Органските би требало да немаат конзерванси и хемија која би го пореметила скалпот. Овој е на Бабушка Агафија, мислам дека е доста слаб, за секојдневна употреба.
Не знам зошто конзервансите имаат толку лоша репутација, и кога се работи за козметика, и за храна. Самото тоа што прават да се спречи развој на бактерии, мувла итн и со тоа го продолжуваат животниот век на производот баш треба да нѐ радува и да ги бараме во производите, а не да бегаме од нив. Еве што се случува кога не се користат воопшто конзерванси или во недоволна количина. Мислам, јасно ни е на сите што е резултатот, ама веќе е премногу пространет (неточен) наратив дека конзервансите се штетни и тоа е... Инаку, ни „обичните" шампони немаат „хемија" која го пореметува скалпот; тоа е како што би рекла @Lianna Anna, натуралистички пристап, логичка грешка дека природно, особено органско = подобро, поздраво, побезбедно итн... Како што кажав погоре, шампон може да ти е таман или да ти е преагресивен без оглед на тоа дали е природен, органски или не. Инаку, не го знам шампонот, супер ако ти одговара и не ти е агресивен .
pdb123 пишав мое искуство. Никаде не пишав дека е правило и дека ако мене ми успеало дека и кај друг ќе успее. Во овој долг процес не влегува само немиење туку и каков шампон, какви продукти, кои се активностите во денот и куп други фактори, впрочем како што подоцна имаш пишано и ти Ти имаш пробано на неколку наврати, јас со континуирано зголемување на периодот на „немиење“ (не е немиење, едноставно немање потреба секој втор ден да ја мијам) и утнав работа тогаш кога повторно почнав често да ја мијам. Од тоа сфатив дека и едното и другото се навика на кожата. Ова е според тебе. За мене и те како се покажа дека има, заедно со други работи. Само за сè треба време. Ние сакаме моментални резултати, а ништо не е така. За еден крем за лице ни треба време да процениме дали одговара, исто е и со ова.
Па но кој принцип да го бирам? Не знам дали е благ, јас тоа вака лаички го гледам по состојките, некои работи не користам затоа што знам дека ми пречат, алкохол, ланолин и слично.
Е па тоа е тешкотијата всушност, да си најдеш што ти одговара.. За жал, тоа се учи само со проба, евентуално да читаш искуства/reviews за одреден производ од луѓе со сличен проблем, што одзема време . Ама искрено, на тоа се сведува . @OmniaVanitas, никаде не ти реков да прекинеш. Ако сметаш дека така треба да правиш, така продолжи. Само искажав дека не е поткрепено од научен аспект. Ако си сменила и други фактори, особено производи кои ги користиш, поверојатно е тие да ти помогнале затоа што ти биле попогодени, отколку самото немиење. На крајот од денот, небитно е, како што кажав, прави како што сметаш дека за тебе е најдобро, затоа и не те цитирав тебе да ти наметнувам мислење, туку ја советував Абел. А се разбира дека нема брзи решенија за повеќето работи.
За мене: колку поедноставно - толку подобро. Шампон од коприва, лук, бреза и слично се секогаш добар избор. Некогаш и детските шампони се добри. Ама претежно, како што веќе пиша и pdb123 е пробување. pdb123 не гледам дали производот има конзерванси или не ама не разбрав што треба да се гледа на сликата? Не. Додека ги правев сите тие работи ама без делот со намалување на честото миење - ништо од тоа не помогна. Единствено кога намалив со толку често миење забележав промена. Затоа после долго време и се вратив на темава за да напишам мое искуство.
Сум пробала со сите достапни, но имам долга коса и не ми е фарбана, па има друг проблем, почнува да ми паѓа и ми се плетка ужасно. Не користам регенератор, не ми е опција, така што никако да ја подобрам ситуацијата. Ама што викаш, ќе мора да се испробува.
