Додека користев тврд шампон ми стана поужасна косата. Скалпот стана уште повеќе мрсен а надолу ми беше барут сува, разлетана катастрофа. Единствено ми помогна да не ставам на секое миење маска за коса, такво ни е влакното на косата и скалпот пред се. Со мрсна кожа тоа е.
Дали кога користите маска за коса и такви плус производи за коса забележувате дека многу повеќе ви се мрси косата? Иако ставам само на врвовите, ништо не ставам на коренот. Почна да ми се мрси косава за неполн ден, иако порано барем 2 дена можев да ја износам и се прашувам од што. Дури и после миење одма како сплескана и нечиста почна да ми станува. Последно што сменив во рутината е последната година што додадов повеќе производи за коса, бидејќи почнав да ја нијансирам, па ајде да ја заштитам колку толку, сепак се става бланш, па сакав да ми изгледа оштетено. Не сум ја нијансирала година дена веќе и ја кратам, скоро падната ми е цела боја, баш ради ова размислувам дали повторно да ја правам или не. Вчера не ставив ништо после миење, само со шампон ја измив, да видам дали е до тоа и некако доста почисто и поволуменозно ми изгледа косата за разлика од кога ставам маска и слично. Ќе видам дали до утре ќе издржи да изгледа чисто. Имал некој ваков проблем?
Да. Колку повеќе производи ставаш толку повеќе се мрси. Што користиш? Јас пример ја измив синоќа, денес цел ден ќе ми е убава и утре кога ќе станам од спиење мрсна. Имам навика да купувам шампони што се за оштетена коса иако мене не ми е. Викам ај дополнителна нега не штети ама ако купам за мрсна ќе ми ја пресуши..
@Dream-Girl, кога си тазе шатирана исто поспоро ти се мрси, бидејќи ти е посуво влакното. Така да, ако одамна не ти е шатирана, може затоа почнуваш да забележуваш почесто мрсење. Иначе голем дел од производите за коса се скем. Доволно ти е маска/кондиционер за расчешлување и силиконски капки на мокра коса, за да ја задржат влажноста на влакното.
Јас веќе неколку години не користам маска за коса. За други производи па да не зборувам, баш од таа причина дека пречесто ми се мрси. Првиот ден е океј, вториот веќе мрсна. Ајде ставам сув шампон да прикрие колку-толку, инаку би требала да ја мијам секоја вечер. Ако некој го најде лекот за мрсна коса, да ме извести. Што ли не сум пробала, џабе. Гледав за еден шампон околу 30 евра, би го купила доколку вреди. Очајна сум.
Исто, цел живот ми се мрси брзо ама периодов екстремно брзо, нервоза ме фаќа веќе. Кој го измислил сувиот шампон, свака му част. Најголем спас ми е тоа.
Има да. Розевиот го имам користено од некој цвет што беше, не сум сигурна дали беше лимитирана колекција и тој од кокос. Од кокос најубав ми е некако, па се него си го прекупувам.
Ако ти била хемиски третирана затоа помалку ти се мрсела. Јас имам заприметено дека со поблагите шампони пр alverde побрзо ми се мрси косата. Регенератор, маска исто така ја мрсат. Менувај шампони да не ти се презаситва од еден ист. Пробај поретко да ја миеш, јас во лето ја мијам 3 пати во неделата, во зима 2. И ако имаш тенко влакно и то придонесува. И јас ја имам истата мака, а не сакам секој 2 ден да ја мијам оти мислам дека така повеќе ми се суши влакното
Здраво, ќе ве молам за одговор, за братучедка ми се работи, млада е, 13 години, но косата многу и се мрси, сабајле да ја измие - навечер и е веќе мрсна, и многу и е ретка косата, бебешки влакна и никнуваат, но не се згуснува, пак и се гледа главата, што мислите, има некој природен начин за отстранување на тоа? Може да е од телесната тежина?
Jas veke sakam da se isisam so masinka 0 i da si kupam perika... Ne moze luge se banjam noke vo 00h a utroto vo 7 saat korenot mi e mrsen kako da se nemam banjato 1 nedela. Nema sto nemam probano i ishranata mi e sovrsena zatoa sto sum vegan veke 15 godini. Ako nekoj vi zbori deka hranata vlijae toa e laga da znaete
Веганската исхрана не е "совршена" исхрана. Башка премногу други фактори влијаат, генетика, козметика, начин на живот покрај исхраната, а ништо од тоа во 21 век не може да биде совршено. Можеш да си ја скратиш косата секако за полесно да ти биде да ја одржуваш, иако скалпот е тој што лачи себум, така што тоа е до кожата. Ако е до тој степен дојдено, треба да одиш на доктор специјалист.
Od koga sum vegan prvo mnogu lesno oslabev i mnogu lesno go oblikuvav teloto. Imam mnogu poveke energija, mnogu poubava koza ama problemot so mrsnata kosa si stoi ist i golem