1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Навреди

Дискусија во 'Психологија' започната од Unfaithful18, 9 јули 2010.

  1. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.381
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Што ве навредува?
    Невистина кажана за вас или за некоја ваша драга личност, клевета, игнорирање...?
    Што е со вистината? Дали ве навредува кога некој факт за вас ви се плеснува во лице ?
    Како реагирате на навреди ?
     
  2. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.451
    Пол:
    Женски
    И да ме навреди некој бргу ми поминува нервозата. Обично зборови ме навредуваат , ама не така како што ме навредува кога некој ме игнорира. Тоа не можам да го поднесам. Се ќе поднесам, и зборови и пцовки, ама неможам да поднесам некој да не ми обрнува внимание.
    Што да правам, таква сум :)
     
  3. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    60
    За невредите, памти па врати. И најнормано дека ме навредуваат :(
     
  4. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Најмногу ме навредува кога некоја за мене драга и блиска особа не ми верува.
    Тоа може да ме уништи во корен.
     
  5. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.086
    Пол:
    Женски
    навредата може да заболи ако доаѓа било како критика било некоја да речам скриена вистина ( нешто што подолго време го мисли за вас во тогашниот момент не би го кажал ни на крај памет зашто знае дека тоа ќе ве заболи и потајно го крие ) ете ти кавга ..ќе ти изнаречи сешто .. ;( е тогаш знае вистински да те разочара
     
  6. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Кога некој е искрен со мене, и не го сфаќам како навреда, туку како добронамерен совет, и си ја согледувам грешката, доколку ја имам. Инаку, најмногу се навредувам исто како и Хипи, кога најблиската личност не ми верува, или кога тој на којшто најмногу му верувам ми го сврти грбот.
     
  7. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.743
    Допаѓања:
    32.097
    Пол:
    Женски
    Кога некој ми ја кажува вистината во лице, не се навредувам. Не се ни навредувам ако некој кажува невистини за мене. Тие личности кои што кажуваат невистини се исфрустрирани и искомплексирани и не вреди да се замарам со такви.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Ме нервира игнорирањето, и можам да се повредам ако некој ме игнорира.
    Невистината не ме навредува толку колку што ме револтира ама се трудам таквите луѓе да ги игнорирам најдобро што знам.
    Навредата од личност што ја сакам и ми значи повеќе ме боли, отколку од сосема небитна личност.(зошто знам таа личност намерно сака да навредува било да кажува вистина и невистина има опција игнор).
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.749
    Допаѓања:
    65.200
    Пол:
    Женски
    Ако е нешто што нависитина ми значи и некој баш таму ме погоди, можам да бидам многу злобна. Не простувам лесно, ниту пак заборавам,
     
  10. Umma

    Umma Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    11
    И јас знам да бидам многу безобразна ако ми ја погодат точката. Не одбирам ни зборови, ни луѓе, нити се обидувам да ги оправдам, или да ги сфатам. Додека за заборавањето, заборавам за некој период, освен ако не е нешто навистина страшно.
     
    На Eci15 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Ме навредуваат многу работи кои најчесто ги игнорирам. Чекам да се сврти тркалото, но некако многу бавно оди. :^)
    Невистина кажана за мене ме боли само кога е кажана од моја драга личност, а игнорирањето ме боли премногу.
    Вистината ме боли, но сакала - нејќела не можам да кажам ништо.
    Раната направена со збор никогаш не се лечи. Премолчувам, но не заборавам.
     
  12. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Тешки навреди паднаа тука на форумов за жал.
     
  13. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.381
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    За момент луѓето заборавија дека сепак ова е само форум.
     
  14. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Не дека заборавија дека ова е само форум, туку комплексите не се губат во виртуелниот свет. ;)
     
  15. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Ме навредуваат лаги мали ситни никакви секакви
     
  16. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    памти па врати
     
  17. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Ме навредуваат погрдни зборови. Ме навредува неверство, не само на поле дечко ми ме изневери, туку општо гледано. Ме навредува кога некој близок не ме поддржува. Ме навредува кога моето мислење не се смета за живо. Ме навредува кога некој затоа што имам 16 години не ме гледа ни малку сериозно.

    Јас ја знам вистината, фала, нема потреба во лице да ми ја плесне некој сезнајко. Ако ми требало нешто да ми е кажано, верувам ќе сум прашала за мислење.

    Глупи работи кои многу ме навредуваат се кога најдобриот другар ми ја коментира шминката, облеката, телефонот за кој живот давам или пак тоа што носам очила. Аман бре дете, не ми се за да изгледам на порно ѕвезда, ми требаат и ги носам!
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ani.taa

    Ani.taa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
    луѓе ве молам за помош..
    до вчера стрина ми многу ја почитував се додека не слушнав со свои уши како го валка моето име. :( се шокирав, стварно незнам како го успеала тоа цело време да ми прави лице. многу и верував и ја сакав. какви ли не зборови излегоа од нејзината уста. :doh: :doh: тоа навистина болеше. велеше дека ме мрази и дека јас сум била обична курва и дека знаела некоја вистина што може да ја каже на татко ми и да добијам голема казна.цел ден плачев ;( ;( од нејзината фамилија сите ме мразат и измислуваат се и сешто за мене а никој не се осмелува тоа да ми го каже во лице. од неодамна ме скараа со едни роднини за без врска. демек јас сум зборела незнам што а се е измислено. сакам да разговарам со неа ама незнам каков јазик да најдам пошто знам дека ке почне да се кара со мене и да ме навредува, познавајки ја. неможам веке да ја поднесам нејзината фамилија. зошто се морат да ми се мешат во животот? пре чуствителна сум тоа морам да го признам, се и сешто си ставам на душа.
    вашите совети ке ми бидат од корист
     
  19. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Прво ,каква е таа тајна што ја знае за тебе?
    Второ,на твоите дома кажи им за ова...да не дојде до поголеми проблеми.
    И трето,избегнувај ја што повеќе,гледај да не дознава работи за тебе.
    Толку од мене,се надевам нема да имаш поголеми проблеми со неа...
     
  20. Ani.taa

    Ani.taa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
    тајната е од пред 4 години. мајка ми знае за неа ама татко ми не знае. тоа беше кога имав 15 години на мојот роденден бев многу пијана за прв и за последен пат во мојот живот дури и на инфузија бев. се плашам татко ми да не дознае за тоа. незнам како го дознала тоа сигурно некој и кажал. сакам да разговарам со неа и да и кажам се што ми лежи на душа.