Здраво,имам голем проблем со оваа косава моја што ми се мрси преку вечер....Само што ке ја измијам до другиот ден веке гледам дека малку ми е мрсни и многу се нервирам,и мислам дека колку повеке ја миам толку повеке ми се мрси.Па дајте нешто некој совет или шампон кој би ми го препорачале...
Јас искрено во овај го најдов спасот, 2 дена ми издржува да не ми се измрси... Па пробај , можеби ќе ти се погоди.
Јас би ти препорачала да не се миеш толку често (секој ден) , наместо тоа можеш да земеш сув шампон и кога ќе ја видиш мрсна косата да се прснеш, ќе ти ја апсорбира мрснотијата и ќе те "спаси" 1 ден плус..
Шампон со билки ти треба.Ако не ти одговараат Garnier и Wash and Go, пробај со Алверде или Афродита,или пак Херба за мрсна коса. Пробај да издржиш 4-5 дена без да ја миеш.Помеѓу редовните миења користи сув шампон.Ако ти е долга,почесто врзувај ја во реп.
Не изгледа, туку е баш така. Колку почесто ја миеш, толку повеќе се мрси. Го сушиш скалпот и лојните жлезди лачат повеќе мрсотија, затоа и ти се масти толку брзо. Пробај да ја миеш прво еднаш на три дена, после два пати неделно. Користи сув шампон обавезно штом почне да се мрси, и врзувај ја. Мораш да издржиш. Моја препорака ти е тврдиот шампон на Лаш Џампинг Џунипер, со него косата многу помалку ми се мрси, ја мијам двапати неделно само. Имам впечаток дека генерално тврдите шампони (како сапуни) се подобри за мрсна коса.
Два пати во неделата да не ја измиеш косата остај што ептен мрсна ќе биде без разлика дали реп ќе фатиш се познава и мириса бе луѓе. Колку сакате да ви трае свежина од бањање, 10 дена? Тоа е тоа, секој ден бањање, миење коса секој втор-трет ден преку сила.
Пречестото миење ја прави косата премрсна и ја оштетува,еве @Annath убаво објаснила. Иако на почеток не изгледа убаво,само одложувањето на миењето е ефикасно решение за намалување на мрсењето. Со сув шампон мрснотијата не е лесно приметлива,колку-толку прикрива.
Па еве ке земам некој шампон од понудениве,и ке ја мијам на секои три дена....барем толку да можам да издржам ...
Два пати неделно е сосема доволно за миење. Почесто нема потреба. Од почесто миење скалпот се суши ептен, па лојните жлезди турбо работат, уште повеќе ќе се мрси, и ќе дојде до степен да треба да ја миеш два пати дневно. Никој не вели дека свежината од бањање треба да трае 10 дена, ама па и пречесто миење не е во ред. Не само тоа, одзема време ако имаш подолга коса. Секој за себе си знае најарно, ама девојката побара совет како да не и се мрси толку често.
Мене само сувиот шампон ми е спас да не ја мијам секој ден. Инаку навечер измиена и во текот на наредниот ден ми се мрси. Како помала ја миев со свински сапун и ми држеше и по една недела, ептен ми беше убава косата. Соодветен шампон. Поретко миење. Сув шампон по потреба. Соодветен чешел. Да не се доближува до лице доколку имате мрсно лице. Да не се чешла често. Да не се допира со раце. Да не се носи капа, шешир. После сушење малку бебешка пудра Бекутан или сув шампон. Да се избегнува мрсна храна.
Мене косата ми е бујна и долга, башка и фарбана и нон стоп махинално неосетно само ја преместувам де на една де на друга страна со рацете и одма другиот ден мрсна ми е, третиот веќе да не правам муабет... Сум пробала со се и сешто, да се воздржам да не ја чепкам, со разни препарати за мрсна коса, со природни, со хемиски, со шуви шампони, џабе се мрси, башка и еднаш гушнав една пријателка и ептен неубаво ми замириса косата и мислам дека смрдам корнам на тредиот ден немиена коса. На секој втор најдолго ја мијам и тоа ми е спасот за мрсна коса
Треба да се воздржуваш од фаќање.Напрај си некоја убава фризура за да не ја фаќаш.Пени и лакови не употребувај.Упорност треба.Труди се барем 3-4 дена да не ја миеш. Со волја се издржува.
Јас го имам практикувано "трикот" со немиење коса дури и кога е мрсна, додека ми беше испитна сесија, па секако не излегував баш. Скоро два месеци правев така и џабе, после пак си беше мрсна вториот ден вечерта. Иако постојано дел ми е фатен со штипка за да не ми паѓа на лице. Сега практикувам после миење и пеглање да ја испрскам со сувиот шампон за волумен од Батист и е далеку подобро.
Јас имам долга коса до задник,ненормално брзо ми се мрсеше и не можам да ја мијам на 2 дена. Веќе една година го користам шампонот на Лореал со глина и презодоволна сум освен што мирисот стои со денови,косата не ми се мрси како порано (не ја пресушува да знаете) И имам многу осетлив скалп освен со шампон од коприва со ништо друго не се миев а овој совршено ми одговара. Користам и на Batiste dry shampoo ептен фрка кога е па немам време да ја измијам косата. Исто зависи и каква маска користите и колку, не ставајте многу затоа што косата буквално се лепи и изгледа ретка. Инаку сега коса мијам 2 пати неделно не повеќе
И јас имам мрсна коса и случајно го здогледав овој шампон. Се решив да го пробам, поради тоа што ги користам купките и ми имаат преубав мирис. За разлика од други шампони што сум користела (а ги има премногу) можа да кажам дека само со него косата ми издржува 2 дена да ја носам пуштена и третиот ден во репче. Освен тоа, мирисот толку многу се задржува, тоа е чудо.
И мене ми се мрси многу. Морам да ја мијам секој втор ден. Понекогаш оставам уште еден ден да помине (ако не излезам) ама потоа па не се трпи од мрсна што е. Единствено со брезовиот шампон може да ми достои 48 часа, и со еден од Фармаси за мрсна коса ама штотуку го потрошив. Сега пак мислев да се вратам на брезовиот шампон (иако многу ја суши и нема некоја посебна убава свежина), но прво ќе разгледам мислења низ темава да испробам друга опција.
Јас ја мијам секој ден од 14 години. Станувам од спиење, мокра во главата позади. Жива вода. Кога бев на факултет ја подоставав да ја научам, ама не, иста песна, мрсна. Кога се вработив не можев тој луксуз да си го дозволам, и пробував шампони. И пак. Вежбав неколку години редовно скоро секој ден на тренинг, немаше шанси да ја оставам подолго од ден. Сега пак пробував и иста песна. Од што е мрсна и упива мириси побрзо. Среќа имам ептен права коса, густа и тенко влакно и многу е лесна за одржување. Со сушење и чешлње ми е мазна и средена. Морам да си го прифатам фактот дека имам мрсен скалп, мрсна кожа, и дека ќе ја мијам секој ден. Па си купив многу јак фен, за брзо да бидам готова.