Ама прдавачката не и смета 1 кило или 2 кила брашно. Сега е гужвата, после нема да има народ ич. За жал, според мене подобро е еднаш да се купи и да се седи дома, отколку 200 пати да сеоди за по едно нешто.
Дечки, работата е и тој после нас да може да купи, не ние дома се да си однесеме. Зошто не се неограничени резервите а сите треба да јадеме. После тоа што денеска го видов во Веро, стварно браво за Кам. Не зборам за здраворазумско планирање за недела, две, туку за правење залихи за неколку месеци.
Ја во саботата во Кам кај пензионерскиот дом купив, имаше полн фрижидер со квасец, а во оној маркет ( не знам како се вика) што е на местото на Тинекс во Топанско поле имаше сув квасец.
Антибактериски марамици за пребришување површини Glass ли беа и антибактериско сретство (мислам дека беше со 99% алкохол, иако тоа некако ми звучи како висок процент) има на каса во Рамстор во Капитол.
И јас тоа се прашував а аптекарка ми кажа демек се користело за дезинфекција. Се мислам да почнам да дезинфицирам со некое средство со чистач на пареа. Аман ми се вика од чистење и перење
За храна, особено брашно... рачунајте дека Србија стопираше извоз, а можно е и други земји да го сторат истото. Така да, купувајте разумно, да има за сите.
Океј цена одамна нема и маски тешко се наоѓаат. Најубаво од сабајле кога отвараат аптеките да пробаш Зегин, Еурофарм, Бети...
Ај се надевам ќе научиме со вирусов дека залихите на мајка земја не се неограничени, ќе научиме од кај купуваме производи со палмино масло, ќе научиме зошто треба да пазиме зашто страшно било да се соочиш со помислата да не снема храна...
Во малскиот маркет цената на брашното скокна на 40 денари за килограм.Па дајте број да ги пријавам.Ако треба ќе купам да имам доказ. Покрај ова има и производи со поминат рок и сеуште се во продажба.
Што конкретко купувате од лекови? Јас сум во добра здраствена состојба, купив само витамин Ц и парацетамол неколку ленти.