Пишав во темата за Корона, ама нека стои и тука, може на некого ќе му бидат од корист информацииве. Во Кам не може да се купат повеќе од три намирници, без разлика дали збориме за брашно, павлака или кафе. Пуштаат групи од 5 или 10 купувачи. Кога едната група ќе заврши, тогаш влегува следната. Пред влез сите чекаат на растојание од метар, метар и нешто. Вработените се со маски и ракавици, до каса имаат средство за дезинфекција. Во Камот во Козле, имаше се, освен шеќер. Од понеделник до петок ќе работат од 8: 30 до 19: 30.
Онлајн продажба прават одамна и од Рептил и Пакет.мк, еве доле линкови, може ќе ви се најдат. Јас лично досега ништо не сум нарачала па не би знаела да споделам искуство. https://www.paket.mk/ https://reptilmarketi.mk/достава/
Тинекс исто одамна има он лајн продажба, за сега е само во Скопје, не знам дали ќе пуштат и низ другите градови.
Kaj nas vo Stokomak e katastrofa. Uste fali da ne se iserat u faca. Kaslaat kivaat a nie sme so med maski i rakavici.. demek zastiteni. Redica kolona kolku ti dusa saka.. ne znam kakov e ovoj narod
За жал... себични сме... ете такви сме, да си купам за мене, па за другите не ми е важно. Искрено, мислам дека е вака... Ретко кој се засекира и за врботените во маркети, аптеки, на шалтер...Чест на исклучоците. Огромна подршка од мене и огромен аплауз за сите кои се на своите работни места и не опслужуваат нас кои не сме.
Сега бев во Зегин (24ч.)...... Немаше ни маски ни ракавици, па доколку некој знае каде (околу центар) има да купам утре?!?!?
Вчера бев алкохол неможев да најдам, али една од аптекарките во Еурофарм ми рече дека од утре (пон) ќе добиле.
Низ Чаир и околина,квасец снема. Ај ако сте вишле негде,пишете,излеа не се снабдени продавнициве доволно..
Јас бев вчера у 6 у Еурофарм у Веро Тафталиџе. И океј е 100 парчиња, секако за 2 недели ќе ги потрошиме
За вас од Битола, аптеката Хигија ќе работи со надворешен шалтер, може да се слика рецепт од дома, да се прати сликата и ќе се јават кога е спремно да се оди да се земи само надвор.
Гледам од прозор киппер маркет секој ден луѓе со цели палети масло, шеќер, млеко излагуваат, цели пакети аргета... лудило. Не ја развирам логикава. Зошто им е толку нездрава храна. Едно масло го користам цел месец, тие што ќе праат со цела палета за ете да речеме уште еден месец да трае заразава, па да не сакаат да излегуваат. Луѓе даветесе во овошје и зеленчук периодов, јакнејте имунитет, остајте лебот.
Со одењето у маркет 1 место 5 пати, ризикот да допреш заболен се намалува 5 пати. Проблемот е што овошјето и зеленчукот скапуваат и често треба да одиш по нив. А јас исто не сакам да се пикам у маркети
Веро 2. Релативно малку купувачи, ама со преполни колички од кои испаѓаат ствари. Некои и со по две колички. Мислиш готово, апокалипса, зомбиња надвор чекаат. Повеќето (ако не и сите) каси работеа ама редот за чекање беше до средина на редовите со козметика, ради ПРЕПОЛНИТЕ колички! Ниту растојание се почитува, сите се гураат што поблиску да бидат до касите, си дишат во врат едни на други. Си излегов без ништо да купам, не вреди тој ред да се чека, освен ако самиот не се спремаш да седиш во бункер наредниве шест месеци. ***** Џабе Зегин има правило еден по еден кога надвор сите на едно купче собрани и си прават муабет.
Офф а што да речат продавачките, немаат тие дечиња дома. Не велам да не земеш залиха, ок земи , наместо 1 масло земи две ама зошто ти е цела палета. Цело брашно дома го напикаа. На овај начин ствара друг економски проблем.