Здраво девојки ! Дали некоја од вас го има користено овој шампон или другиот Биоблас со ловоров лист за масна коса ? Би сакала да знам дали навистина помага при намалување на себум...
Zdravo,dali mora da se strikno seanik ili ovaj,ne mozam da gi najdam bas pod ova ime,ama za mrsna kosa mi dava dosta samo mirisot razlicen,mozam bilo koj ?
овие два што ги користам јас се на Lush и ги има во Скопје сити мол, или ако не си од Ск, можеш тука да ги порачаш https://www.lush.com.mk/Jumping-Juniper-Цврст-шампон https://www.lush.com.mk/Seanik-Цврст-шампон
Јас го користам со ловоров лист и единствено од него сум задоволна. Ако со другите шампони ја мијам навечер, сабајле зејтин. Со овој преку еден ден држи
Јас косата си ја средив со Алпецин шампонот за мрсна коса,сега два пати неделно ја мијам и не ми мрси ич,додуша ја фенирам ставам пудра на тафт малко ќе ја натапиран и лак за коса и си ја носам три дена
Дали некој ја пробал оваа вода за масна коса на Балеа? На упатството пишува дека не се плакне, дали помага?
Каде го имаш сретнато овој шампон? Доколку се сетиш извести ме Секаде го барав ама никаде не го најдов. Јас го користев прво овој за првут, и многу ми одговараше и проблемот со скалпот ми исчезна, ниту ми беше сув, ниту мрсен, ниту имав првут. Сега го користам шампонот од ловоров лист анти-себум, и мене лично ми го пресуши скалпот, но ми издржува косата дури 3 дена без миење.
И јас го користев едно време и супер ми беше, ама по некое време почнаа како струпки да ми се прават од него и не го користев. Сега пред некое време пак го купив и пак исто... Му се случувало вака на некој?
Мене првут ми ствара по одредено време на користење и затоа сменив шампон. А дека помага, навистина помага. И сега пак би го користела, само не долго време. Моментално со wash and go мијам коса, колку толку задоволна сум.
Мене на Биоблас шампоните ми одговараат многу, особено тој со лук што е супер е. Како и да е на 3 дена се бањам, со што првиот и вториот ден косата ми е супер, е после третиот не баш ама издржувам за да не ја мијам толку често. И тој за мрсна коса на Биоблас е добар ама ми се презаситува брзо, инаку е супер
Имам мрсна коса која ја мијам на два дена, но едвај ми издржува и вториот ден веќе почнува да се мрси. Читав и на форумов и други некои препораки за шампонот Jumping Juniper oд Lush и би сакала да го пробам или тој или некој друг од Lush кој е за таа намена. Но, бидејќи имам проблем само со мрсен скалп, а косата генерално ми е сува и кршлива, дали конкретно овој шампон додатно ги суши краевите? Читав коментари од тој тип, па затоа решив и овде да прашам какво искуство имате вие?
Јас имам ист таков проблем! Тенко влакно со суви врвови и корен кој многу брзо ми се масти. Мене лично најдобро ми делува шампонот Green Matcha од Уртекрам. Мислам дека дури и е опишан како за таа намена. Конкретно за твоето прашање, со Lush немам искуство за шампони.
Не сум слушнала до сега за него, од каде го набавуваш и која е цената? Овој проблем го имам отсекогаш, некогаш дури и секој ден ја мијам косата и додатно ми се оштетува од фенот и пеглата. Ако има некој и други совети нека сподели, јас прашав конкретно за овој бидејќи прочитав добри коментари, но и други совети се добродојдени.
Јас лично од ecco-verde сајтот, бидејќи не живеам во МК. Кај нас го има тука: https://www.bellina.mk/p/271/green-...e-tipovi-na-kosa-od-zelen-chaj-macha---250-ml