Денес прв пат нарачав плинска боца и решо. Доставата од 16 до 21. Во 20.30 ми се јавуваат да ми кажат дека немаат решо. Толку од мојата соработка со нив!!! За средствата ќе видам како ќе биде, обично најдоцна до 10 дена би требало да бидат вратени.
Мене не ми се јавија да ми кажат дека 2/3 од производите за кои ми резервираа средства нема да ги добијам. И како тоа 10 дена они си располагаат со средствата без основ, треба веднаш да ја ослободат резервацијата во моментот кога дополнително ми наплаќаат за доставените продукти. Значи ли тоа дека јас принудно ги кредитирам Тинекс? Поентата ми е, дали е ова противзаконско што го прават. Ми држат 8000 денари без основ. А плус си наплатија за доставената роба истиот ден кога ми ја испорачаа. А и тоа што јас не сум се согласила со таа нарачка од само третина продукти е дополнителна измама, нели?
Не знам стварно за тоа што ти наплатиле достава и ти донеле половина од тоа што си нарачала, а не те известиле. Може некој со искуство ќе каже повеќе. За резервирани средства, јас имав искуство од бензиска ми наплатија два пати по грешка, средствата стоеја 10 дена резервирани, потоа се вратија на сметка. Можеби тоа зависи од твојата банка, нивната банка итн... Мене од издавателот на картичката (странска е нашата) ми објаснија дека ако во рок од 10 дена не ги реализираат средствата побарувачите, тогаш ќе се вратат на моја сметка. Они као ништо не можеле да направат. Е сега, за македонска картичка и банка не знам како е.
Прв пат кога нарачавме, чекавме две недели да стигне храната, што е ок ако не ти се брза. А вчера пак нарачав и најран слободен термин беше за 12ти, значи има подобрување. Е сеа мала споредба со Рептил - Рептил ги носат производите за два дена од нарачката АМА прават многу замени, односно не ги носат работите што сте ги нарачале туку друг бренд или вид. И сеа знам дека ќе речете не пребирај или оди сама купи си, ама мислам дека за мои пари треба да го добијам тоа што сум го нарачала. Во таа смисла попоштен ми е концептот на Тинекс - ако го немаат тоа што сме го нарачале, воопшто не го носат производот и наплаќаат без тој производ.
Мене не ме ни контактираа да ми кажат дека нема дел од производите кои ги нарачав, доставата доцнеше и не ги добив сите производи кои беа нарачани, а да ги добиеш на бројот кој е оставен како контакт центар на страната е премија. Читав и на други места на нет и други луѓе се жалат од нив.
Многу се попрофесионални од Тинекс. Се што ќе нарачаш ќе ти стигне. На почеток на кризава имаа помал избор на продукти ама сега многу се подобрија и ја збогатија значително понудата. Производите ти ги носат до врата. Нас лифтот не ни работеше дента а на 5ти кат сме и све ни донесоа до горе све качија. За искуството со Тинекс пишав погоре.
знае ли некој дали негде може да се купат ffp2 маски во Македонија? а обични медицински во поголем број?
Од тинекс нарачувам онлине веќе година, секогаш ми се јавуваа дека нешто нема па правев замена. Денес ми стигна нарачката, ми фалат 4 производи и не се јавија да кажат дека ги нема или дали сакам замена.. почнав да се разочарувам навистина.
Дали знае некоја од вас како можам да купам лекови за време на полицискиот час?Дали примаат нарачки аптекиве или може да се оди да се купи?
Здраво едно време Зегин имаа онлајн нарачки за време на полициски час, но не знам дали сеуште доставуваат, контактирајте ги.
Дали знаете од каде би можела утре да нарачам храна (леб, сирење, зеленчук, такви работи), дали има маркет кој би ми доставил истиот ден, а не како Тинекс после 1 недела? Еднаш го оставив маж ми да пазари, пола работи не купил. Не дека немаме ништо дома, ама ако има некој локален маркет за Кисела Вода, Скопје, би сакала да си нарачам некои работи утре.
Некој да не знае каде можам да набавам од пластичните визири за на глава и цена? По некои маркети вработените што ги носат.