Мене може да ме навреди само некој кој многу ми значи и кој многу ми е близок, некој кој јас го ценам и вреднувам. Да ме навреди некој кој не го знам или кој ми е подалечен, а бе ич око не ми трепнува, едноставно не ми е гајле ни што мислат ни што зборуваат. За нив сум само добар коњ зад кој прашина се крева. Е моите блиски се друго, кога мајка ми брат ми би ме навредиле и ми кажат нешто е тоа боли.
Ме навредува кога личност која ја сметам за блиска не ми верува, и тоа ептен. А тоа кој што кажал не ме повредува многу, тоа го прават луѓе кои што нема што да прават и не гледаат околу себе па се машаат и таму кај што не им е местото.
Немој,тоа може уште толку да ја изнервира...Мислам дека и да дознае татко ти,мајка ти би успеала да го смири некако,а и ти сигурно би му се извинила,би му кажала дека е тоа прв и последен... Не дозволувај да те уцени ли слично,ама ти советувам да ја избегнуваш...Може не само татко ти,цело маало и сите да дознаат,иако тоа НЕ е битно.
Мислам повеќе треба да се плашиш од стрина ти одколку од тоа татко ти дали ќе дознае за твоето прво пијанство... таа освен тоа што може да му го каже може и да измисли мн работи. Тоа што ти се случило, да можеби е страшна работа, но не до толку, се случува..поминало доста време, си ја сфатила грешката и никогаш повеќе не ти се повторило.. Мислам треба да разговараш со мајка ти, таа да ја знае оваа ситуација, твоите треба да ти веруваат и да застанат на твоја страна, неа одбегнувај ја и мислам дека подобро е да не и се истуриш на неа зошто тоа може да го злоупотреби па таа да се прави невина и наивна и ти да испаднеш крива..
јас тоа никако нема да го признам пред татко ми. како и сите нејзини измислени работи ке кажам дека и тоа е измислено и дека не е точно така. мајка ми знае за тоа ама јас не сум и признала, мајка ми дозна од една комшивка озборувачка. а морам да зборувам со неа и да ја прашам, дали има некој проблем со мене па ако има да го решиме во 4 очи а не зад грб да зборуваме. па да и кажам се што мислам за неа па и така ме мрази нема што да изгубам. па после тоа ке ја избегнувам. а татко ми не смее да ја дознае таа вистина
Гледам решена си дека татко ти не смее за тоа да знае, можеби од наша гледна точка не е толку страшно но од твоја е... секогаш сум за тоа да се разговара за некој проблем и на истиот да му се погледне право во очи... едноставно да се соочиш со тоа.. Ама во оваа ситуација разговорот со неа нзз колку ќе ти помогне или ќе ти одмогне... можеби да пробаш на некој поблаг начин да ја смириш ситуацијата, значи да не и кажеш директно што се мислиш и да ја навредиш, може треба смирено да и дадеш до знаење дека не сакаш да ти се меша во животот и дека ни ти нема да и се мешеш..едноставно да си стои на страна.. Со тоа што ќе и изнакажеш се што ќе ти дојде во моментот можеш само да ја влошиш ситуацијата..таа да си рече "која е она вака да ми зборува на мене" и работата да дојде до поголемо..
Душо,толку ли ти е страв од татко ти? И да ти се налути,по некое време мислам дека ќе сфати... Вака можеш себеси само во полоша ситуација да се ставиш,верувај...Чим те мрази,таа жена нема устата да ја затвори...А за проблем,љубомората и зависта,тоа е проблемот...друг не верувам дека има. И со мајка ти мораш да зборуваш.
и тоа планирав да го направам. јас не сум навикнata да се карам со секој што ке ме повреди, туку да разговарам на смирен начин и на најкултурен. не сакам да бегам од неа и да мисли дека и се плашам, тоа никако. таа не знае да разговара на смирен начин одма почнува да се кара и да навредува. а јас сум толку чуствителна и се плашам да не паднам на нејзините навреди. се обидувам да соберам повеке сила и да се соочам со неа па макар и да морам да ги трпам сите нејзини навреди. верувај многу ми помагат твоите совети и се вклопуват со моите идеи
точно така. проблемот е љубомората, затоа што сум срекна и неможат да се помират со тоа да ме гледат срекна и задоволна од мојот живот. нив се им оди наопаку и на мене се истурат. немат свој живот па се нашле да се мешат во мојот. не ми е страв од татко ми. тој се гордее со мене и со тоа што сум. не сакам тоа да се смени и да ме гледа со други очи. после тоа нема да можам да го погледнам во очи.
Свесна си за се, најмногу се согласувам со тоа да не и покажеш страв.. не и потклекнувај на нејзините навреди, така ќе продолжи повеќе да те гази, само покажи и дека си силна и дека ниедна постапка не може да те потоне. Се согласувам и со MacaLove дека треба да разговараш со мајка ти, да имаш потпора од некој.. да знаеш дека не си сама.. А таа самата ќе си се заплетка во нејзината љубомора..
