ми е веќе ништо не помага
Многу почна да ме чеша косава и претерано да ми се мрси не знам дали е до фарбата или до шампонот, ама нема ни две недели од ко се фарбав а шампонот го користам подолго време Инаку користам Субрина за фарбана коса. Препорачајте ми некој добар за мрсна коса голема мака си имам.
Мене бебешката пудра не ми помага толку искрено, што сакаш нанеси на косата џабе е кога е мрсна нема спас Уште со сув шампон немам пробано , наредна прилика ќе го земам тој од дм маркет и баш ќе видам.
Може да и од фарбата и од шампонот. Смени го шампонот, почни да користиш бебешки или тој обичниот од коприва 70 денари што е. Некој период (неколку месеци) не користи никакви субрини, балсами, маски и се тоа, мислам дека би требало да ти помогне. Јас порано доста често менував шампони, секогаш различни купував. Од авон, палмоливе, бекутан, орифлејм и се различни. Исто така голема грешка што ја правев беше и тоа што субрината ја ставив низ целата коса. Па после тоа користев маска, па ја сушев со фен, па силиконски капки ставив, еден спреј за сјај и еден куп глупости. Косата ми беше сува, никаква со еден збор метла. И првут еден куп, ненормално ме чешаше. Секој втор ден зејтин. Исфрлив некои препарати од употреба и има подобрувања. Сега ја мијам со еден друг шампон кој многу убаво мириса, ставам ептен малку балсам на врвовите и плакнам. Обично ја мијам од вечер за на раат да ми се исуши. Ја пеглам/виткам поретко односно по потреба и тогаш користам спреј против горење еден од орифлејм кој го нанесувам само на врвовите и после пеглање силиконски капки оти ми е многу наелектризирана. Сега косата ми издржува и 3-4 дена да не ја измијам. Бидејќи сме на распуст на мијам 2 пати неделно, а онака ја мијам три пати. Пробајте да исфрлите некои производи тоест да не ги користете и ќе видите подобрување.
Јас имав сличен проблем и најдобар шампон ми се погоди Шаума со Q10, кремасто така шише со кафено капаче, 100тона ден. е. Исто така изнегнувај мн жешка вода и седење долго под туш, зошто се суши скалпот.
@eloves Фала за советите женска ама јас не користам ни маска ни балсам за косава само со шампон ја мијам и ништо друго. После миење нанесувам силиконски капки од авон и тоа е се Маска за коса и балсам скоро никогаш не користам бидејќи тогаш косата како зејтин ќе ми биде Инаку нема шампон што го немам пробано и од сите сум потполно разочарана. имам земено и Бекутан и од коприва тој обичниот и косата уште одма после миењето ми беше како сплескана , беживотна, абе зејтин Ни бебешка пудра не ми помага, ни ништо А со Субрина ми издржуваше до 2 дена без да ми се измрси косата, веќе третиот морав да ја измијам Можно е да е и до фарбата , бидејќи за прв пат се фарбав со Еволушан , не знам колку врска има тоа ама сепак можно е дa има и тоа влијание А каков шампон ти користиш ?
