Дечки, маските што ги користиме за загаден воздух штитат од вируси и бактерии само ако имаат ознака FFP3. Ако имате ваква носете ја. Оние со ознаки FFP1 i FFP2 не го штитат тој што ја носи од вирусот.
Јас набавив она што редовно го пијам од терапија и витамини и минерали. Инаку дома стално гледам да имам пробиотик и аналгетици. За имунитет пијам Ц од 1000, цинк и АД. Заради други причини по потреба или повремено пијам магнезиум и омега.
Мултивитамини, магнезиум, цинк, селен, пробиотици, секогаш имам кафетин менструал и далерон редовно имам на залиха. И периодов земав нешто за смирување на природна база и секако витамин Б6.
Текстов не е мој, само го цитирам, вреди да го прочитате во врска со храната има совети ,,Не бев отидена во маркет повеќе од недела дена. Денес бев во набавка и бидејќи гледав што се купува, чувствувам дека има потреба да напишам нешто во врска со храната што ја купувате и конзумирате. Чувствувам дека сте ја утнале некаде работата со резервиве. Подготвувате резерви како за војна или елемнтарна непогода. Разликата од карантин своеволен, до војна или елементарна непогода е што во случај на второво има шанса да нема струја, водата да е загадена, да неможе да се готви. Пандемијата, односно нападов од вирус кој нѝ се случува бара да имаме имунитет, односно да конзумираме храна која ќе не одбрани од него, а не која ќе не направи дополнително ранливи. Во вашите кошници видов десетици паштети, конзерви и полуготови намирници полни адитиви, салами и тестенини. Се надевам не го конзумирате тоа! Место целиот отпад од храна купете тегла мед, тој ги штити белите дробови. Наместо паштети наполнете ја кошницата со млад кромид, лук, зелка, спанаќ, природни извори на витамини и антиоксиданси, витамин Ц. Наместо во макарони инвестирајте во семки од тиква, лен, сусам, сончоглед, купете килограми и јадете секогаш кога сте гладни. Семињата се природен извор на влакна, масни киселини, селен, цинк, едно чудо минерали кои ќе го зајакнат вашиот систем. Ви ја разбирам потребата да се чувствувате безбедни, и јас ја имам, и разбирам дека сакате дома да имате храна за фамилијата, сакам и јас, но да бидеме умни, бидејќи не само што купуваме лоша храна, си ги трошиме и личните финансии погршно подготвувајќи се за периодот што следи. Јас би сакала да ви објаснам како да подготвите резерви на здрави намирници кои може да ги распределите и да ви останат со месеци во фрижидер. Мешунките, оризот, пченицата и житарките ќе ви ја дадат потребната енергија, и секогаш ќе може да подготвите здрава супа и чорба во отсуство на месо и други намирници. Маслото ви треба, но не во толку големи количини. Треба да конзумираме 2-3 лажици дневно, со 3 l треба да живееме 2 месеци, цела фамилија. Инвестирајте во 1 l маслиново, здраво е, и ќе го штити вашиот организам па на крајот на готвењето, додадете по 2 лажици. Купете 2-3 kg спанаќ, убаво измијте го исушете го со крпи, направете неколку кесиња и замрзнете ги. Со ориз, вода, морков, во мафини, може да направите неколку разновидни здрави оброци за целото семејство. Земете калапи за мраз и во нив исецкајте свежи тревки, замрзнете ги со малку масло или вода. Магдонос, целер, лук, власец, нане…коцките мраз ставете ги во хартија за печење. Извадете по 2 коцки и ставете ги во било кое јадење кое ќе го подготвите, во салата, над печен компир, во супа… Купете неколку килограми компир, јаболка и портокали, тие стојат со недели на соодветно место. Со 3 компири дневно може да подготвите чудесни комбинации во комбинација на здравите подготовки кои ви ги посочив. Во едно тенџере пропржете морков, пашканат, целер, пиперка, лук ставете малку сол, откако ќе се излади замрзнете по неколку лажици во мали кесички. Доколку немате замрзнувач, ставете тегли во рерна со се капаци. Рерната треба да биде ладна и постепено загрејте ги теглите. Топлата количина на испржената мешавина ставете ја во топлите тегли и убаво затворете. Исто како зимница. Така подготвените тегли и на тераса може да ви стојат со месеци. За секој оброк ставете по една кесичка или тегличка со малку компир, морков, гравче или друго и подгответе традиционални јадења кои ги имаме тука. Лимон, или друго овошје можете да замрзнете во калапи за мафини, направете коцки мешано овошје, па секое утро место макарони направете свеж сок или смути со неколку свежи јаболка или портокали кои на тераса може да ви стојат свежи и по неколку недели. Зелка, цвекло и морков изрендајте ги и наполнете тегли кои убаво ќе ги затворите и ставете ги во фрижидер. Стојат свежи, незачинети до 7 дена. На секој оброк извадете една тегла и направете свежа салата. Се ова погоре, со малку компир, грав или ориз може да направиме десетици оброци додека седиме дома. Направете залихи од чаеви, липа, камилица, слез, нане. Правете топли напитоци за да подигнете циркулација. Имајте бибер, биберот ја зголемува циркулацијата, а добра циркулација е многу важна за вашиот имунитет. И секако раздвижете се, има перфектни клипови на youtube кои ќе ви помогнат да не се улежите. Чувајте ги макароните, паштетите и целата нездрава храна, вклучувајќи го и брашното за време кога ќе нема струја, дотогаш сојзнички јакнете го сопствениот имунитет, потрошете ги парите на здрави намирници со кои се полни пазарите, и бидете поотпорни на можната зараза. Не го уништувајте вашиот имунитет! Тој сега најмногу ви е потребен! Да, советите за хигиена, дистанца, карантин остануваат! Шернете го овој пост, имам чувство дека е потребна и ваква едукација!" Извор: https://kukuriku.com.mk/meya-lazare...lni-aditivi-se-nadevam-ne-go-konzumirate-toa/
Оваа е N99. СЗО препорачува да ја носи оној кој е болен од корона вирус, кога е во контакт со други, зашто не пропушта вирус и бактерии. Но не смее долго да се носи, тешко е да се диши низ неа и може да направите респираторни проблеми.
Јас имам маска со два филтри и многу лошо ми е кога ја носам. Цела се потам и не можам да дишам убаво а се е наместено според упатство филтрите.
Моите дома ништо немаат купено. Татко ми вика бог да чува од народот. Си оди секој ден и као најнормално како секогаш си зема потребно за цела недела. Не се матка тој со намирници пазарење за цел месец а не па вака дома магацин да прави.
Вие што имате од маскиве со филтри како ги чистите и со што ги дезинфицирате после носење?Со алкохол само или? Едит : прочитав дека само FFP3 се ефикасни, има ли уште некаде во Скопје вакви ?
Ako hirurskata ne stiti zosto togas doktorive sto gi gledame po vodeata i slikite vo svetov sto lecat zarazeni nosat hirurski maski? Inaku, vo malska apteka hirurska maska 80 den. Nenormalni, na primer vo Eurofarm 30den. Kaj da prijavam?
Нигредо и сите што барате маски, има во Bebe Home памучни маски, одат по 2 за 99ден. Може да се перат и да се носат повеќе пати. Ракавици има во Рамстор маркетите, се надевам не се искупени. Исто и во Еурофарм, но даваат најмногу 8 ракавици. Според мене ракавиците и не се толку неопходни, важно е миење раце ако имате можност, или антибактериско средство. И се разбира, никако пипање по лице.