Не, само уште толку ја масти. Маска само јајце, млеко, квасец, тие природните де ама без никакви масла, иако се природни не знам, некако не ми пријаат на скалпот. А за раста суканиците кои ми се прават, буквално ептен се плетка бидејќи е нетретирана земав еден чешел од дм демек специјално за тоа бил, ама ќе видам како ќе се покаже, не сум ни знаела дека постои тоа.
Маски, регенератор, масло и сите овие продукти (дури иголем дел од домашните) се нанесуваат по должината на косата, не на корен. Можеби затоа ти се масти и ти прават проблеми. Нанесуваш од долната вилица (па дури и подолу) па надолу.
Маска користам само за коренот, за да ми се намали паѓањето пошто ако се масти ќе ја мијам, а паѓањето немам како да го решам, бидеќи е последица на ковид, инаку за расчешлување не. Не знам дали и тоа има улога во мастењето, ама на пример белка од јајце ја користат и за одмастување. Никако да потрефам изгледа.
Не знам што е, не појаснува, само кажува дека тоа белото почнало да се јавува по некое време... Што и да е, не треба да се појавува. Еве друг пример како се јавила мувла. @Abel, како што ти напишала и @OmniaVanitas, ако се решиш да користиш регенератор, не го ставај на скалпот, само од половина на косата надолу. Инаку, за расплеткување мене ми помага ова: Спојлер Го прскам исто од половина на косата надолу, после бањање, ама може и на сува коса да се прска (јас не правам вака, за да не си правам дупла работа - да си ја влажнам косата после бањање, плус, демек како некоја заштита на косата од топлината на фенот). Прскај од подалеку за да опфатиш поголема површина. Го зедов од dm, ама сум го видела и во Веро. Мислам дека е околу 300 денари. Инаку имам тенко влакно.
Мене за помалку мрсење ми помогна тоа што првин ја мијав секој ден, па на 2 дена, па после пробав на 3 за да дојдам до 2 пати во неделата, не користам јаки шампони, користам маска, регенератор...пијам солгар повремено, мислам дека и солгар направија што помалку да ми се мрси косата. Сепак пречестото користење на хемикалии ја оштетува косата, секојдневното миење прави да се мрси многу повеќе, пробајте да го намалите да не ја миете секој ден, да избегнувате фаќање со раце. Секако ова е индивидуално, порано користев јаки шампони мислејќи дека ќе ми помогнат да не ја мијам толку често, за на крај да ми се погодат шампоните од alverde. Никогаш не користам еден ист шампон долг период и општо земам неколку вида и се мијам најизменично и така не ми се презаситува косата. Ова сепак е мое искуство
Сега сум послободна да пишувам, т.е. да побарам информации околу темава. Да нагласам: не пишувам за да наметнам или да се убедувам, споделувам чисто информативно, ако му значи некому . Се заинтересирав и јас да сфатам подобро како ни се мрси косата . Еве овде објаснува зошто миењето не влијае врз тоа колку себум се лачи. Накратко, како што сфаќам, при целосно чист скалп, жлездите го туркаат себумот нанадвор и по некое време лачењето престанува поради површинската тензија на себумот. Таа површинска тензија си е („вродена") карактеристика на себумот како течност (како на пример, густината на водата што е 1000 kg/m³, а на челикот е околу 8000 kg/m³) и веројатно доаѓа до нејзина промена само поради внатрешни промени на организмот, односно кога би се променил себумот како течност (неговиот состав)?! Значи, себумот се лачи сѐ додека не покрие одредена површина на скалпот. Е