Девоjки не се зезаjте, ке ви се исуши косата, ке ви се направи како метла, после ке се чудите како да ja опоравите. За да ja навикнете косата да не се мрси толку,миjте jа еднаш неделно. Кога пречесто ja миете, се мрси повеке затоа што се труди да ги надокнади маснотиите што ги губи. Користете шампони без слс (содиум лаурет/лаурил сулфат). Jас ги препорачувам тие на Алверде или Биокап.
Моја препорака е да пробате со шампон од брендот Ducray. Шампонот Sabal е специјализиран за скап кој лачи вишок себум кој за брзо време се пренесува на косата. Поздрав и се надевам дека ви помогнав.
Може да се каже дека и јас имам мрсна коса. Мојата коса е потполно права и прилично остра. Кога ќе ја измијам е прекрасна, полна со волумен, но тоа го снемува за 3 дена. Би ви препорачала нешто, кое ми помогна и мене. Мијте ја косата кога ќе стане мрсна. Прво натопенете ја, еднаш измијте ја со сапун ( тој ја одмрснува ), 1 или 2 пати со некој шампон и исплакнете ја. Така ќе имате убава коса со волумен. Јас после шампонот ставам и субрина за лесно расчешлување и навистина помага, но со тоа опаѓа волуменот. И уште еден совет. Кога ќе излезете од бања, ставете ја во мека крпа, без да ја триете косата зашто така се оштетувала, и немојте да ја чешлате додека е водена зашто така се танчи влакното. А препорачливо е природно сушење на косата, зашто со фен или нешто друго се гори и оштетува... Се надевам дека некој од советиве ќе ви помогне.. За мене се навистина корисни..
Јас ја мијам два пати неделно и не ни ставам сапун на косата,само шампон. Шампонот го растворам во вода. За да не ти се губи волуменот,субрината ставај ја по должината на косата. А добро е да правиш маслени третмани барем еднаш неделно. Мене многу ми помогнаа. Инаку супер ти се советите.
И јас имав проблем со мрсна коса и ја миев секој втор ден па и преку еден ден некогаш. Имав пробано разни шампони дури и од поскапите ама пак исто беше. Дури некои ми ја правеа крута после миење а наредниот ден ми е па мрсна. Така да почнав всушност да ја мијам со поефтините шампони кои ми ја прават крута, ама после миење ставам обавезно балзам од Балеа, и косата ми е мазна после миење и успеав да намалам на 3 дена да ја мијам.
Мислам дека само повеќе ја предизвикуваш да се мрси, не е многу јак сапунот за на коса? Инаку мајка ми користи маска од зелена глина и косата значително помалку и се масти. Пробајте и вие, можеби ќе ви делува.
Дали на некој од вас му се случувало кога ќе ја измие косата со Head and sholders да му е чудна, мрсна како да се лепи. И тоа само во коренот. Мене веќе неколку пати ми се случува. Пред некој ден ставив чичково масло на косата и неможев да го измијам по 6ти пат ја нашампонирав веќе скалпот ме болеше. Премногу ја исужив и на врвовите ми беше разлетана а на коренот пак таква никаква....
Истата ситуација ја имав и јас. Head & Shoulders е во групата на агресивни шампони. Додека ја третирав косата со масла, ја миев со Бекутан, Шаума розевиот за мрсна коса што е или оној обичниот од коприва/бреза. Потенцирано е низ темите за масло за коса дека потребно е на крај да се измие со благ шампон.
Знам дека пудра се става за мрсна коса само не знам како на кој начин,ми останува бел прав после ставање,помош девојкии
Абе каква пудра, малку да се испотиш и ќе ти се познава и многу лошо изгледа Ако не си во можност да ја измиеш, има спееви за суво миење на коса
Добро некој откри чаре? Од најскапи до најефтини шампони веќе нз што се немам пробано, а пак веќе со години се мачам со овој проблем. Веќе другиот ден после капење косата ми е синкир имам едно гигантско влакно мрсно Значит ужас!
Се согласувам со КикиМаус, постојат шампони за суво миење (во форма на сперј). Земете си еден Клоран за суво миење и брзо ослободете се од масната коса. Искрено не знам кој препорачува пудри и слични други работи