1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

НЛП (Невро – лингвистичко програмирање)

Дискусија во 'Психологија' започната од Dashing:), 3 март 2021.

  1. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    2.106
    Пол:
    Женски
    ШТО ЗНАЧАТ ТИЕ ТРИ БУКВИ – НЛП:

    Невро се однесува на нашиот начин на размислување, односно на различни (свесни и несвесни) начини на обработка на информации кои доаѓаат од надворешниот свет. Нашето доживување на светот во кој живееме е само наше, субјективно доживување. НЛП се занимава токму со овие субјективни доживувања. Милион луге – милион различни доживувања. Дали денот е убав или лош, доминантно зависи од тоа како се чувствуваме тој ден, односно какво е нашето субјективно доживување. Често се случува и најтмурниот есенски ден да го доживееме како убав, доколку размислуваме за убави работи кои треба да се случат тој ден и обратно. Предизвикот е во тоа што многу често имаме чувство дека тоа наше субјективно доживување не е во наша контрола – дека доаѓа и си заминува сам од себе. Меѓу останатото, НЛП се занимава и со влијание на креирање на корисни субјективни доживувања во дадена ситуација.

    Лингвистично се однесува на зборовите. Луѓето своите искуства (субјективни доживувања) ги опишуваат со зборови. Покрај опишувањето на искуствата, зборовите се и средство за перцепција. Кога ќе кажеме дека мајцата е темно сина, многу успешно можеме да ја замислиме бојата на мајцата. НЛП објаснува какво влијание имаат зборовите на нашиот начин на размислување, на промената на расположение како и на однесувањето.

    Програмирање се однесува на нашите навики. Луѓето се суштества со навики. Некогаш тие навики се корисни и посакувани, а некогаш потполно недобредојдени. НЛП користи едноставни, но многу ефикасни методи за промена на начинот на размислување кои се во склад со нашите вредности и цели и резултираат со посакуваните промени во однесувањето.

    КАДЕ СЕ ПРИМЕНУВА НЛП?
    НЛП во почетокот се развивало како терапевтска метода која нашла голема примена во тогашните терапевтски стратегии. Познати се НЛП – техники за елиминација на фобии, пост – трауматски стрес, внатрешни конфликти, депресии и многу други пореметувања. НЛП има извонредно ефикасни стратегии за контрола на стресот, а со самото тоа и за одржување на добра здравствена состојба на организмот.
    Други примени на нлп:спорт, лично усовршување, деловна примена.



    Имате и апликација на play store за техниките.Ако некој го интересира може да си симне.
    Што мислите вие?
    Дали ви помогнала некоја техника на нлп?Може да споделите искуство.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.