сега, мене не ми беше јасно - ако е така, тогаш зошто би продолжила да ни се мрси косата, зошто не остане на тоа првично, лубрикантско ниво? Моја претпоставка е дека со самото движење на косата (без разлика дали ја допираме или не; со самото спиење итн), себумот се преместува од скалпот по должина на влакната, со што се ослободува простор, па тогаш повторно се лачи нов себум за да го пополни местото на стариот кој се поместил. Кога се миеме, ние наеднаш го тргаме себумот, односно отвораме простор, па почнува да се лачи нов себум. На некој начин, испаѓа дека миењето поттикнува лачење на себум (заради ослободувањето на простор), но тоа лачење ќе биде еднакво како претходно, не поголемо: сѐ додека не се пополни просторот, во зависност од тоа колку дозволува површинската тензија на себумот. А како што пишав погоре, имајќи предвид дека при ист тип на себум, површинската тензија како негова карактеристика е иста, тогаш повторно ќе се излачи иста количина на себум, не повеќе. И така во круг. Ова е барем моето сфаќање. Не е целосно дообјаснет постот, а скоро и да нема вакви реални податоци на Гугл, сѐ само од списанија и блог страни ми излегуваат резултати, што, да бидеме реални, не проверуваат факти, барем не толку ригорозно . @Abel, повторно те цитирам, ама еве најдов нешто што можеби ќе те упати/ќе ти помогне при барањето на шампон. Општо, целиот профил може ќе ти е од корист. Исто така, на коментар на претходниот пост што го споделив, имаше напишано дека имала споменато во друг пост дека е мит дека 2 пати мора да се премива косата со шампон. Одамна некогаш и јас сум го прочитала тоа некаде и не ни памтам кога сум ја миела косата 2 пати, секогаш ја мијам по еднаш и не сум имала проблем. Мислам дека е само „проблем" ако е преслаб шампонот во комбинација со ептееееееен мрсна коса, инаку би требало сѐ да измива од еднаш, слично како миењето раце, тело, сјај за миење садови итн . Друго нешто што можеш да направиш, баш поради тоа што спомена погоре дека си купила чешел/четка, е баш помалку да се чешлаш, т.е. што е можно помалку да користиш чешел/четка . Еве овде објаснува зошто и појаснува дека ова е особено важно да се избегнува при влажна коса, затоа што тогаш косата е уште поранлива и полесно се оштетува. Може ќе ти значи ако практикуваш чешлање на влажна коса, и од аспект на паѓање на коса (полесно паѓаат влакната ако ги тргаш тогаш со чешлање). Доста е философирање за денес .
@pdb123 Има логика ова што го пишував, ама па паметам навистина, барем за кожа на лице дека нели ако ти е мрсна кожата поагресивен пристап дополнително ја масти кожата. Скалпот е поинаква површина веројатно, поинаку изложена. Не ја чешлам никогаш на влажно, ама морам да ја чешлам бидејќи не користам регенератор. Еднаш ја шампонирам, и буквално сите ме убедуваат дека не требало така. Немам Инстаграм, ама отворен е профилот, баш ќе погледнам, фала ти за трудот
Не можам никако да најдам, следам милион профили на Инстаграм, ама и јас порано го мислев тоа, затоа што тој став се ширеше. После наидов на информација која кажуваше дека тоа не е вистина, дека со миењето не се влијае на количината на себум на лицето. Кога ќе видиш, нема причина зошто тоа горе не би важело и за лицето и остатокот на телото. Можеби кожата не е целосно иста, но механизмите на лачење себум веројатно би биле исти . Инаку, нема проблем, мило ми е ако ти помогнав .
