jas postojano ja peglam kosataa i ne se pegla ic,kako bushava mi e nonstop,kako mrsna izgleda a ja mijam na dva dena,izgleda isto taka kako neisceslana,ne znam sto da pravam vekje,Help?!
@Frosi333 можеби пеглата не ти е добра. Пеглај ја од средина и користи некаква заштита од топлина, има спрееви за тоа.
Ако сум ја утнала темата, преместете го во соодветна. По 22години(колку што имам) мислам дека конечно го најдов ВИСТИНСКИОТ шампон за мене. Но најпрвин сакам да ви ја раскажам мојата приказна. Јас имам мрсна коса, од мала имам проблем и некако да го решам, сум пробувала од најскапи варијанти па дури и фризерски третмани но џабе Мајка ми дури уште тврди дека имам бебешка кал во косата и дека заради тоа Ја имам макава со мрсна коса, денес ќе ја измијам утре ќе ми е супер е веќе утре вечер има фатено зејтин по малку Земав Брезов шампон од Илирија (слика 1) го користев 3 месеци супер ми беше, но влакното ми се презасити и морав да го сменам, за жал. Моментално го имам Restorex Speed&Strong (слика 2), некаде прочитав дека шампонов е исто производство како оние од БиоБлас но не сум многу сигурна за тоа, па ако некој е упатен повеќе слободно нека каже Најмногу од се ми се допадна што на декларацијата е напоменато дека не содржи Парабен. Го користам скоро 1 месец, земав таков на кој што пишува следно Со ефект за здрав раст на коса;За нега на коса;За тенка и масна коса;Со екстракт од бршлен;За коса која што расте здраво; Малку сум проблематична и не сакам некој интензивен мирис и слично, овој има благ пријатен мирис, прави интензивна пена од мало нанесено количество мој ритуал е 2 пати да ја шампонирам косата така да ми ја чисти косата длабински од корен и најдобро од се е што приметувам дека 1. косата престана да ми паѓа 2. ПРЕМНОГУ ми е порасната не се надевав на било што во врска со шампонов затоа што е евтин и дури мислев дека по првата проба ќе го фрлам во канта,но згрешив, премногу сум задоволна. Да не должам многу, заборавив да кажам дека го купив во Кипер МАркет по цена од 119 денари/600мл. Ако има некоја сличен проблем слободно нека ми пише. Слика 1. Слика 2.
во кипер во моментов тој шампон ее на намаление не знам колку точно. И јас сакав да го земам зашто прочитав дека е против опаѓање но си нарачав од авон. Следен пат ќе го пробам дефинитивно пошто гледам задоволни купувачи
Да ви кажам како си го решив проблемот со мрсна коса кој долги години ме мачеше? Со машки шампон на Нивеа, Rock salt се вика. Шампон/купка, 2во1 е. Има ситни гранули,што прави да ја чуствувам баш чиста косата. Случајно од на мм шампонот “позајмив” пред некоја недела, и се изненадив од ефектот. Косата ми беше ко свилена, баш свиленкасто мека и најбитно 3 дена пуштена ја носев, уште еден ден собрана, значи 4ри дена издржа Сега више редовно си поткраднувам од неговиот
Јас се мислев таков да користам, ама се премислив. Од женскиот имав проблем. Инаку, тој е добар и за против првут. Една познаничка го користи.
Досега не сум користела од тој,но ке пробам,само кажи ми колку е цената знам дека не е баш евтин,но точно незнам колку е
Дечки имам премногу мрсна коса,пример вчера ја измив денес е добра но вечер ке почне да се мрси а утре бетер од мрсна и пак треба да ја мијам..ве молам тие што ко имате или сте го имале овој проблем ве молам кажете што сте користеле и што помогнало против мрсна,подобро сува ке имам отколку волку мрсна значи стварно ми е срам да излезам надвор заради ваква коса. Каде го има тој шампон и колку е цената?
Го имам истиот проблем. Мислам дека можеш да пробаш со природна маска мислам дека се става портокал, јогурт и сончогледово масло пробај може ќе ти помогне. Користи ја пред миење на косата нека ти отстои 30 минути.
го има во маркети,хрватска марка Сапониа зелен шампон од коприва,цена 80и нешто,нити е скап дава волумен и го чисти мрсниот дел на темето
Здраво девојки, јас колку што зборев дека немам мака со косава сега мислам дупло ми се враќа. Вака сега да ви кажам поопширно па да можете да ми помогнете. Фарбана бев плава и сакав да ја пуштам мојата, фризерката ми предложи да ја пуштам некој 3-4 месеци после да извадам прамени и прелив да ставам за да ми дојде како омбре и да можам да ја пиштам да ми расте. И така направив, еве сега 7 месеци одкако на правив омбре горе пораснала и многу ми се мрси Wash&go не ми помага, од Head&shoulders се наполнив со првут. Палмолајв ми помогна ама мислам дека ми се засити влакното, односно на фарбаната коса со соодветни маски за коса ми пријаше ама на моето влакно не. Сега ако знаете некој шампон ефикасен за мрсна коса и побелена од првут помагајте.
Можеш да пробаш на Балеа има за мрсна коса па може ќе ти помогне а за првутот пробај со природни состојки побарај на интернет има идеи како да си направиш маска.
Јас би ти ги препорачала овие два за мрсна коса - на Lush Jumping juniper или на Alverde - иако овој на Алверде е наменет за тие што имаат првут , мене ми одговара многу на мојата мрсна коса. Кога сакам да сменам од Лаш , земам шампони на Алверде. Исто сум презадоволна и од овој на Лаш , може се чини мал ама трае како 3 истрошени шишиња од другиве течни шампони. Многу трае и пени неверојатно.
На мене косата последниве 2 недели ми се масти ненормално многу. Користам l'oreal со глина, без силикони е и ми одговараше, по 3 дена ми издржуваше косата некогаш и 4 ,не беше баш убава ама се трпеше и тој ден миев. Ова сега е страшно, првиот ден е свежа а вториот веќе премасна, зејтин.. Не знам до што е и многу ме нервира што нема волумен, воопшто не ми стои така сплескана. Решение?