Јас косата ја спасив од мрсење со шампоните од алкалоид (лук, коприва, нане и уште нешто имаше). Ставам и ад капки, Б6,Б9,Б12 мислам дека беа ова е за опаѓање. Порано ја миев секој втор ден сега некогаш 1 неделно некогаш 2 пати, би рекла во 10 дена два пати.
Претходно само такви користев и сакав да го испробам овај и прелошо, повторно си се вратив на билните.
Јас не сум задоволна од Зиаја. Покрај мрсна коса имам и проблем со опаѓање а од него мислам дека уште повеќе почна да ми паѓа.
Здраво Косата ми станува мрсна кон крајот на првиот ден, и веќе вториот ден изгледа како со денови да не е измиена. Би сакала некој да ми препорача некој шампон или некоја маска за коса што би можела да ми помогне. Поздрав
Dali moze da spodelite iskustvo so koristenjeto na ovie dva shamponi od belina kako ste zadovolni dali ima efekt?
Мене ми се покажале топ. Уртекрам ги имам скоро сите пробано, а овие ми беа меѓу првите бидејќи имам мрсна коса и тенко влакно, па баш се за мојата проблематика. Разликата е што едниот делува повеќе на зајакнување на влакното, а другиот дава волумен, додека и двата се супер за мрсна коса, барем мене ми беа. Зависи што ти треба. Јас го користев вториот од рузмарин и во комбинација со спреј регенераторот уште поделотворно е така. P.S. Ако ти е за мрсна коса одличен е и Green Matcha шампонот. Но тој е повеќе ако имаш мрсен скалп, а суви врвови.
Head and Shoulders Citrus fresh. Јас немам мрсна коса но на многу луѓе што ги познавам им помогнал многу.
Јас го користам скоро 2 недели и задоволна сум. Косата ми е чиста и после 2-3 дена плус не ми е мрсна (голем проблем имав претходно после 1 ден косата одма мрсна ми стануваше). Бај д веј го најдов во ДМ на попуст 165 денари беше околу 215 ден. ако не се лажам.
Од неодамна и јас западнав под истиот проблем,мојата коса почнуваше да се мрси на 4тиот ден и имав многу волумен но сега откако си ставив маска од Alverde косата ми се мрси на 2риот ден и нема никаков волумен па дали знаете некој шампон за волумен?
Според мене маските за коса се попрепорачливи за сува и оштетена коса, јас не сум фарбана, косата ми е слаба и многу често се мрси, кога пробав со маска уште толку се мрсеше вториот ден веќе неможев да ја трпам. Најдобро е да се мие со благ шампон и да не се претерува со шампонот бидејќи и ја менува ph вредноста исто помага и ако на крај косата се полие со чај од рузмарин
Јас имав со години проблем со косата. Конкретно имам многу комплицирана ситуација мрсна коса, тенко влакно и проблем со првут. И со години бев зависна од head&sholders бидејќи што друго и да ставев на глава веднаш ми се активираше првутот и тоа до степен да само да ја пипнам косата како снег да паѓаше од неа. Проблемот беше што со head&sholders веќе вториот ден коста ми беше ужасно масна. Пред некое време го земав шампонот на здраве со активен јаглен, а потоа прејдов на тој со глина. Можам да кажам дека конечно си го решив проблемот. Косата ми издржува да не се измасти 5-6 дена, а првутот не се појави. Единстевно што не ми се допаѓаше од овие шампони е што многу ми се замрсуваше костата и тешко се расчешлуваше (проблем кој никогаш сум го немала со косата), па воведов кондиционер на гарние фруктис со кокосова вода. Сега веќе полека се префрлив на гарние фруктис шампонот истотака од кокосова вода и кондиционерот. Знае од време на време да ми се активира лупење на кожата на линијата со челото (дали од неправилно исплакната или зошто цело време ми е собрана косата па таа линија ми е цело време изложена), ама открив еден серум на конопка против првут кој се става на измиен мокра коса и веднаш го средува и овој проблем.