Мене овој ми е океј, некои членки пишуваа дека им создава првут, но мене не. Од скоро почнав да го користам, навистина ми е погоден и помалце се мрси. Ќе видам како ќе биде понатака, но може да му дадеш шанса, па ако не ти одговара ќе го смениш.
Имав проблем со мрсна коса, имаше и братучетка ми. И ја миевме секој ден бидејќи не сакавме да шетаме такви. Така уште полошо си направивме. Ни требаше отприлика месец време за да ни се оправи косата. По совет од фризери ја остававме мрсна по неколку дена, ја миевме косата на 4-5 дена и не користевме некој посебен шампон за мрсна коса, туку каков имавме дома или оние од литро на Афродита или нешто од ДМ безвеза. Кога не можевме да се гледаме такви како зејтин да имаме истурено на глава стававме сув шампон додека да поминат неколку дена па да се измиеме. Важно е на корен да не ставате маска, капки или било што за омекнување туку само од ушите надолу по должината.
@Fallen.Angel И арно сте направиле.Секојдневното миење го иритира скалпот и често резултатот е мрсна коса,а понекогаш и првут.Битно е и да не се фаќа многу косата со рацете.
Исто,а сега дур ми е кратка(дека ја шишав пред 2 месеца) ставам куп шноли и венче за да ми е прибрана.
А како се нанесува овој шампон? Бидејќи е во цврста состојба, се нанесува директно со триење во косата како сапун? И колку време го користиш?
Да , како сапун се нанесува се трие од косата и се прави пена. Го користев лани , одличен ми беше. Сега не го користам зошто сум плава и косата ми стана сува, па користам др шампони
Девојки,мислам дека мојот проблем е за во оваа тема,но ако не е слободно нека биде преместен.Имам проблем со косата така што на секој втор или највише трети ден почнува да се мрси,а кога одам на фризер да се шишам ставаат од оној таканаречен магичен шампон и не само што косата ми е прекрасна,дури и не ми се мрси толку брзо значи може да издржи и 5 дена да не ја мијам.Моето прашање е каков шампон и што се друго користите вие фризерките па косата е толку мека,прекрасна,сјајна..кој знае нека ми одговори,ви благодарам однапред.
Сите фризери користат различни производи, најдобро да си прашаш таму директно да ти кажат тие. И јас имам мрсна коса, а на фризер ми ставаат многу производи, и маска, и средство за расчешчување и капки на крај и додека стигнам дома мрсна ми е косата, а не пак утредента. Така да, најдобро нив да си ги прашаш.
Мене за неполни 6 саати после фризер ми е мрсна. Пробај да ја миеш поинаку. Прво стави шампон на дланките размачкај го па на надворешниот дел од косата. Па почни да триеш на косата. Па прстите стави ги во косата и миј ја кожата на главата фактички. Треба убаво и насекаде да ја измиеш. Па пак повтори. Миј со поладна вода. Или со ладна на крај. Најди чешел кој нема да ја мрси косата. Не ставај маска за коса. Можеби ќе ти помогне ако ја исфарбаш цела коса. Свински сапун би ти помогнал 100%. И мене ми е мрсна откако сум родена скоро секој ден ја мијам ми се смачи веќе. Сабајле рано треба да станам, а ја треба коса да мијам сега. И сув шампон да не заборавам. Мене тоа ми е спас. Ама моментално немам.
А дали ако почнам да користам свински сапун,пред тоа може да ставам и шампон или само со свински сапун да ја мијам? Инаку користам еден шампон од Фармаси за мрсна коса,но не ми помогна.
Ја користев еден како темна мед боја од Фармаси ама не ми помагаше воопшто. Не знам ама најдобро е само со свински ако можеш. Ако не ти се измива убаво пробај пред или после со шампон па ќе видиш како е најдобро. Не знам кај би се продавал свински сапун. Ја кога бев мала користев домашно направен.
И јас веќе втор пат ми е како користам па некако подобра е од порано,домашно правен користам.Шампон ставам после миењето со сапун бидејќи ако ставам само сапун ми лепе косата
Со ваков се мијам јас. Ми држи 3 дена да не се измијам 4от се мијам. Има ваков и на коприва од истиов плав Хелена лого. И тој е добар.