Користам еден факс пишува на него, има мирис на праска. Инаку мислам дека треба да се задржиш на само еден шампон. Косата може да ти се мрси и од пречесто менење на шампоните. Некаде читав дека најздраво е шампон да се менува на 6 месеци. Може и од постојаното менување на шампони да ти се мрси. Пробај со само еден шампон и почекај некој период 2-3 месеци за да видиш резултати. @crazylady
Имам екстремно мрсна коса, не некоја залепена - со зејтин потурена, ама веќе вториот ден не се трпи. Пред неколку години, на мајка ми некој и препорачал да стави лук во оној најпримитивнион шампон од коприва и со тоа да се пере косата. Косата се подобри, ама не можев тој шампон веќе да го поднесам. Мирисот особено (не беше некој одвратен мирис, ама после некое време ми се гадеше од него, не знам зошто) . Потоа, почнав активно бебешка пудра да користам. СИТЕ бебешки пудри ги свртев, но ни една не чинеше (една преногу ми ја разлетуваше косата, друга не ја покриваше мрснотијата доволно...) Ми се смачи и од пудра, па земав какао и брашно да мешам, па тоа го ставав на коса. Као демек, бебешка за русокоси, а за тие со темна какао и брашно. Какаото и брашното траеја еден ден. Потоа, ја најдов мојата совршена пудра за коса во ДМ, само што на неа пишува пудра за тело ама нема врска, најдобра е. И ден денес ја користам, ноооо....сфатив дека за косава не е арно ако ја мијам букваално секој ден, па почнав друго решение да барам. Го купив сувиот шампон од ДМ на Балеа, со намера секој втор ден со тоа да ја прскам косата а третиот да си ја мијам косата и така во круг. И така среќна задоволна, си прскав секој втор ден...и во рок од 1 недела се потроши скроз. А го проверував да не е прскан ова она, а ни јас не прскав многу... И така се откажав и од тоа, и сега сум само со пудра, а секој ден да ја мијам не е нормално... (First world problems ) А да, заборавив... и капки од арган од Балеа користам, пошто и дава многу убав сјај.
Јас мислам дека не е до шампонот бидејќи истиот го користам веќе неколку месеци , го немам воопшто сменето. Сега ќе го земам пак истиот и баш ќе видам дали e до шампонот или до нешто друго Можно е да ми се има заситено косата
Читам наназад ама не видов за мажи некој предлог. Мрсна коса склона кон создавање првут. Сајос помагаше сега веќе не, пробав балеа за мажи ама мм не е воодушевен. Кажете некое чаре.
Хед енд шoлдерс зa првут, aмa јaс гo oткaжaв oти преaгресивен ми е зa кoсичевo, пa и тaкa мaки мaчaм сo oпaѓaње и живoст, oвoј беше кaпaк. Амa пaк првут немaв. Следеa фитoвaл (пoмaлку пaѓa oд негo aмa крутa е, нит се вoди нит се терa), уште некoлку oд дм aмa oд сите првут имaв. Сегa земaв еден oд sante, ѓoмити зaдoвoлнa сум, немa првут, двa денa мoже дa се нoси a дa не е мрснa, aмa кaкo смрди шaмпoнoт не се пoднесувa. Кaкo мaлa кoгa фaќaвме вoшки штo не миејa сo еден вo мaлo стaкленo шишенце aкo пaметите, е тaкa мирисa. Амa aкo терa вaкa не е прoблем миризбaтa, ќе зaмижaм.
Здраво драга пробај го шампонот на Aloedermal против првут, ќе го најдеш по аптеките Зегин на пример. Цената му е околу 400 денари ама навистина е одличен како производ. Здраво драга Bridget за проблеми со опаѓање пробај го дефинитивно шампонот Biokap na Biosline во сино пакување пишува rinforzante anticaduta. Составот му го сменија и одлична е новата формула со многу екстракти кои ја стимулираат циркулацијата, а со тоа и растот на косата. Поздрав.
Здрaвoдевoјки,сaкaм дa прaшaм нештo,мoжеби не сум нa вистинскoтo местo нo се нaдевaм декa ке ми пoмoгнете... Имaм прoблем сo кoсaтa пa мoрaм дa нoсaм перикa,пa би сaкaлa дa ми кaжете aкo знaете некoјa прoдaвницa кaде имa вo скoпје или некoј др грaд,или линк oд стрaнa....ви блaгoдaрaм,пoзз
Ако мислиш на шампонот Биокап и ако си од Скопје го има во Виола аптеките, а го имам видено и во Еурофарм, и во Биокулт. Поздрав
Јас бебешка пудра на Бекутан ставам на косата за да ми се одмрси привремено и многу помага/ Инаку ја мијам на секои 2 дена, а во последно време приметувам дека ми трае и повеќе време, а лекот го видов во тоа што кога не ја'' гњавам'' многу со раце не ми се мрси толку брзо .