pdb123 нормално е да се појавува мувла на производите без конзерванси, не знам зошто им е ова изненадување на некои Затоа на таквите производи е наведено строго време (најчесто денови до недели) на употреба после отварање. За себумот: интересно мислење. Ова со немиењето коса е толку табу што ретко кој се осмелува да пишува. Веднаш е обележано како „нехигиенски“ (и ова е најблагиот збор што се употребува). Не се обрнува толку внимание веројатно затоа што шампони има предостапни, а веројатно и на таа индустрија не ѝ е во полза да прави истражувања на оваа тема. Морам да признаам дека и јас бев огромен скептик пред да почнам да практикувам некои работи. За разлика од твоите пребарувања, моите (иако малку поодамна па затоа ќе пренесам само она што се сеќавам) пишуваа малку поразлично - доаѓа до еден вид „премастување“. Во еден од случаите една девојка имаше пишувано дека после долго време немиење, косата престанала да ѝ се масти и ѝ се вратила на константен „изглед на штотуку измиена“ коса. Како што разбрав од она што го имаш објаснето, можеби кожата на скалпот е слична со останатиот дел од телото но не можам да се согласам дека е исто затоа што, пример: на кожата на лицето влијаат надворешни фактори, а скалпот ја има косата за да ја заштити од тие влијанија За миење на лицето најчесто не се користи само вода, туку и средство. Исто како што за коса не се користи само вода туку и шампон. Од ова произлегува дека, во комбинација со хемијата која ја користиме, резултатот кој го имаме е токму од тоа. Затоа и не е препорачлива прекумерна ексфолијација на лицето - затоа што колку повеќе чистиш, толку повеќе се создава нова кожа, а ист случај е и со скалпот - со шампонот се одмива горниот дел од кожата (заради кој, пак, се случува да има непријатно чувство и чувство на чешање) и поттикнува создавање на нова кожа. За ова имам повторно свое искуство: секој ден ја отстранувам шминката (и со тоа го отстранувам надворешниот слој од кожата). На почетокот на пандемијата (карантините) не носев шминка и имаше периоди кога не ја миев кожата на лицето со дополнителни средства туку само со вода. Тогаш сфатив дека после неколку дена се создава еден вид „наталожување“ на кожата кое самата го имам доведено до тој степен заради користење на премногу препарати кои не ѝ се потребни на кожата. Од тогаш, намалив на средства за чистење колку што можев и забележувам разлика исто како и со косата. Затоа кога ќе напишеме „миење на коса“ не е само миење со вода како што би било секој ден за лице (иако и за ова почнаа луѓето (веќе си пишав дека ни јас не бев исклучок) да се опседнуваат со прекумерна употреба на секакви препарати, 2 вида пилинзи, 3 вида гелови, 4 вида лосиони, 5 вида тоници...you got the drill ) бидејќи употребуваме и хемија (шампон) која всушност ја има заслугата за прекумерното мастење. Барем за мене и според моето искуство
За многу работи нема да се согласам или мислам дека се измешани брзините . Инаку, не знам како си ме „тагнала“, ама без @ пред името, всушност не сум тагната и не ми стига известување, случајно повторно ја отворив темата и видов дека си ме споменала. Да, затоа реков дека ни е јасно на сите. Меѓутоа, и покрај овај „очигледен“ факт, има многу наративи за избегнување на конзерванси затоа што се сметаат за штетни оти не се „природни“. Заради тоа и ги ставив линковите, затоа што Абел пишуваше дека се труди да избегнува конзерванси, за да ѝ кажам зошто не би требало (всушност, баш на едниот линк во description пишуваше дека поради фобијата на општите маси од конзерванси, се прави поголем притисок врз козметичките хемичари да не ги користат). Не ја обвинувам, едноставно премногу информации се шират, има платформа да каже кој што сака, без разлика дали е издржано или не. А имајќи предвид дека не секој човек има време (или сака) да ја проверува секоја една информација за секој аспект во животот, јасно е дека нешто ќе „помине“ така. Искрено, јас баш го мислам спротивното. Да разгледаш овде низ темата, а и брзо пребарување на Гугл, баш имаш милиони и милиони препораки за миење помалку на косата. Евентуално во