Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мрсна коса

Дискусија во 'Коса' започната од Melodi, 20 ноември 2009.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.480
    Допаѓања:
    201.359
    Пол:
    Женски
    Опа... Ко за Алверде не е баш евтино. Обичните шампони не се толку скапи.
     
    На Alisa22 и Mishela им се допаѓа ова.
  2. maaraa96

    maaraa96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2015
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    339
    Пол:
    Женски
    @Annath @Mishela 399 денари се тврдиве шампони на Алверде :)
     
    На Annath и Mishela им се допаѓа ова.
  3. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    @Annath @Mishela

    Цената ја пишува на самиот линк, затоа го ставив, 399 денари - 60 гр.

    Го користев Jumping Juniper, не сум сигурна дали едно или две такви 'колачиња' потрошив. Шампонот е навистина убав и ефикасен, со 2-3 поминувања низ мокра коса се прави доволно пена за едно миење и трае навистина долго. Но, како што сте пишале, премногу е агресивен и покрај тоа што косата не ми се масти како од други шампони, сепак морам да ја мијам 4-5 наделно. Јас немам осетлив скалп, но во пределот позади ушите (сосема долу каде што завршува косата кај вратот) забележав дека кожата ми е многу сува, а сигурна сум дека убаво ја одмивам пената.

    Не знам дали ја смениле цената, сега е 595мкд / 55g , мислам дека сите колачиња се со иста големина, па цената не варира од грамажа, туку сите се иста грамажа и иста цена. И јас паметам дека го купив околу 500 денари, не повеќе од 550, а сега е речиси 600.

    https://www.lush.com.mk/shop/product/product/path/147_148/id/378/---Jumping-Juniper

    Бев во ДМ во Веро но ги немаше, ако некоја од вас ги најде во другите ДМ нека ми пише каде, и јас би го купила тој со мирис на мандарина и босилек.
     
    На Annath и Mishela им се допаѓа ова.
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.916
    Допаѓања:
    81.189
    Пол:
    Женски
    @Rebecca_R не ни видов дека има линк со цени :tmi: , кога седам од мобилен ич не ми е прегледно да отварам линкови и табови, па им пишав порака на Инстаграм да прашам.

    Потоа прочепкав и низ профилот, па ја најдов цената и се осетив ко оние што пишуваат cena???? под секоја слика на фб. :D
    Нема врска, се снајдовме битно.

    Значи ти почесто миеш коса, ама впечатокот генерално е ист.
    Јас го средив прекумерното мастење, коса мијам само два пати неделно, ама ако не е бебешката пудра или сувиот шампон - не сум за пред луѓе. :)

    Корените се во ред, одоздоле кај што се потам кај вратот почесто се масти и станува како тесто, па мора да се среди тој дел зашто навистина не изгледа убаво и не можам да се поднесам така.

    Во моментов го користам тој од кокос на Алверде (обичниот, течен шампон) и не е лош, не ја сплескува и не масти.
    Ама ич не мириса на кокос. Баш би сакала да го пробам тој со мандарина, само не знам да не си го зафркнам скалпот, зашто покрај првут ми се прават и рани, ми се активира себорејата ептен.

    П.С. Џунипер го купував 495, 55 грама. И овие се "изитриле" значи.
     
    На Annath, cresa-jagoda и Rebecca_R им се допаѓа ова.
  5. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    Кажете шампон за мрсна коса ништо не помага..последно користам шампон од Лотос на Афродита Козметикс.Океј е шампонот ама пак на два дена ми се мрси косата..
    Читам тука за некои продукти од Лаш и Алверде пишувате, што е најефикасно?
     
    На maaraa96 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    @Mishela Значи ја смениле цената, прилично бев сигурна дека беше помалку од 500 денари, ама си реков не сум купувала скоро, можеби сум заборавила. Инаку, Џунипер ми се допаѓа затоа што ми ја правеше косата лесна и даваше волумен повеќе од било кој течен шампон што го имам користено.

    Јас ке го купам тој со мандарина, океј е цената а сигурна сум дека ке трае повеќе од обичните шампони. Е сега, не се согласувам баш дека останатите течни шампони на алверде се нешто евтини. Не се скапи, ама во споредба со шампоните на Балеа, Гарниер и останати шампони кога се на попуст, алверде имаат некоја средна цена. Мене ми е потребна голема количина шампон за да ја напенам цела коса, па тврдите ми се поекономична опција. Шампон од 250 мл го трошам за 2 недели.

