spagjam i jas tuka za zal...i nisto i kaj mene ne pomaga samo edinstvena uteha mi e so taft pudra za volumen, probajte, kolku-tolku moze da ve spasi.
Of devojki , i jas sum za tuka edinstveno resenie sto go najdov bebeska pudra bekutan . Probav sekakvi samponi i sto se sluci? Samo se napolniv so prvut nieden sampon ne mi pasuva , kolku saka neka e skap i kvaliteten dzabe e samo ovoj od avon 2in1 protiv prvut mi pomogna malku i toa samo za prvutot mrsnata kosa si ostana ..
Здраво драга, ајде јас да се обидам да ти помогнам. За масна коса ќе ти предложам една маска од глина која во првите две недели треба да ја правиш еднаш неделно, потоа на секои две недели. Помешај една голема лажица зелена глина (никако со метална лажица туку дрвена или пластична оти во допир со метал реагира), стави една мала лажичка мед и малку вода или зелен чај колку да добиеш убава каша ни многу течна ни многу густа. Нанеси ја само на коренот, остави околу 15 до 20 мин. и измиј ја косата со шампон. Пробај па кажи како ти одговара. Што се однесува до шампонот може да ти кажам дека силиконите во шампонот неверојатно знаат да ја мастат косата но и да создаваат првут. Се лепат така за косата што верувај ми ништо не ги вади. Јас ти препорачувам шампон без силикони со сулфат (само глукозидите не може да измијат масна коса убаво), па затоа пробај го на алверде од кна и маслина. Кната одлично го чисти скалпот а маслината негува. Убаво избалансираната формула според мене би требало да ти одговара. Биди издржлива на почетокот ќе имаш влошување поради силиконите (потребно е до 20 миења за да ги отстраниш доколку воопшто не користиш никаков силиконски производ, ниту балзам со силикони ниту силиконски капки, во спротивно џабе е) меѓутоа полека ќе се подобрува. Не очекувај резултати веднаш, но знај дека за месец дена ќе ја видиш вистинската состојба на косата. Пробај па пиши. За било што слободно прашај. Поздрав. п.с. еден совет до сите што имаат масна коса, не купувајте шампони специјално наменети за масна коса затоа што обично се многу агресивни (чест на исклучоците секако) и доколку имате чувствително теме може да иритираат и да дадат спротивен ефект. Подобро е некој добро избалансиран шампон за нормална коса.
И мене ми се мрси одма косата уште наредниот ден дава знаци најдов во ДМ еден спреј шампон се нанесува па се трие со крпа не дека ептен ја прави како миена ама барем кога ја врзеш косата не изгледа залижано и многу мрсно. Ова е се разбира е моментално решение за трајно ми се допаѓа маската од погоре ќе ја пробам
Здраво девојки! Не најдов соодветно место или тема за ова. Како се справувате со мрсната коса кога сте пред излегување а немате време да ја измиете??
Со шампони за суво миење коса. Порано го користев овој: , и имав супер резултати. Откако го потрошив го немаа веќе, па го земав овој: , и испадна уште подобар од првиот. Не се ни скапи, нецели 200 ден. во ДМ. Е сега за волја на вистината не траат многу, брзо се трошат, али тоа е индивидуално сепак, јаc не знам да штедам.
Сувиот шампон од Балеа ми беше спас, третиот ден го нанесував и вечерта ја миев. Арно ама многу брзо се потроши, не знам ни дали издржа месец
Мене ни пудра ни шампон за суво миење не ми помагаше,па решив да користам пиво за волумен ама си најдов лек за мрсната коса.Во принцип денот кога ја мијам ја носам пуштена,утредента собрана па ја мијам,а сега три дена ја носам пуштена тоа е ептен голем напредок за мене.Си ставив пиво во прскалка прскам насабајле на коренот и делот што ми паѓа на челото,сушам со фен и ем волумен ем не е мрсна и не се познава како пудрата и сувиот шампон,само мора со фен да се исуши и да се осчешла зошто инаку ќе се закорави како гел
Моја блиска пријателка има мрсна коса. Почна да се мие со сјај за садеви од поскапите и поубавите најнормално. Откако ја третира косата на секое миење со сјај не и е мрсна а и воопшто не и се мрси. Пробајте.
Косата ја мијам во четврток и недела.Ако ептен е мрсна почесто.Но сега за сега е добро.Прочитав на интернет дека ако ја оставаме косата пр 4/5 дена неизмиена ќе се намали мрсењето.Стварно помага,бидејќи и миењето коса често е штетно,тогаш повеќе се мрси.Мене косата ми е мрсна после 3иот ден од миењето,ставам малку бебешка пудра од Bekutan и никој незнае дека ми е мрсна косата.Ги прашувам другарките дали ми е мрсна ми викаат воопшто,кога ја миеше?Мене ми помага бебешката пудра.Косата ја мијам со шампонот на Head and shoulders за коса со првут-со некој вид на цитрус е пакувањето(немам првут ама воедно и ЗА МРСНА КОСА Е така да може да се користи).Мирисот е преубав и свеж.Регенератор користам од КАМ маркет,не е воопшто скап за 500ml некои 5/60 ден.е ако не грешам.Задоволна сум.
Јас имам многу мрсна коса. Два дена да не ја мијам одма мрсна ко зејтин да сум ставала. Нешто едноставно за да се справам со проблемов?