Најобичен од маркет Ставам во чавче 2 прста оцет и 1 прст вода, и пред бањање ставам на коренот, и масирам убаво да се впие, и после стандард си мијам. Епа и ајс го иам тој проблем.Денес ако се избањам, неделата, еве не сабајле, ама до ручек веќе ми е ужас. Ама периодов доста седам дома, и си ја држам намерно така за да одмара а и помалку да се мрси, и еве денес не ми е мрсна сеуште, да е надеваме дека ќе потрае до вечер, да не мора за надвор да ја мијам. А и со првутот ми помогна, ама утре пак ќе ставам. Шо се` не и` ставам веќе оф..
Исто. Најубаво фризура тепсија или бричот и повеќе мака да не мачиме . Инаку фала ти, ќе птобам и јас, па се надевам барем малку ќе ми помогне и ќе ми го освежи скалпов .
Па јас, ем мрсна коса, ем првут ми искочи, да ти кажам се мислев машинка една да удрам.А ич ич немаше да ми стои.И пак истиот проблем ќе беше за некое време. Помага, ова оцет е за се` жими се, ем е пристапен, ем е мултифункционален Сто примени има, пробај и кажи после. Два пати неделно можеш да ја повторуваш постапката, да не ти го изгори скалпот
Да, ставав и јас порано оцет пред миење и многу ми помогна за да не ми се мрси. Смени го и шампонот може не ти одговара, јас милион шампони сменив, и на крај кога го пробав овој најобичниот старински од коприва од тогаш само со тој ја мијам косата.
Користам лук од афродита и го мешам со херба лајф, не ми прават баш проблем. А порано косристев коприва со wash&go од лаванда, добра ми била и тогаш и сега. Ама да пробам прво со киселинава, па после ќе менувам ако треба.
Пазете со оцетот, препорака за јаболковиот оцет е да се меша една шоља во литро вода, никако повеќе од тоа, затоа што после извесно време може да предизвика пресушување на скалпот и ептен проблеми да си направите.
После долго време, конечно успеав нешто што сакав одамна да го направам ама во исто време и не сакав Во темава одамна пишував дека единствен начин за решавање на масната коса е да се одвикне од пречесто миење. Порано се трудев да ја оставам колку што можам и максимум имам издржано некаде една недела. Ама последен пат не ја миев неколку дена, настинав и не можев да ја мијам уште неколку и со тоа издржав мислам 2 недели. Поводот за немиење баш и не мораше да ми биде настинка ама ај.... Морам да признаам дека збеснав малку. Додека се туширав многу малку ми фалеше да ја измијам и нејзе ама зошто немав сила заради превисоката температура ни да стојам, а не пак да ја средувам после миење, ја оставив. Резултатот од тогаш е - коса која издржува неколку дена пред да се измрси. Ако некој може да го проба ова, треба многу трпение ама навистина функционира.
Abel пишав во првиот одговор дека неколку пати се имам обидувано да ја оставам колку што можам повеќе и колку што можам намалував миење, колку и да сакав да ја измијам и ми требаше многу трпение. Постепено стигнав до неколку дена. Во овој случај издржав приближно/околу 2 недели (колку денови не знам, ако ја прочита причината зошто ја оставив ќе сфатиш зошто не се сеќавам - бидејќи не ми беше косата приоритет). После тоа промашив работа што заради важни настани пак почнав почесто да ја мијам. Но. до тогаш добро ми одеше. Барем за мене напредок е од еден-два дена на плус 2-3 дена. Косата навикнува на многу миење ама и одвикнува. Клучно е да нема обесхрабрување. Процес е
Фала ти, укапирав за две недели одокативно, но сакав да знам дали еднаш така си направила или во континуитет. Звучи мишн импосибл недела/две без миење. Ал ќе пробам некако.
Како што пишав, процес е. Се припремаш прво одредено време, па генерална проба па настан Мене ми помага и да не се опседнувам околу тоа колку време поминало откако последно ја имам измиено. Веројатно и затоа издржав толку време.
Не знам дали само јас мислам така за својата коса, ама буквално ме драпа кога не ја мијам, неподносливо е, се надевам ќе издржам.
Не мислиш само ти, свест, потсвест, сега веќе станува и потопло, повеќе работи играат улога. Прилагодувањето трае подолго време, не само еднаш, една недела и толку. Затоа пишав дека треба многу трпение. Ама вреди да не мора секој втор ден да мислиш на миење коса.
Нема врска дека треба да се исчека Х време за да престане да се мрси косата. Како што рече @Abel, може да те чеша и општо да се направат проблеми со скалпот како последица на насобрани нечистотии/масла или рани од чешање. Тоа е исто како да ви се потат пазувите и да не ги миете за после Х време да не се потите толку... Доколку не постојат други здравствени проблеми, тогаш едноставно нивото на лачење на себум ви е такво. Исто како што има луѓе што се потат повеќе и такви што се потат помалку, или имаат помрсна/посува кожа, така е и за комбинацијата лачење на себум на скалпот + текстурата на влакното (потенко/помалку волуминозна коса илк подебело/погуста коса). Некој има потреба да се мие секој ден, некој секој втор ден, некој еднаш седмично, тоа е... Единствено ако се миете често, т.е. секој ден, гледајте да не користите шампони со многу јак ефект на миење. Најчесто се нарекуваат агресивни, но и тие си имаат намена, кога е потребно подлабинско чистење; пример, некој „слаб" шампон би бил недоволен да измие густа коса. А доколку користите „послаб" шампон, не е проблем миењето и секој ден, доколку навистина има потреба за тоа. Одамна си пробував и јас во неколку наврати немиење долго време и апсолутно ништо не постигнав. И ден-денес почнува да ме чеша главата ако останам 3-4 дена без миење коса. Мислам, јас или било кој поединец не сме репер, но навистина нема потреба да се седи буквално со насобрано масло и прашини на скалп, кога лачењето на себум е и онака внатрешен фактор, @Abel.
Има логика ова. Јас немам мрсна коса, не знам дали е до периодот во годината или можеби до шампонот или незнамшто, вака не ми се случувало никогаш, да морам секој ден да ја мијам колку ми се масти. Шампон користам органски, може и да се адаптира скалпот, којзнае.
Се менува кожата во текот на целата година во зависност и од надворешни и од внатрешни услови, а се менува и со текот на годините. По таа логика, се менува и скалпот, па и квалитетот на влакното, така што нормално е да чувствуваш промени. Што се однесува до органско или не, нема врска, може и органски и „неоргански" шампон да ти е агресивен или таман, да не ти одговара или да ти одговара. Едното не е супериорно над другото .