    П.С. Се случува, и ја некад се чувствувам така, посебно кога не можам да најдам нешто што е ептен очигледно. :D
     
    На Annath и Mishela им се допаѓа ова.
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.916
    Допаѓања:
    81.189
    Пол:
    Женски
    Да, 100% сум сигурна дека го купував 495.
    Нема врска, цените на многу продукти се сменија, па искрено не ме ни чуди што го покачиле, ама и тоа како ми оди на нерви.
    Ама за тоа друг пат. :lol:

    И јас му го фрлив меракот на тој со мандарина. Овошни мириси не сакам многу, ама за кокос и мандарина правам исклучок без размислување. :D
    Дека го пробав тој течниот со кокос, планирам да го земам мандарината па ќе се молам да се погоди.
    Пиши кога ќе имаш материјал за споделување, јас скоро го почнав овој од кокос, па ќе ми треба некое време дури го потрошам.

    Инаку единствена замерка за обичните шампони од Алверде ми е тоа што не пенат. Немам осет дали косата ми е измрсена, ниту дали ми е добро измиена, ама откако ќе ја исушам се гледа дека нема гајле.
    И тоа е случај со сите органски шампони кои сум ги пробала, не пенат баш ама добро одмиваат.
    Јас секогаш шампонирам два пати и немам мака.
    Порано шампонирав по 4 пати...за секој случај, да не ми останала некоја мрсна шишка. :rofl:
     
    На душленце, Annath и Rebecca_R им се допаѓа ова.
  8. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Не ме чуди, ама за таа цена не сум сигурна дали ке го купам повторно, посебно ако и овој на алверде се покаже како добар. Колку и да се троши споро, 600 денари од еднаш - многу ми звучат. :D
    Моментално користам афродита со коприва, 1 литар е околу 100 денари, без грижа на совест шампонирам по три пати. :rofl:

    Јас немам користено ниту еден на алверде, читав баш дека не пенат и се откажав, баш поради тоа што сакам пена, а ако нема, како да бидам сигурна дека скалпот ми е чист? :?:
     
    На Annath и Mishela им се допаѓа ова.
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.916
    Допаѓања:
    81.189
    Пол:
    Женски
    Да, се согласувам @Rebecca_R за Лаш и јас не купив пак, а за Алверде ќе ти биде малку чудно на почеток ако и овој не пени, ама искуството ми покажало дека тврдите шампони повеќе пенат па полесно е да се ориентираме...тие што сме си опседнати со тоа. :lol:

    Инаку навика е шампонирањето, тоа го сфатив дури пред некое време, кога навистина почнав да слушам совет од фризер, дека побитно е како се мие и масира скалпот, а не колку пати се шампонира.
    Јас гледав да наполнам дланките со шампон, да има да се најде. :D
    И со Алверде ептен немав ориентација, ама со малку експериментирање, си го најдов крајот и сфатив дека дефинитивно е навика.

    А тоа со опсесивното самоубедување дека косата ми е мрсна нареден ден по миење ич нема да го коментирам. :tmi:
    Ама навистина имав (и имам) чувство дека косата ми е нечиста, залепена, измастена, па не можам да опишам колку само ми беше тешко да ја оставам 3 дена немиена. А не е така, гледам и сама ама ете, тоа не можам да го надминам никако.

    Може е навика, ама процесот на регулирање и темпирање на миењето ми падна најтешко. И уште ми е тешко, иако гледам дека нема мрснотија како што беше случај претходно, ама шубе ми е.
    Одвај издржувам да не ја мијам преку ден и во зима. И меѓу другото, да ја изрибам така асално 4-5 пати, за секој случај. :rofl:
    The struggle is real во секоја смисла.

    Е така, може не е ова случај и кај тебе, ама полесно ми дојде кога си ја кажав дијагнозата.
    #ОпсесивенРибач :D
     
    На Annath и Rebecca_R им се допаѓа ова.
  10. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Целосно се најдов во описов, тоа е таа дијагноза. :tmi: @Mishela

    Сега со афродита ми е многу лесно, има литро шампон, мијам и мијам, пена колку сакаш. :D Е работата е што јас ја мијам секој ден, и некогаш немам време за 3 пати шампонирање, па се тешам со едно пенење. Знаеш што? И после едно шампонирање и после три, косата ми е чиста, логично - ја мијам секој ден. :drunk:

    Распоредот на миење на косата оди вака: ја мијам напладне и косата е чиста до нареден ден. Ама тука има финта - ако нареден ден (навечер) треба да одам некаде каде што ке има светло, морам да ја измијам повторно наредниот ден (напладне). Доколку немам обврски можам да ја оставам две ноќи, ама веќе наредниот ден морам да ја измијам. Е ако ептен немам време, тогаш и јас ставам бебешка пудра, сувите шампони ми се премногу скапи, а кога ке напрскаш повторно мора да триеш за да го неутрализираш белото, па зошто да давам 300 денари кога можам да дадам 80 денари за пудра која трае мноогу подолго. Сума сумарум - ако ми е тазе миена косата супер, по едно преспивање мора да ја мијам или да ставам пудра.

