1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мрсна коса

Дискусија во 'Коса' започната од Melodi, 20 ноември 2009.

  1. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    4.990
    Јас скроз те разбирам и верувам. За мене нема спас тоа е.
    Јас се навикнав од 14 години навака. 32 имам.
    Сум пробувала, кога сум имала испити, цела патолошка бременост не се замарав и пак. Не можам на работа да си дозволам мрсна коса. Ама си ја мијам секој ден, се навикнав, рутина ми е. Имам права, тенко влако и густа коса.
    Имам и мрсна кожа на лицето... плус се потам во глава..
    И веќе не го земам толку срашно тој факт, сакам средена коса и си купив добар фен одамна.
    После 9 години цркна и тој и си купив уште подобар.
    Рутината ми трае 10 мин, едноставно најдов начин место да се нервирам.
     
    На edna_malecka и MayDiamonds им се допаѓа ова.
  2. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Мене ми помагаше на Лореал плавиот и шампонот од корпива на Афродита. Приметив дека шампоните со силикони побрзо ми ја мрсат косата и моментално користам на Алверде за сува коса и не ми ја мрси воопшто.
     
    На thelittle17 и edna_malecka им се допаѓа ова.
  3. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.123
    Допаѓања:
    13.691
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки
    И јас долго време мака мачев со масна коса и најмногу ми помогна шампонот за масен скалп на yves roscher. Ако претходно издржував по ден ипол сега се случува да ја мијам и само по 2 пати неделно.
     
    На Bjanki, MayDiamonds и edna_malecka им се допаѓа ова.
  4. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.128
    Пол:
    Женски
    Јас и пет дена да не ја измијам косата не ми е масна откако го користам шампонот Хелена .
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sleepy cat

    sleepy cat Нов член

    Се зачлени на:
    29 јули 2020
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Јас имам коса која се масти за половина ден-ден, и сум ги пробала и користела доста долго, меѓутоа џабе, немаше некој ефект..
     
  6. Ilajla666

    Ilajla666 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2019
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    1.348
    Овој е?
    Screenshot_20200815-141215_Samsung Internet.jpg
     
    На MayDiamonds му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Маки со мрсниве коси. Видов кај Биодевојка за Оливал, го земав вчера тој со рузмарин за мрсна коса, ќе видиме. Лаш тврди шампони дефинитивно не, почна косата доста и да ми паѓа, во последнава година гледам да користам некој поблаги шампони, од коприва или еден на Балеа имаше бел со пх5.5 и исто еден од јаболко што фино мириса, ама ситуацијата не се промени. Јас косата морам да ја мијам секој ден, освен тоа што брзо се масти, летно време кога најмногу се потам во косата, незамисливо ми е да ја оставам само така да се исуши, башка што чеша ненормално. Или пак кога вежбам, да се истуширам без коса миење, нема шанси. Навикнав да ми биде рутина сабајле туш комплет, исто ко лице и заби кога мијам, мијам и коса. Се надевам само Оливал дека не е агресивен. Инаку Лаш стварно поскапеле, веќе ништо не бирам од кај нив, среќа и ЛаЧа има тврди шампони, а има и многу девојки/жени што приготвуваат органска козметика со минимум хемија, далеку поефтини.

    А овие Хелена, што шампони се? Користи некој да каже? Првпат ги гледам искрено.
     
    Последна измена од модератор: 17 август 2020
    На drugarka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. beautys20

    beautys20 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2018
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    6.073
    Пол:
    Женски
    Незнам што се случи со мојата коса но во последно време е многу масна и опаѓа а не ја миев по 4-5 дена
    Пробав секакви шампони и ништо не помага сега нарачав од еден инста профил priroden.organski.sampon многу беа фалени и ги изработувала некоја девојка , прво ме праша на колку време ја мијам , дали е фарбана и оштетена косата искрено незнам како ќе биде не очекувам ништо но очајно барам решение ... ќе пишам искуство
     
  9. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.639
    Допаѓања:
    8.491
    Пол:
    Женски
    Мене ми се најсмешни советиве коа ќе напишете мијте ја еднаш или два пати во недела.
    Мислам дека сите прво пробуваат со тоа, да ја мијат поретко за да не се мрси али треба да знаете дека то ќа не успева кај сите.
    Јас преку лето ја мијам секој ден, едноставно не сакам со нечиста коса да легнам на чиста перница, и кога косата не ми е чиста се осеќам како да сум неизбањата, прљава, бљак.
    Плус што е плус 40, и вежвам секој ден, се препотувам и таква во кревет не фала.
    Кога е поладно, и кога не вежбам секој ден ја мијам секој втор. Али во јули/август на плус 40 степени кога ќе слушнам дека некој коса мие еднаш во недела(facepalm):puke:

    Што се однесува на шампоните гледам дека на српскиве форуми доста фалат еден од insight шампоните. Уште тој што не сум го пробала. Кај мене нема никаква разлика во однос на маснотијата, сум пробала и балеа и афродита и палмолајв, нивеа, лореал....
     
