1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мртва коска

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Foksi, 8 декември 2010.

  1. Foksi

    Foksi Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Доколу некој имал мртва коска на телото и истата ја излечил, би сакала да ми каже како, бидејќи имам мртва коска на челото со медицински назив Остеома фронталис.
     
  2. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Не сум имала таква коска но знам една моја другарка имаше. Бабите и кажаа дека и излегла затоа што се бањала во ист ден кога умрел некој човек и можела да и се повлече со тоа што на некој мртовец ке му ја фати раката и да се погали со раката на мртвиот по коската. Доста језиво и страшно, незнам колку е точно сето тоа.
     
  3. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Само кажи ми дали ти кажаа дали имаш епидермална конекција на коската со останатиот дел или не?
     
  4. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    И јас сум слушнала за тоа дека помагало, но не знам кој би се осмелил да го стори тоа, навистина језиво. Една моја другарка имаше таква коска на раката, но таа одма ја приметила во почетна фаза на растење била, сосема малку и се познавало и одма зела метална паричка на пр. 5ден ја ставила на местото и ја стегнала со завој. Неколку дена ја чувала паричката, откако ја одврзала раката коската ја немало. Пробај можеби ќе ти помогне :)
     
    На Marojo budalO му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Foksi

    Foksi Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Мртвата коска ја имам веќе повеќе од десет години, направив скрининг на целиот скелет пред 6 години и за среќа немав ништо лошо. Не чуствувам болка, но од естетска природа многу му смета.
     
  6. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    739
    Остеома или мртва коска е бенигна туморозна формација на коските. Медицински лечењето е исклучиво хируршко. :)
     
  7. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    Мртви коски на стапалата се многу незгодна работа, проблематично е при купување обувки а и не изгледа убаво. Мислам дека се појавува од носење тесни чевли а можеби и грешам.

    Ако има некој правено операција на мртви коски на стапалата нека пише како е?
    Поздрав
     
  8. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Jaс имам такви мртви коски на стопалата и многу ми пречи за купување на чевли. а хируршки не знам, некако ми е страв да ги отстранам, можеби со ласер(ако е можно), а за хируршки не знам, немам кого да прашам и никој кој би ми ги оперирал ;(
     
  9. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    Отстранувањето е во доменот на пластичната хирургија мислам, и мислам дека не е некоја тешка операција, а вреди да се направи, спасен си за цел живот.
    Моите не се големи ама многу ме нервираат.
    Јас би направила кога ќе соберам храбост но би сакала да слушнам некое искуство ;)
     
  10. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    739
    Немам искуство лично, ама ја имам гледано процедурата. Да, на пластична хирургија се извршува постапката и е прилично рутинска. Не е сложена воопшто на стапала. Сепак мислам сложеноста зависи од локализацијата. Не е исто на ребро да ти вадат таква коска и на стапало. Колку е поповршински толку е полесна постапката :)
     
    На Blanca му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    ^^^
    Хаааа си најдов жртва за замарање, информации од прва рака :lol:
    Ај пиши ни се што знаеш....анестезијата локална ли е, колку чини, постоперативниот период каков е, треба ли после тоа да се пијат лекарства?
    :*
     
  12. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    739
    Хахахах цена не знам навистина, ако се работи за стапала, локална анестезија, посоперативен период 2-3 сати ќе поседиш на клиника по постапката, посоперативна терапија аналгетик и можно е и антибиотик превентивно. И нормално преврски, и потоа конци вадење :) Не сложено воопшто, како што кажав рутинска постапка е.
     
    На Blanca му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Некое чаре за мртва коска, ама да не е хируршко? Имам на дланката, првпат ми се појави пред два месеци, не ме боли, ама видлива е и ми смета. Како што ја мрдам дланката се мрда и тоа топчето, многу е језиво. Добредојдени се и некои бабини деветини, макар што не верувам во нив :(
     
    На Marojo budalO му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Jeny

    Jeny Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    230
    И јас имам мртва коска на раката, на горниот дел од дланката, ми се појави три пати, првиот пат беше најтврда и се оперирав во државна. После некое време на истото место пак ми излезе пак ја оперирав за на крај и по трет пат пак ми излезе и тоа пак на истото место и сфатив дека нема спас па се помирив. Нема никаква штетност по здравјето, само лошо изгледа. Инаку пробав и со бабините деветини, од мртовец ја истругав и пак ништо. Инаку операцијата е безболна, со анестезија за два три часа е готово. Првиот пат си ја трескав главата од болки оти откако попушти анестезијата докторот заборавил да ми препише лекови за против болка па многу ме болеше, вриштев. Вториот пат кај друг доктор поминав одлично, затоа што после операцијата само ми препиша некои таблети за против болка, не се сеќавам кои беа, ама ништо не ме болеше, нити конците кога ми ги вадеа. Еве денес уште ја имам, на моменти знае да биде поголема па самата да се смали, ама се помирив и не ја ни перцепирам.
     
  15. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    Пробај да врзеш паричка со завој и да ја стегнеш раката, имам слушнато дека тоа помагало :)
     
  16. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231

    Ова прв пат слушам, мене ортопед ми кажа дека тешко кој ќе се нафати да отвори стапало да оперира, доста зезната операција е.
    Јас имам рамни табани (мртва коска ми искочи) од пред 7-8 години, до тогаш супер ми беа стапалата. Од тогаш неможам ролери да возам, на штикли да стојам повеќе од час-два ,на моменти ми се кочи цело стапало. Не се притресувам многу.
     
  17. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    Имам слушнато од постари лек за мртва коска
    да најдеш некоја коска на улица од некое животинче да се допреш 3 пати на местото и пак да ја оставиш коската од кај што си ја нашла знам дека звучи грозно но сепак се работи за здравје па што и да ее се ке направиме нели ?ништо не ве кошта да пробате сите коишто гоимате овој проблем
     
  18. Strumfeta04

    Strumfeta04 Нов член

    Се зачлени на:
    3 декември 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    А дали ке може да се оперира со општа анестезија :/ ?
     
  19. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Советот на Нана19 го имам и јас слушнато и проверен е. Колку и да е чудно, успешен е. Пред да отидеш на операција, пробај со тој совет.
     
  20. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    И мене ми излезе на ногата до малото прсте и некогаш ме боли ногата кога стапнувам.лек /