    Јас не само што ја шампонирам, туку ја рибам - буквално. Дали има потреба да зборам за плакнење? Којзнае колку вода трошам на миење на пената, иако после одреден период во прашање е опсесијата, не дека останала пена или не-знам-веќе-што. :worried:

    Кај мене не е само мастењето проблем, проблем е и мирисот (кој го нема, туку е моја замисла) и спесканоста/ немање волумен.

    #дневникзамаснакоса
     
    На Annath и Mishela им се допаѓа ова.
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Ќе си ја исфарбате црвена, и после фарбање прво правило: 2 или 3 дена нема миење за да навлезе бојата во влакното. Понатаму колку почесто ја миеш - толку побрзо ќе ти падне бојата. Па ќе штедите на миења за поретко да ја фарбате. :D
     
    На Annath, x.Daisy.x, Rebecca_R и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.916
    Допаѓања:
    81.189
    Пол:
    Женски
    Леле, секоја со своја мака значи. :D

    @Rebecca_R, со калкулациите кога да ја мијам косата, некогаш се чувствувам како да решавам некоја сложена математичка проблематика:
    flat,800x800,075,t.jpg

    Конечно ја средив за да ја мијам два пати неделно (издржувам со судни маки), ама измеѓу мора да игра бебешката пудра.
    Плус многу почна да ми опаѓа од честото миење, па мораше да се ставам во ред, ама "адаптацијата" уште трае.

    Еве, ја миев вчера. Ќе држи добра денес, утре веќе ќе ме фати параноја ама ќе немам основ да мрчам зашто нема да има ни м од мрсно, па во среда наутро ќе се нашлапам со пудра и вечерта ќе ја измијам конечно и ќе се смирам дека ми мириса на чисто. :tmi:

    Четврток, петок ќе биде супер. Ако излегувам во сабота обавезно миење, ако не - пудрата и врзувам во реп за да не ја мислам. :tmi:
    Недела сабајле, едно станување одма под туш на рибање.

    Кај мене најглупо е тоа што не ми се сплескува, волумен имам и корените не се мрсни, туку одоздоле и тоа делче кај слепоочниците.
    И кога ќе ми текне дека личи на сплескано тесто...оди па остави го да ти седи на глава. Па и ќе ми текне на мирисот (кој го нема нели, ама паранојата расрура како и секогаш)...добивам желба да порибам уште малку додека се мијам. :D

    Го средив некако миењето, ама паранојата помеѓу ме убива. А реално, стварно не изгледа мрсно, ама џабе кога јас не ја чувствувам чиста и не можам да си легнам така на чиста перница, шубе ми е.

    На фризер нон стоп ми држи лекции фризерката и навистина држи вода се што ми кажала, особено за скалпот и состојбата која повремено ми се активира,
    ама кој ја слуша, јас сум експерт за рибање коса. :rofl::rofl:
     
    На Annath и Rebecca_R им се допаѓа ова.
  13. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    @Mishela кај мене паранојата работи само за мирисот (кој го нема, а јас умислувам дека го има). Пример, со Џунипер можев да терам повеќе од аспект на мрсноќа, ама пак мирисот ми правеше проблеми.
    Со сите останати шампони си имам конкретен проблем со масни корени, но кај мене маснотија има само кај челото и горе на темето, внатрешните делови на косата се супер, исто и делот кај слепоочниците. :drunk:

    Мојата се сплескува а врвовите се од убави - поубави. Преку зима решението е бебешка пудра и коса во реп. Некогаш едноставно е невозможно да ја измијам, ама исто така не доаѓа во обзир да излезам од дома со полу-мрсна коса.

    #мемоаритенаРебекаиМишела #маснакоса :rofl:

    :rofl: Е тек тогаш ке си имам проблеми - масна коса и боја која се одмива. Не е таа борба за мене, и оваа со масноќата ми е премногу. :|
     
    На Annath, DAngel и Mishela им се допаѓа ова.
  14. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Јас кога ве читам колку миете коса:
    [​IMG]

    А да ви кажам дека јас мојава ја мијам 2 пати неделно - во среда/четврток и у недела, со по едно шампонирање :angel: Мислам дека ќе фатите такси и ќе дојдете да ме рибате :rofl:
    Сув шампон обично користам само тој последниот ден и пак изгледа океј. (А можеби ја не знам шо е мрсна коса)
    Факт е дека колку повеќе ја миеш толку самата кожа сака да надокнади за изгубените oils па упорно произведува повеќе. Тоа е тој магепсан круг од кој тешко се излегува. И мене фризер ми препорача дека е најубаво со 1 шампонирање да се мие коса.

