Имам мн мрсна коса и пробував да ја одвикнам од секојдневно миење, но не успеав. Дали не се потрудив доволно не знам. Спас ми се пунџа или сувиот шампон од ДМ, а додека не го открив него користев бекутан бебешка пудра. Еднаш од што немав ништо ставив камена пудра за лице. Јас имам мрсна кожа на лице и мрсна коса, да ја сменам во сува не можам, можам само да ја ублажам состојбата, прикријам.
Треба време и волја за да ја одвикнеш. Користи шампони со билки(можеш и некој со лимон,цитрус). И сув шампон можеби ти помага.Ама,и премногу хемикалии можат да ја уништат косата.
Состав: Шампонот содржи екстракт на хмељ, бреза и коприва. Копривата има благотворно дејство на коренот на косата и е една од најдобрите билки за нега на косата. Одлична е против опаѓање на косата и за јакнење на коренот на косата. Хмељот е природен антиоксиданс, ја негува и ја храни косата и кожата. Брезата делува антибактериски, ја негува и ја штити кожата и косата, делува длабински, директно на жлездите. Заедно со хмељот поволно влијаат на лојните жлезди, ја нормализираат нивната работа и спречуваат прекумерно лачење на масните материи. Дејство: Ја намалува маснотијата Косата добива нормален изглед, природен сјај, лелеавост Косата станува мека и мазна Се намалува бројот на миење Нега: Се употребува за миење на косата и за туширање. За најдобар ефект потребно е шампонот да се втрие во косата и кожата на главата и да се остави да делува неколку минути, а потоа да се исплакни со вода https://www.google.com/search?q=шам...67&biw=360&bih=560&dpr=2#imgrc=UKO2ewtq8qkeGM: Здраво...Во Лимес имаме Шампон за мрсна коса и семејна крема за мрсна кожа...составени се од билки без никакви хемикалии
На мене моногу ми помогна на L'oreal Elvive Extraordinary Clay Shampoo и Conditioner (оние зелените )
Мој предлог еден од овие два шампона на Лаш. Кој и да земеш нема да згрешиш , екстра се за мрсна коса . Првиот се вика Jumping juniper
batiste сувите шампони се лек за мрсната коса , јас скоро го открив и мноху сум задоволна , а се напрскаш добиваш свежо измиена коса без трнка мрсноча.
Jumping juniper (тврдиот) е 550 ден. I love juicy е околу 1000 ден. Ги има само на штандот на Lush во City mall.
Веќе ти одговорија погоре само да ти кажам може изгледаат скапо ама многу споро се трошат , поготово тој Jumping juniper тврдиот шампон , трае како три истрошени шампони од 250мл заедно
Знае некоја од вас во кој ДМ ги има шампониве? Добри се за масна коса? https://www.dm-drogeriemarkt.mk/mk_...na~kozmetika/762540/proridna-kozmetika-6.html
И двата ги имам видено во ДМ во Гтц, ама не знам за каква коса се, претпоставка само дека тој од кокос е за сува..
Пишува дека се за нормална коса. Инаку и јас го препорачувам Jumping Juniper на Лаш, одличен е. Косата не ми се масти многу со него. Ја мијам два пати неделно, плус маски за коса, понекогаш масла, и ете, не ми се масти толку.
Мене многу ми фаќа око тој со мандарина. Која е цената, знаеш? За масна коса добар е Џампинг Џунипер од Лаш. Околу 500 денари е, ама трае со месеци. Ама мене ми стана многу агресивен за скалпот, па го баталив. Мислам дека тврдите шампони не се баш за некој со осетлив скалп затоа што поинакви се од обичните, малку се појаки. И не знам зошто воопшто си барам таков шампон, ама не можам да одолеам на мирис на мандарина.
Јас со паузи го користам, не на секое миење. Ама пак му се враќам. Агресивен е било кој тврд шампон, поради средствата за измивање. Доволно е два пати да поминеш на мокра коса, одма се прави пена што е доволна за измивање. Затоа и траат тврдите шампони. Овие од Алверде сигурно имаат попристапна цена. Ајде пробај ако ги најдеш, па кажи дали ги бива. Секако мора да одам до Сити Мол за Аромако да си купам пак, па мислев и шампон некој нов да земам. Ама ако ги бива овие од Алверде, и тие доаѓаат предвид.
И јас го користев така вториот пат, преку едно или две миења, ама при крај на летово ептен ескалираше ситуацијата со скалпот, па скроз го ставив на пауза. Ме замислува ова со мирисот, обожавам мандарина и највеќе заради тоа би дала шанса, ама чекав некоја да не го проба во меѓувреме па да каже впечатоци. Ќе пишам барем за цената, ако ми фати око ќе го земам секако.
Сигурно ќе имаат добра цена, Лаш генерално се поприлично соленки, иако вредат за некои продукти. А Алверде се достапни, барем досега биле. Ајде, може ќе се јави некоја што го пробала.
Во меѓувреме ми вратија на порака за цената, па само тоа да го споделам - 399 денари, парчето е 60гр. Не е многу разлика, околу 100 денари значи.