1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мрсна коса

Дискусија во 'Коса' започната од Melodi, 20 ноември 2009.

  1. Gi.ir.ll192

    Gi.ir.ll192 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2019
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    756
    Пол:
    Женски
    Да не го проба случајно?
     
  2. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.759
    Допаѓања:
    2.064
    Не..
    Сеуште мака мачам со мастењето на косата, ја мијам секој ден за да ми биде чиста и свежа но ако ја оставам преку еден ден веќе почнува да ми се масти.
    Некој ќе рече затоа ти се масти така ти е навикната - Не!
    Додека траеше карантинот ја миев 2 пати неделно, буквално масло ми течеше (facepalm)

    Нема што не пробав во последниов период, сите шампони наменети за масна коса,ќе ги набројам:

    Eucerin DermiCapilare Gel shampoo
    Ziaja Lavander
    Loreal Elvive Extraordinary clay
    Syoss Pure Volume
    Pantene Aqua Light
    H&S Lemon fresh

    Потоа се префрлив на бебешките без сулфати
    Babylove Malven extract
    Hipp
    Johnson's

    Ништо не помага. Само од бебешките без сулфати го видов спасот колку толку. Првиот ден кога ќе ја измијам косата ми е лесна и лелеава, мириса преубаво.. Ама другиот ден пак иста приказна, од страните кај ушите замастена.
    Иначе имам средно густа права коса, должина до половина, не ја пеглам често, не знам во што е проблемот.. :(
     
    На drugarka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.510
    Допаѓања:
    106.005
    Пол:
    Женски

    За мрсна коса спас ми беше шампонот на Lush jumping juniper. Пробај го, мислам и ти ќе бидеш задоволна како што се и повеќето на форумов :)
     
    На cresa-jagoda и MayDiamonds им се допаѓа ова.
  4. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.759
    Допаѓања:
    2.064
    Штом гарантираш го земам, се надевам ќе помогне..
    Стигната сум до таа точка што да ми речат стави мокрача помага ќе го направам тоа :rofl::tmi:
     
    На cresa-jagoda, oblace1 и koritsaki им се допаѓа ова.
  5. Gi.ir.ll192

    Gi.ir.ll192 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2019
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    756
    Пол:
    Женски
    Зошто вториот ден не пробуваш со сув шампон или бебешка пудра? Мене тие работи ме спасуваат...
     
    На cresa-jagoda и koritsaki им се допаѓа ова.
  6. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.759
    Допаѓања:
    2.064
    Сум пробала ама мислам дека уште полошо ми беше.. Ми спласнуваше косата во текот на денот, како безживотно делуваше едноставно си ја осеќав дека не ми е свежа :?:
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  7. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.365
    Допаѓања:
    10.477
    Пол:
    Женски
    Јас секој ден ја мијам косата. Прво зошто ми е кратка и не можам ни во реп да ја фатам, второ зошто не сакам мрсна да излегувам никако..

    Имам пробувано со бебешка пудра ама пошто темна коса колку и да тријам секогаш бело ми се познава. Сувиот шампон исто. Купив еден од Балеа за џабе го купив. Јас не знам како е повеќе од 48h да не ми е измиена косата.

    Помагајте..
     
    На simoncelicius и MayDiamonds им се допаѓа ова.
  8. Gi.ir.ll192

    Gi.ir.ll192 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2019
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    756
    Пол:
    Женски
    Ехх, остај тоа како си се осеќала хахах, се шалам. Кога ќе ја нанесеш бебшката пудра протрија со крпа и мене баш уште повеќе волумен ми добива косата, навистина е лошо секој ден миење на косата...
     
    На cresa-jagoda и MayDiamonds им се допаѓа ова.
  9. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.582
    Допаѓања:
    40.011
    Пол:
    Женски
    Од балеа и мене не ми се погоди. Од Batista ми беше ок ама не можеш да ја осеќаш свежа како тазе измиена.
     
    На simoncelicius и LovelyGirl3 им се допаѓа ова.
  10. Gi.ir.ll192

    Gi.ir.ll192 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2019
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    756
    Пол:
    Женски
    А да помешаш со какао? Немам пробано ама така сум слушала.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  11. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.365
    Допаѓања:
    10.477
    Пол:
    Женски
    E и тоа пробав, ама косата мириса многу лошо и чеша косата.
     
    На simoncelicius, cresa-jagoda и Gi.ir.ll192 им се допаѓа ова.
  12. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.135
    Допаѓања:
    124.928
    Пол:
    Женски
    Не ја фаќај.
    Секојдневното миење е огромна грешка.Пробај да намалиш на 2 пати неделно.
    Смени шампон.
    Ако не ти одговара сув шампон од Балеа,земи од друга марка.
     
    На cresa-jagoda и Gi.ir.ll192 им се допаѓа ова.
  13. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.365
    Допаѓања:
    10.477
    Пол:
    Женски
    Јас 24 саати што ја немам измиено ми е масло а камо ли 2 пати неделно. Хигиената ми е на високо ниво и никогаш не би одела со толку мрсна коса на улица. Прочитав горе за тврдите шампони на Lush и ќе се обидам со нив, ама додека траеше карантинпв пробав барем на 2-3 дена да ја мијам и немаше никаква разлика. После 20h веќе е мрсна.
     
    На simoncelicius, Џасмин и koritsaki им се допаѓа ова.
  14. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.135
    Допаѓања:
    124.928
    Пол:
    Женски
    Подолго време треба да се применува поретко миење.
    Да не ставаш масла или гел,пена...?
     