    Ова миењево како сте го објасниле, ми беше префасцинантно за да не го искоментирам. :smirk:
    Инаку, имам читано дека исфрлање на секакви „штетни“(дискутабилно) состојки и користење природни шампони ги намалува маслата во косата и го регулира себумот.

    Мојата преобраза од „лоши“ шампони во природни беше така малце турбулентна. Еден период е попроблематичен бидејќи треба време додека се измијат силиконите од косата, но вреди, после тоа ^_^ мераци.
    Значи презадоволна сум, и од аспект на немрсење, и од аспект на квалитетот на самата коса, многу ми е помека и поздрава. А и, приметив дека ми е порасната бааги. :inlove:
     
    На ines.h, oblace1, koritsaki и 6 други им се допаѓа ова.
  15. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Каков шампон користиш?
     
    На worrieddd му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.916
    Допаѓања:
    81.189
    Пол:
    Женски
    И јас го терам тој распоред на миење како @x.Daisy.x, едноставно морав така за да ја средам состојбата зашто од една страна преку глава ми беше од миење преку ден, а од друга ми се закачија милион глупости со скалпот, па и опаѓање со сето тоа и решение беше рестрикција во миење и природни шампони.
    И да, косата е живната, се приметува.

    На фризер сто пати ми повторуваа дека и едно шампонирање е сосема доволно ако се мие правилно, ама кажав веќе - рибачот во мене нема шанси да се помири со нешто такво. :tmi:
    Сега со Алвердето се опоравив, си фатив некој тертип на миење и не ставам толку шампон како што беше некогаш, "за секој случај". :D
    Ама ептен ми требаше некој долг период за да се навикнам на тоа и уште ми е чудно. :)

    Навика е дефинитивно, ама многу тешко се надминува. Ви велам, уште во глава ми се мота дека шетам немиена, дека ако ја подигнам косата одоздоле целата ми е масна иако нема врска, ама ете, опсесија рулз.

    Така да, @Rebecca_R - ју кен ду ит. :muscle:
    Земи го тврдиот шампон од Алверде и во акција.

    На толку зборење, редно е да одам до ДМ кај мене да видам бар дали го има, па да ви кажам.
     
    На Annath, x.Daisy.x и Rebecca_R им се допаѓа ова.
  17. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    @x.Daisy.x верувај и мене ми е сон да имам помалку обврски околу косава. Напорно е за секое излегување да планирам миење на косата, затоа што ми е долга и густа и ми требаат неко 2-3 часа да ја средам за излегување.
    Кога ке размислам подобро, и кога сум дома ја мијам косата секој ден, така да - опсесија рулз, не дека навистина имам потреба толку често да ја мијам.

    @Mishela се обидував еден период, стигнав до 3 миења во една недела, ама тоа одвикнување траеше еден месец и продолжив по старо. Едноставно тој месец ми беше напорен и бев незадоволна од изгледот на косата кога не е миена. :|

    Ке се обидам, ама да бидам искрена ми изгледа ко нешто недостижно. Фала за поддршката. :hug:

    А, да додадам, мене косата ми е прекрасна, барем од тој аспект сум задоволна. Густа, долга, мека и сјајна. Ко од реклама е, ама се мрси ултра-супер-брзо.
     
    На molikaMk, Annath, x.Daisy.x и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.480
    Допаѓања:
    201.359
    Пол:
    Женски
    А јас мислев дека сум опсесивна :?:
    уф... иначе мене со Џампинг Џунипер ептен ми се среди маснотијата, до два пати неделно миење стигнав со него, со едно шампонирање. А можеби и годините си го прават своето, не знам. Јас сепак сум постара од вас :!:
    Порано ја миев три пати неделно, и користев суви шампони или беби пудра. Е веќе не ги користам сувите шампони, косата ми е супер до следно миење. Во лето повеќе ми се масти, поради потењето, ама генерално, каква беше, а каква ми е... ова супер е.
    За цената на Џампинг Џунипер не се сеќавам, ама логично е дека поскапеле, се е поскапено, не само тие. Пак би го купила, ич не се мислам, ама и овие на Алверде идат предвид.
     
    На koritsaki, Rebecca_R и Mishela им се допаѓа ова.
  19. jok

    jok Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    931
    Допаѓања:
    904
    Тие што бараат тврди шампони Алверде има мандарина, и има кокос во ДМ спроти Беко.
     
    На Rebecca_R и Mishela им се допаѓа ова.
  20. Belja

    Belja Активен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2018
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Како се движат цените?