    На Macito007, Noemi, molikaMk и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Исто. Само јас малку завидувам кога некој може еднаш во неделата да си ја мие косата, би сакала и јас да можам.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Школски ко што имам учено правилно било на 2 недели да се мие коса :rofl: Луѓе што немаат мрсна коса можат да ти дадат таков совет да ја миеш еднаш неделно. Ама нема шанси да си дозволам ко небањата да личам и истите тие да те видат на улица ќе си речат види ја мрсна. Така да мијте си косите 3 пати неделно(fingers)
     
    На simoncelicius и LovelyGirl3 им се допаѓа ова.
  12. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.759
    Допаѓања:
    2.064
    81181_001.jpg
    Дали некој го има пробано овој пилинг за одмастување на скалпот?
    Во план сум да го земам заедно со шампонот за масна коса од истата колекција на Yves Rocher.

    Иначе тој шампонот што го фалите на Lush - Jumping juniper мене не ми помогна воопшто, еве веќе при крај ми е колачето.
    Косата ми е масна по неколку часа, не ми издржува ни ден, сигурно е поради сулфатите, кога користам шампон со сулфати секогаш ми е таква како сплескана, а и некако чудно ми мириса скалпот откако ќе се измијам. :(
     
  13. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Не сум ни знаела дека постои вакво нешто. Хм интересно. Не знам дали има логика во тоа што се вели дека честото миење може со време да ја влоши состојбата на кожата, ама еве шампони кои се специјални за мрсна коса мене не ми пријаат. Земав на Оливал, еден на Балеа со јаболко за мрсна коса и сѐ е исто освен што плус кожата на главата многу ме чешаше, ми се појави и првут. Сѐ си мислам да не имаат таков ефект и ваквите производи.
     
  14. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.365
    Допаѓања:
    20.606
    Пол:
    Женски
    Јас ја мијам два пати неделно. Еднаш во недела и уште еднаш во среда навечер или во четврток преку ден. И мене бргу ми се мрси ама јас почесто ја носам врзана така да не и се нервирам многу. Пуштена ја носам само за посебни поводи кога излегувам со другарките, кога одам на родендени и слично. Низ дома секогаш врзувам пунџа, а надвор обично репче високо врзано. Е сега ме нервира тоа што ми е премногу ретка како пајажина ми е ама тоа е. Кога би имало нешто за згуснување на косата добро ќе беше.

    Другарка ми има природно виткава коса и таа и една недела да не ја мие косата воопшто нема да и се измрси. И општо мислам дека тие што имаат виткава коса не им се мрси многу брзо.
     
  15. cornflakes6556

    cornflakes6556 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2020
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    На секој 2 ден. Недела вечерта ја измијам во вторник преку ден сув шампон и вечерта ја мијам.
     
  16. Anita22222

    Anita22222 Активен член

    Се зачлени на:
    3 март 2019
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки,имам проблем со мрсна коса такашто на секој втор ден веќе почнува да се мрсиме,а пак да не зборуваме за 3ти,4ти ден..имам слушнато за билјана прашок дека помага при мрсна коса,дали е точно и дали е штетен за косата?
    Инаку,денес земав друг шампон од аптека,ми го препорачаа за мрсен скалп,односно тоа е шампон со глина-Здраве актив,па дали некој го има користено овој шампон,каков резултат има,дали косата и понатаму се мрси или не?
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.290
    Пол:
    Женски
    Билјана прашок не се користи за коса. А шампон со глина не сум користела.
    Кај мрсна коса потребно е да се регулира работата на лојните жлезди. А тоа нема да се постигне со пречесто измивање со агресивни шампони, така уште повеќе ќе се лачи маснотија и ќе се масти побрзо. Треба да се користат нежни шампони за измивање и по можност да не се мие секој ден. Во темава има доста позитивни искуства, разлистај ја.
     
    На Anita22222 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Anita22222

    Anita22222 Активен член

    Се зачлени на:
    3 март 2019
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Дали некој ја има испробано маската со банана и каков ефект има?
    Инаку ме интересира за какво млеко станува збор,дали кисело или пресно??
     
  19. jaaagooodicaaa_

    jaaagooodicaaa_ Активен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2020
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Јас го решив проблемот со мрсна коса..ми се мрсеше после 2риот ден и морав да ја мијам 3 4 пати неделно..од аптека побарав шампон за мрсна коса,ми го препорачаа Здраве Актив со глина против првут и мрсна коса.Го испробав,од првото миење со тој шампон имаше ефект и така сега само 1 неделно ја мијам косата.
    И плус да напоменам,повеќе во денот ми е врзана во пунџа,а ноќно време за спиење полабава пунџа и така не доаѓа во допир со лицето кое исто така ми се мрсе често и го мијам по 100 пати на ден.
     
    На beautys20 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Gi.ir.ll192

    Gi.ir.ll192 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2019
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    756
    Пол:
    Женски
    По препорака од членка на форумот го пробав L'oreal elseve clay, и да воопшто не сум задоволна. Косата ми беше мрсна веднаш по миењето, мислам дека шампонот е наменет за сува коса.