Испробај го палмоливе од маслинки зелени мн е добар и коста мн добро мириса на маслинките јас го коростам и повеќе нрмам мрсна коса мн е добар околу 100 денари е вос ите маркети можеш да го најдеш
Многу шампони пробав џабе е, имам мрсен скалп и морам косата преку еден ден да ја мијам, не ми е проблем што ја мијам така, се нервирам барем да додржи до миењето да не биде мрсна. Мислам дека и поради тоа што нон стоп ја носам врзана ми се масти повеќе. Откако ја измијам ја засушам малку и одма шнолата во коса.
Јас користам само шампон од лук од фармаси. Многу ми се мрсеше косата но сега веќе почна да се навикнува на тој шампон и почна да не се мрси толку многу. А сакам да ми кажете искуство со брезовиот шампон? Дали е добар за мрсна коса?
На Алверде шампонот за мрсна коса ми ги пресуши врвовите, а на корените пак мрсна, од авокадо на Алверде за каква коса е, гледам доста фален е ?
За сува и оштетена коса е тој со авокадо. Мене ми е тежок и дополнително ми ја масти косата, ми ја прави малку како тесто. Јас пак се вратив на Лореал Елсив зелениот, со глина. Многу ми одговара и косата ми мириса на него до наредно миење.
Јас па имам позитивно искуство со шампонот ,имам масна коса го користам од Алверде со авокадо и одлично ми одговара косата ми е како свила постојано добивам комплименти изгледа кај секого различно Иначе има еден Алверде сензитив ми изгледа доста нежен би сакала да го пробам
Јас имам мрсна коса ама чувствителен скалп. Ја користев цела линија на клај на лореал ( маска за пред миење шампон и регенератор) супер е се ама добив првут пошто ми го пресуши скалпот. Освен head and shoulders др.шампон не ми одговара на скалпот. А ме чуди пошто и тој е агресивен не е баш нешто нежен. Заклучок....ќе си шетем цел живот со мрсна коса и ќе ја мијам секој ден на вакви жештини.
Сите шампони се покажуваат како агресивни ако се употребуваат секој ден.Секојдневното миење ја оштетува косата. Пробај да користиш сув шампон помеѓу редовните миења ако немаш пробано до сега.
Не ја мијам сегогаш секој ден...летно време само кога ќе залади се обидувам до два пати неделно да останам. А инаку клајот го употребив 3 пати и лушпи ми се направија на скалпот а head and shoulders го користам долго време. Кога видов дека клај не ми одговара пак се вратов на стариот шампон тој ми го опорави скалпот и косата само што тој не е за мрсна коса.
Alpecin A2 za masna kosa i pudra za kosa na taft od sekoj dnevno mienje na kosata sega ja mijam za 3 dena,maska za kosa ne koristam korista spren na revlon uniq one
Zdravo, I jas go imam istiot problem.. Sto ti nemam probano.. Nema resenie.. Denes ja mijan utre veke ko cela nedela da ne sum ja miela
И јас свашта пробав и некако не најдов некое решение. Едноставно се навикнав таква си е косата. Некогаш косата ми е добра и до 3 4 дена, ама некогаш само за 1 ден изгледам како во зејтин да сум пливала.
Така е исто и на мене,ама зависи и исхраната јас гледам мрсно мн да не јадам а кога ја мијам косата ја шампонирам и плакнам двапати ,а најефикасен досега се покажа шампон од коприви
Се согласувам со мислењево, и мене шампонот од коприва ми е најпогоден за мрсна коса, го користам веќе 4 месеци.
За тенка коса што брзо се мрси: направете регенератор со рузмарин 1 лажичка рузмарин 1 лажичка камилица 1 лажичка коприва 100 мл вода 1 лажичка јаболкова киселина или некој друг овошен оцет Измешајте ги билките и прелијте со врела вода. Додадете го овошниот оцет и оставете да отстои 10 минути. Процедете и измијте ја косата вообичаено. А потоа, на чиста коса измасирајте ја главата со оваа тинктура. Не ја плакнете косата. Наместо камилица и коприва може да употребите и мајчина душичка во еднаква количина. Доколку не сакате да завршите со тенка и масна коса, ова е вистинскиот непријател во борбата против несовршенството. Шансите за успех се добри доколку оваа постапка се применува еднаш седмично.
Препорака за шампон, ама да не фаќа првут. Вториот ден не ми е ептен мрсна зејтин, ама ја осеќам некако како да се лепи и не ми се допаѓа така. Користам Head & Shoulders.