    На cresa-jagoda и LovelyGirl3 им се допаѓа ова.
  15. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.327
    Допаѓања:
    18.220
    Пол:
    Женски
    Ист случај сум и јас.
    Од денес за утре веќе е измастена како цела недела да не е миена.
    Со тврдиот шампон на Lush - Jumping Juniper некако ми издржуваше до од прилика два ипол дена, меѓутоа е преагресивен (SLS како состојка му е на главна прва позиција), и ми го пресушуваше скалпот до степен да ми предизвикуваше неиздржливо чешање и првут, па морав напоредно да ја мијам, еднаш со него, еднаш со кој било друг течен шампон. И онака беше скап, од пред некој месец уште повеќе ги поскапеа продуктите на Lush и чисто од инает за цената не го купив пак, а потрошив веќе 2-3 такви шампончиња и сигурно ќе го купев пак.
    Со ниеден друг течен и/или сув за жал не успеав да најдам решение за претераното мастење, едноставно скалпот екстремно многу ми се масти и тоа е тоа, не ми има помогнато ниту нечепкање на косата, ниту оставање на повеќе денови измеѓу миење, баш ништо.
     
    На cresa-jagoda и LovelyGirl3 им се допаѓа ова.
  16. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.365
    Допаѓања:
    10.477
    Пол:
    Женски
    Не,буквално ни регенератор не и ставам, ептен некогаш на врвовите иначе и така ми е мека и кратка и лесно се расчешлува, не ја ни фарбам.

    Исто. И јас имам пробувано да ја оставам неколку денови но безуспешно. Ти благодарам на инфото за шампоните на Lush. Слушнав и други искуства каде им се појавил првут и многу го исушил скалпот.

    Епа, изгледа ни останува секој ден да си ја миеме косата до крајот на животот.. *или додека не ни испопаѓа*
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bezobrazna01

    Bezobrazna01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2020
    Пораки:
    400
    Допаѓања:
    3.093
    Пол:
    Женски
    Еден од најголемите проб за мрсна коса е честото миење, прочитав и сфакам дека сите секој ден ја миете|( пробајте барем 2 пати во неделата да ја миете, нормално нема да видите промени уште првата недела, но за месец дена ке забележете:)и 2 пати во неделата е многу миење на коса после 2 месеци можете да намалите и на еднаш во неделата;)истио проб го имав и јас пред една год.
    Ако премногу ви е мрсна измијте ја и сплетете ја во плетенки, врзете реп или нес сл. Така нема да ви се познава дека ви е мрсна. И рацете подалеку од косата;)
     
    На edna_malecka и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  18. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.852
    Допаѓања:
    5.193
    Пол:
    Женски
    Имаше период (испитна сесија) кога пробав да ја мијам два пати неделно, па потоа и еднаш и можам да кажам дека воопшто немаше подобрување после. А го практикував тоа повеќе од месец со сигирност. Доколку скалпот се масти не може многу да се промени тоа. Јас лично не би се шетала со мрсна коса само за да не ја измијам. И не се лажете, се познава мрсна коса, без разлика дали е во реп или пуштена.
     
    На simoncelicius, Џасмин, LovelyGirl3 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.911
    Допаѓања:
    81.186
    Пол:
    Женски
    Мене на жештиниве многу ми смета кога косата ми е мрсна и се осеќам кога мириса на испотено.
    Не можам да ја оставам и таква да легнам да спијам на перница, ја мијам.

    2-3 дена ми издржува преку сила, обично на третиот ден ја мијам и ми се фаќа 2 пати неделно отприлика.
    Немам конкретен совет, едноставно се навикнав така и одамна веќе не се мијам преку ден зашто навистина не можам да се дувам со фен и да се фенирам на секое, а од природно сушење коса ми се прави мигрена.
    Денот по миење ми е добра, после тоа ставам сув шампон и изгледа пристојно, па веќе следното утро се мијам зашто не можам да ја поднесам таква.

    Многу ми помогна тоа што ја скратив косата ептен, затоа што имам тенко влакно (но густа коса) и тоа што самата тежина на косата си влечеше надолу ич не ми одеше во прилог и косата ми беше масна уште наредниот ден по миење. Кога ја скратив се растерети и во зима немам проблем со прекумерно мрсење, ама сега во лето ми смета па не ја оставам мрсна, не се осеќам убаво.
    Мрсно си е мрсно, се познава и мене ми смета. Не сум за миење секој ден, но и не ми се допаѓа ни да ја оставам косата нечиста и да легнам да спијам или да вежбам таква и да се запотам уште толку. :sweat:
     
    На simoncelicius, thelittle17 и edna_malecka им се допаѓа ова.
  20. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    И мене брзо ми се мрси.
    Сум пробала со не толку често миење, не помогна. И со разни шампони. Џабе. Навикнав. Такво влакно право, тенко имам и се мрси одма.
    Првиот ден е океј, вториот некако гурам и вечерта ја мијам.
    Ја мијам вторник, четврток и недела вечер. Правам некогаш отстапки секако ако испадне некој настан и слично.

    Обратно од @Mishela кога ја скратив косата лани, кај шо ми беше права и кратка и уште замрсена, на ништо не личев.
    Вака долга кога ми е, ќе ставам некоја панделка на глава, па ќе го замаскирам тоа коренот и долниот дел таман чист личи и терам некако.

    Највеќе такви венчиња/машни ми помагаат. У зима капа, права ствар. :)

    Исто и виткана кога ја носам, е тогаш не ми се мрси баш баш. Најубава ми е така.

    Ми смета мрсна и не можам да ја држам долго толку. Се е до влакното и типот на косата. Ние со права коса највеќе мака имаме со мрсење коса. :)
     
    На koritsaki, thelittle17, cresa-jagoda и 7 други им се допаѓа ова.