1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мрсна коса

Дискусија во 'Коса' започната од Melodi, 20 ноември 2009.

  1. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    леле што тогаш девојки хелппппппппппппппп :(
     
  2. anamariia.x3

    anamariia.x3 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    857
    Фризерот на мајка ми и кажал дека е убаво да се става пудра но само во итни ситуации и не смее тоа да прерасне во навика т.е. секогаш кога ти е мрсна да ставаш пудра.Еве кога ти е мрсна во моментот,можеш да ја фатиш во реп .. така помалку ќе се гледа мрсното :)
     
  3. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Пробав со пудра пред некој ден и ништо. Мрсна коса ништо не ја спасува дури не ја измиеш. Ставив пудра, поседив некој саат со неа, ама јаде главата, паа си зедов си ја измив. :)
    Инаку, КИМ фала за обајснувањето. Искрено прв пат слушнав за ваква употреба на пудрата, ша стварно не знаев. :)
     
  4. didi1982

    didi1982 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    4.115
    Јас користам еден тоник на SUBRINA против мастење, се нанесува на мокра коса, се масира и се остава да се суши. Има многу убав мирис и се покажа како добро решение против мастење. Но, сепак, на крај на вториот ден, мора бебешка пудра :)
     
  5. LidoDeJesolo

    LidoDeJesolo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    го имам истиот проблем и скоро сите методи ми се пробани и да ви кажам веќе почнувам да се откажувам и практикувам миење почесто
     
  6. white.kitten

    white.kitten Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    76
    Лимонот ја расцветува косата?? Стварно? Прв пат слушам
    Инаку косата не ми се мрси брзо, освен ако не ја влечам и тегнам и фаќам по цели денови. Не користам никакви препарати, само со еден ист шампон ја мијам. А доколку го сменам имам првут и побрзо ми се мрси.
     
  7. Rosy

    Rosy Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2010
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    16
    Мене многу брзо ми се мрси косата, па сега сакав да пробам еден шампон што е за суво миење на косата, па би сакала да знам дали некоја има користено некој таков шампон и дали има ефект?
    Иначе косата ми е убава само тој ден кога ќе ја измијам, а наредниот ми е мрсна :(
     
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.903
    Допаѓања:
    81.171
    Пол:
    Женски
    Пробајте со Бекутан од камилица (со жолто капаче е), кај мене делуваше, само не ми се допаѓа како мириса, ама затоа пак косата ја мијам на 4 дена :)
     
  9. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    уште утре ќе го купам но дали ти се појави проблем со првут?
     
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.903
    Допаѓања:
    81.171
    Пол:
    Женски
    ^ Не, ама во случај да се појави, интервенирај со чичково масло (го има во аптеки, ефтино е) помешано со неколку капки лимон, ќе ставиш на памукче од смесата и ќе нанесеш на местото каде што се појавил првутот, оставаш да делува околу 20ина минути (притоа косата внимавај да ја исплакнеш поубаво, бидејќи во спротивно останува мрсна од самото масло). Првутот го снемува значително уште при првото миење, а резултатот е подобар секако со редовно нанесување, јас практикувам еднаш неделно. :)
     
  11. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    благодарам ќе го пробам ова :*
     
  12. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    добро бе луѓе се изнабарав бекутан шампон од камилица денес на неколку места немаше да барам во аптека?
     
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.903
    Допаѓања:
    81.171
    Пол:
    Женски
    Би требало да го има во поголемите маркети, Тинекс, Веро, пробај и во аптека, мора да го имаат.
     
  14. Sleshi12

    Sleshi12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Еј здраво јас сум нова така да .. Здраво на сите !

    Сакам да ве прашам што користите за виткана коса , како ја негувате и слично ..
    Мене косата ми се мрси на 2 дена :doh: Мислам дека колку е подолга косата и колку повеќе тежи , толку побрзо се мрси .. барем така ми кажаа :)
     
  15. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Мислев дека кристалите се уствари капки за коса. Каде можам да си купам и како се нанесуваат?

    Памучна вата? :^)


    Друго, мијте ја косата со шампон од коприва, не содржи јаки хемикалии па можете и секој ден да ја миете. Ем не се мрси често, ем убиствено брзо расте. Проверено :!:
     
  16. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    девојки бебешки шампон помага го купив бекутанот 2дена ми издршва косата убаво да ми е чиста што досега не беше така преку еден ден мрсна ми беше пробајте
     
  17. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    510
    Копирано ми е од некоја веб-страна. Инаку се мисли на памук.

    Мене бебешките ми се слаби и со нив уште побрзо ми се мрси.
     
  18. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Victorya
    со колонската вода на горниот дел од главата на коренот но сепак другиот дел од косата е спласнат и мрсен како ја нанесваш ти?јас имам ваква претстава :$
     
  19. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Јас имам претерано слаба коса и затоа ми се мрси. Ја миев секој ден. Случајно една пријателка ми кажа дека бебешката пудра од Бекутан многу помагала. Од тогаш после капење ја сушам косата и на коренот и нанесувам пудра. Мене многу ми помага. Косата ја мијам еднаш на 4 дена а и прекрасно мириса. Е проблем е што темната коса побелува од пудрата. Јас сум природно бебешко плава па кај мене не иде до израз.
     
  20. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    510
    Миме, бебешка пудра и колонска вода помагаат само ако косата почнала да се мрси во коренот, но ако е мрсна веќе 2 дена
    (пример само давам, да не бидам погрешно сфатена :) )
    , тогаш освен миење не помага ништо друго.