живо луѓето не би те разбрале - на интернет, веројатно повеќето би се согласиле со тебе . Ми се појавувале милион вакви „феномени“, меѓутоа сè уште не ми е најдено објаснување, не се погодило некој попрофесионален да ги коментира . Се разбира, не е баш исто. Повеќе мислев на механизмот на функционирање барем на лачењето на себум, и тоа не мислам количински, туку општо, „законите“ на функционирање, не знам како да ги наречам . Не сум сигурна како мислиш за ексфолијацијата тука. Обично средство за миење лице и обичен шампон немаат ексфолијациско дејство сами по себе, туку само отстрануваат масла и нечистотии од кожата/скалпот. Е сега, поради користењето на раце, односно триењето кожа со кожа, настанува некоја мала механичка/физичка ексфолијација, на сличен начин како што е со пилинг. Меѓутоа, кожата (на прстите) ни е многу понежна од пилинзите; освен ако не се копаш со ноктите и да триеш агресивно, како на пример кога се чешаш/изгребеш од нешто, не се добива таква (агресивна) ексфолијација. Не би се согласила за наталожувањето. Правиме ексфолијација баш заради природното наталожување на кожните клетки, а не обратно. Имено, секоја кожа има сопствен циклус (т.н. cell turnover) на создавање на нови клетки и опаѓање/отстранување на старите клетки кои се заменети од новите. Овој е најбрз кај деца, кај возрасни е околу 28 дена, а со стареењето сè повеќе и повеќе се зголемува, односно може да е и дури на 60+ дена кај стари лица. Е сега, ако се забавува тој процес, тоа значи дека поретко се создаваат нови кожни клетки кои ги „истуркувааат“ старите при нивното движење нагоре по слоевите на кожата. Тоа значи дека на површината си остануваат „остарени“ клетки кои под дејство на надворешни влијанија се оштетуваат и го даваат тој изглед на умор, пигментација, текстура на кожата, кај некого тоа предизвикува и појава на акни затоа што тие клетки во комбинација со себумот ги затнуваат порите итн. Се разбира, ако си помлад, нема да е изразено, но кај постар често е. Со ексфолијацијата баш го отстрануваш тој стар слој за да дојде до израз новиот, „помлад“ слој на кожата, ако можам така да го наречам. Доколку претераш со екфолијација, тоа ќе се изрази преку чувство на затегнатост на лицето, воспалување, нафрлување затоа што си отстранила премногу слоеви на кожата, односно си ги изложила на надворешни дејства клетките кои сè уште не се „спремни“, „созреани“. Преку отстранувањето на старите клетки поттикнуваш да се продолжи со производство на нови клетки. Сепак, тоа не предизвикува наталожување, не може производството да се зголемува/забрзува неограничено, па дури ни толку многу кај обичен човек. Ако престанеш со ексфолијација, односно ако престанеш да ги отстрануваш старите клетки со „надворешна“ помош, се враќаш назад на почеток, каде се потпираш само на природното, забавено отстранување на старите клетки, па затоа пак се „наталожуваат“ клетките, а со тоа и се намалува производството на нови клетки. Не сум го прочитала никаде како факт, туку кажувам според тоа што мене ми е логично, а тоа е дека мислам дека ексфолијацијата не може перманентно да го промени производството на кожни клетки. Да беше така, ќе појдевме еднаш на професионален хемиски пилинг и немаше да има потреба повторно во животот. Не само тоа, туку и зголеменото производство на кожни клетки, со таа брзина при која немаат „време“ ни да паднат/се отстранат го претставува автоимуната болест псоријаза, чиешто потекло е генетски фактор, не ексфолијација или други производи. Во секој случај, кај луѓе без псоријаза, забрзување на cell turnover не е лошо; впрочем, „најубава“ кожа имаат бебињата и децата, каде е најбрз. Баш со него не доаѓа до наталожување на слоеви на кожата. Во твојот случај, не можам да знам зошто си имала такво чувство, само мене лично не ми е логично тоа да е од ексфолијација, заради сè што напишав погоре. Се согласувам дека има прекумерна употреба на козметички производи. Исто така, не сметам дека на секој му е неопходно постојано миење на лице. Јас варирам меѓу нормална, комбинирана и сува кожа, па мене ми е доволно со средство да го мијам