Чуден сој сум си јас, некако палам мостови после раскинување. Не дека не сум ич во каков и да е контакт со бившите, ама некако немам потреба ниту пак желба да се гледам со нив. Сепак морам да речам дека досега сум раскинувала на многу културен начин затоа што од секогаш сум мразела сцени и караници до крв што би се рекло и не верувам некој од бившите да зборува лошо за мене, некоја взаемна почит сеуште постои. Но секогаш има едно НО нели Само со еден бивш дечко дури редовно одам на кафе и се среќавам, после 4 годишна пауза. Никогаш не би помислила дека токму со него ќе седнувам на кафе еден ден. Сепак премногу време сме биле заедно и знаеме како дишеме, па знаеме да си седнеме на трач муабет и кафе, и да му дадам и по некој совет ако му е потребен или пак тој на мене. И драго ми е што сме ја преминале онаа граница на взаемно привлекување и што сега сме едноставно созреани, возрасни и пред се многу искрени другари. Ми се нашол во најтешки времиња и колку и да не се согласувавме во врската порано, сега разбирам дека како пријатели функционираме многу подобро, што мене искрено многу ме радува.
Додека сме биле заедно убаво било, сега веќе не сме заедно и е многу невкусно да коментира некој што сме правеле, како сме правеле. Многу незрела работа....
Немам слушнато некој бивш да открива детали за нас но еден има зборено нешто демек лош карактер сум имала, не сум знаела фино да се понашам пред неговите другари, дека не сум сакала муабет да им праам ... не што му било филмот. Инаку јас не зборам лошо за никој мртов... упс ... БИВШ.
бидејки мнооогууу пати раскинувавме дефинитно со тој со којшто најдолго бев дознав дека зборувал се и сешто за мене на другарите, ама тој незнаеше дека едниот негов другар ми кажуваше се на мене па така да знаев се, а се правев ко да незнам апсолутно ништо
не се замарам искрено со такви работи.тој шо ќе те збори значи не те сакал и почитувал доволно... ако почнам да се замарам ќе треба да тепам,а ме мрзи иначе конкретно за мене,јас не зворам дека тоа шо не сакам да ми го прават не го ни правам
Вистинскиот маж ќе биде со некоја и ќе ќути, само неизживеаните и незрелите после зборат наоколу. Мене ми е многу мизерно кога некој дечко зборува погрдни зборови за бившата девојка. Мислам дека тоа го прават од мака што веќе не се со неа, а искрено и не се свесни дека се бламираат самите себеси, едноставно зборуваат сешто за да се утешат зошто девојката им е бивша. Ако некого вистински сакаш, тогаш не знак како можеш да дозволиш да го бламираш пред небитни луѓе кои само сеир гледаат. А уште потрагично е, како што знам некои случаи, бившиот дечко да се распука со озборување за бившата, и после некое време да се смират. Смешно е, денес зборува дека е курва, најлоша дека е ваква таква, а полсе значи таа истата вреди пак да биде со неа... Секакви постојат, изгледа немаат друга попаметна работа во животот...
Тоа што било поминало, убаво било додека траело. Но веќе не... Минато е, а за минатото нема што многу да се зборува. Прво, затоа што е невкусно, некултурно сите да знаат што и како сме правеле, зошто сме раскинале итн. Ако им ги кажува овие работи на другарите, значи е незрела личност.
Сум слушнала невистини од 2 бивши на почетокот се нервирам но сега ни малку не ме интересира бидеќи тие што ми се вистински другарки и тој што ме сака вистински нема да потлегни на некој портарски муабети и да му поверува на некој што не е здрел и е многу Спојлер прост и глуп а и за нивен инает и за моја среќа си имам дечко кој ме сака , кој ми верува , кој ме почитува и ни на момент не поверувал на тие глупости
Охоооо, сум била и во ваква ситуација. После раскинувањето со бившиот, и кога тргнав со сегашниот ми извади муабет дека сум тргнала со овој и сум го оставила него бидејки сегашниот имал поубав мотор. А имаше 25 години и пагаше тооооолку ниско да зборува такви глупости.
До сега се нема случено некој бивш да пушти муабет, иако сум ги оставала со скrшени срциња. Мала шала. За да бивш дечко шири муабети, мора да му е сеуште тешко, да си лечи некој комплекс или пак да е незрел во паметот. Друго нема. После раскинувањата сакам да се осигурам дека сме на чисто, дека тоа што било поминало и нема потреба да се споделува ништо со никој во иднина. Не сум во контакт со бивши, ниту пак сакам да бидам. Тоа што за мене завршило, останува прошлост и не преферирам да зборувам за тоа. Се надевам дека и моите бивши мислат исто.
Eден мој бифши рашири муабет дека сум се скарала со него оти тој не бил фаца. Во случајов тој сам си се навреди а тоа покажува колку бил незрел . Се разбира , причината беше сосем трета .
К*Р ме боли и за муабети и за се...а пак така што за мене зборуваат ,да даде госпот така за нив да зборуваат..
Господ * шо ми е гајле , сум раскинала со него од мака може да си зборува се па и да си плаче по луѓето
До сега немам чуено муабети од мои бивши. Ама на времето имав другар абе се си кажуваше што прави со девојка му ..а таа ми беше пријателка абе ми се гадеше да ги слушам интимните детаљи за нив. Она не ми збореше за нив колку што тој раскажуваше, и тоа на сите не бираше
Само мали, недосраснати можат да откриват детали од приватен живот, јас лично тоа го сваќам како фалење.. *ВИСТИНСКИТЕ МАЖИ НЕ ЗБОРУВААТ ЗА БИВШАТА, ВИСТИНСКАТА ЖЕНА НЕ ПРАШУВА ЗА ПРЕТХОДНАТА ПРЕД НЕА* мислам дека вака нешто беше фразата, кога ја прочитав ми остана во мислите, сакав да ви ја пренесам
Сум чула муабети за мене , не многу страшни. Се смувал со некоја после мене и кажал дека сум “се филмала“, “сум се занесувала“. Во такви луѓе доверба никогаш веќе.
Секоја чест на машките кои после раскин си го држат јазикот за заби. Мој бивши јадел трици на големо, дури и за татко ми ама не направив ништо. Го оставив да си го храни егото и да си покажува колку ниско му е нивото на кое се спуштил, колку е прост и до некоја мера направи да се каам што сум била со него. После се чудам со кое лице се осмели да ми прозбори и изрази желба пак да биде со мене. Е тогаш му плеснав се во лице. Ме повреди со тоа, да, да зборувал само за мене немаше да ми биде криво, најважните луѓето во мојот живот знаат што е вистина, што не е и пак не успеа да постигне ништо. После многу врски е многу веројатно тој што до вчера ти велел дека те сака да кажува сосем спротивно.
Јас со такви муабети се немам соочено. Ќе речете од каде знам што тие зборувале на другарите. Лош збор за мене не слушнав од страна а и ги знам какви беа, всушност со никој се немам раскарано, со сите раскинав на добар начин, со разговор, па немало потреба од лоши зборови. Сеуште со нив имам по некој контакт, се поздравуваме кога ќе се видиме, нема потреба од правење драми.