лицето само навечер, затоа што СПФ кремата не се чисти само со вода. А наутро се мијам само со вода, затоа што немам потреба, не ми се мрси лицето. Но јасно ми е и ако некој со мрсна кожа има потреба и двата пати да го мие со средство, и не мислам дека му штети, туку веројатно и му користи. За тоа дали средствата за миење и шампоните придонесуваат за претерано мрсење на кожата веќе нели го напишав постот зошто не мислам дека е така, да не се повторувам . Би додала само, камо да беше така, ние со посува кожа постојано ќе се миевме за да ни се зголеми производството на себум, но тоа не е случајот. Ако некогаш си искусила сува кожа (било на лице или друг дел од телото, како петици, лакти, колена), сигурно си забележала дека после бањање иако ти е посува кожата, не почнува да ти се замрснува за да надокнади поради дејството од средствата за чистење . Инаку, неповрзано со тебе, ми текна да допишам нешто на погорниот пост. Ќе го цититам повторно, за да има континуитет. Друга причина зошто е пожелно редовното миење на мрсна кожа е поради габата Malassezia (има повеќе видови) која е дел од микробиомот на кожата. Таа се храни со нашиот себум, со што доаѓа до нејзино размножување и разградување на себумот на повеќе работи. Дел од тие работи за нас се иритирачки и кожата, т.е. нашиот имун систем, во обид да се „спротивстави“ предизвикува забрзано производство на кожни клетки кои ние ги доживуваме како првут. Во некои случаи може и да настане себореичен дерматитис, т.е. себореја, кој/а не е ограничен/а само на скалпот, туку може и да го/ја има на лицето и други делови од телото.
Немаат такво дејство сами по себе, но хемијата во нив и во комбинација со употреба на памук, сунгер или слично помагало се еден вид ексфолијанти. Овде напишав за константна ексфолијација и од она што го забележав што се случи со и после тоа кај мене. Напротив, во ред е ексфолијацијата. Погоре пишав, не претерано туку константно. Значи комбинација од секојдневна употреба на средства и реквизити кои исто така влијаат Ексфолијацијата ако не се прави онака како што треба може да ја оштети кожата на многу различни начини. Затоа на пилинзите пишува 1-3 пати неделно во зависнот од тоа каков е. Луѓето најдоа loophole па ако на ТОЈ пилинг пишувало 2 недели, другите денови ќе користат други 2 ексфолијатори (начинот на кој им (не)работи мозокот на некои луѓе.......) па имаше дерматолози кои мораа да прават видеа за да предупредат и да исправаат неточни информации за луѓево да не останат без кожа... Затоа пишав мое искуство, нели, форум служи за тоа Прво применив и променив на кожа на тело, па на лице и на крај на коса. И во сите случаи ми се потврди теоријата. Еднаш професионален пилинг не е исто како константно и рамномерно третирање, ова е разликата што ја укажувам На сув скалп нема толку себум ама најчесто (не и по правило) има појава на првут кој станува полош со почеста употреба на потешки средства и шампони. Кога претерав со секакви шампони ми се намали маснотијата но ми се појави првут. Се имам изгорено со многу „препораки“ за масна кожа што ме довеле да имам пресушена кожа која ми требаше (и уште трае тој процес) многу време за да си ја прифатам онаква каква што е и за да сфатам дека колку поумерено - толку подобро. Сега го „пробав“ (под присила but it still counts ) ова со немиењето, сфатив дека функционира и се обидувам да го применувам кога и како можам. Те разбирам што сакаш да кажеш (патем, great talk, научив по некоја нова работа) и во делови се согласувам, во делови - не толку. Сето ова што го пишувам е од мое искуство и обид за дестигматизирање на одредени работи
Здраво имам премногу тенка права коса која се мрси после 24 часа од миење. Имам пробано секави шапони без силикони па до пилинзи наменети за скалп и ништо не ми помага. Редовно менувам навлака на перница. И покрај тоа што ми се мрси косата ја мијам на 3-4 дена. Ве молам за совет зошто ова навистина не се издржува. И имам читано дека шампоните во тврда форма што се продаваат во штандот во scm( не ми текнува како точно се викаат) биле добри па дали некој има искуство со нив?