ДА. Уште утре ке разговарам со мајка ми за таа тема. никако...ама во никој случај не смеам да и покажам страв. ма она нема ништо вредно во нејзиниот живот, сака да ме гледа како плунка на земјата и да гази по мене. но тоа задоволство нема да и го причинам. јас знам оти не сум сама, и никогаш не сум се чувствувала сама за разлика од неа. во право си...ке ја натерам да се заплетка во нејзината љубомора
Решена си и знаеш што треба да направиш.. гледам и сигурна сум дека ќе успееш во тоа. Го имаш најпотребното: сила, желба, самодоверба, поддршка, а и верувам дека можеш со зборови да ја спуштиш на мн ниско... Good luck
Зборови, одважни погледи, игнорантски мимики, студени погледи на некој кој ми е драг, што мојот мозок ги перцепира како, знаци на безразличност, ладнокрвност, незаинтересираност... крај на она, што било некогаш. Нечии избрзани анализи за мојот карактер, а кои всушност се сведуваат на мојата потреба да не прва искажам емоција, мисла или било што, дури и откако другата страна ќе го каже она што треба... што, не ме прави студен, безчувствителен човек, а едноставно претпазлив и способен да си ги контролира емоциите и зборовите, кои можеби и би повредиле некого или би биле повод да мене некој ме повреди. Ниски обиди да го злоупотребат хуманитарецот во мене, а се толку проѕирни и плитки, лесно видливи... но, што можеш, освен да се направиш дека не си ги забележал или дека си заборавил. Но, дури и најголемите неправди што ми биле нанесени од страна на оние што јас сум ги сметала за блиски, свои луѓе, па и на оние што и биле само пролазни пријатели... секогаш биле „заборавени“ и простени. А, имам предолга листа на такви пријатели, кои тропнале на мојата врата правејќи се дека никогаш ништо не се случило и тоа со молба да јас им помогнам, бидејќи сум јас единствениот човек кој што тоа ќе го направи за нив. Независно колку и тоа ме повредило, нивното преправање дека ништо не се случило, сепак тешко кажувам не, кога некој е ставен во ситуација да собере храброст (така си го објаснувам јас) да дојде до тебе и токму од тебе да побара нешто.
Јас воглавно не се замарам , се знам себеси знам што правам така да ако на накој му е дојдено до навредување како што би се рекло "од едното влегло од другото излегло"
Аха, леле и забаправив да додадам дека единственото нешто што ме невредува и повредува е крај на врска , тоа ме уништува во корен , без депресија нема шанси да поминам и тоа беше баш летоска , убедливо најлошто лето во целиот живот , како ги преживеав тие 2 месеци не знам ни сама , (ок ок ок забегав со муабетов ) поздрав
Навредена пред се можам да бидам само од оние луѓе што ми значат во животот!!Од нив може да ме навреди пред се ако забележам себичност во нашиот однос.Е тоа стварно ме навредува во корен.Се трудиш да успее односот а тој карши тебе е себичен со тебе.Ме боли едноставно.Друго што може да ме навреди е лага и неповерење од нивна страна.
Навреди, хм, ниски удари на луѓе кои се толку напатени и фрустрирани заради сопствениот живот, што имаат бесконечно многу време да се занимаваат и замараат со туѓи животи, па уште и да смислуваат навреди. Ваквите - не ме вреѓаат, напротив, многу ми се забавни Последен пат ме навредија во градинка, ми рекоа дека не знам да се скиролам! Они мене! Најсериозно, не се сеќавам кога некој ме навредил, вербално. Од кога излегов од средно не ми се случило. Или едноставно толку ми било без никакво значење, што веднаш сум заборавила. Имало некои очајни минијатурни обиди да ме понижат во минатото, бидејќи сум им била трн во око на работа да речеме, да не се лажеме тешко е да си успешен и да успеваш да си коректен, бесконфликтен, едноставно неутрален и не секој ти го посакува тој успех и коректен однос со сите. Луѓето знаат да бидат вистински волци кога е во прашање нивното добро, и секоја работа тогаш знае да им пречи. Но на тие очајни обиди да ме понижи некој (за среќа се сеќавам само на една до две личности кои сакале да ми го направат тоа ) јас реагирам со игнорирање. Едноставно, не ми вреди да се нервирам за нечии лични проблеми Надвор од ова, вербални, директни навреди за мене се знак за висока некултура, недозреаност, очај или краен степен на фрустрација. А со такви луѓе немам интерес да навлегувам во каква и да е дебата. Па затоа, таквите и не можат да ме навредат. Може да ме навреди само блиска личност. А ако тоа се случи некогаш, ги губи и епитетот и „личност“ - барем за мене. Се надевам нема да се случи, не сакам да се разочарувам
Ако нешто што е вистина ми го плеснат во лице, нема зошто да се лутам. Но, најмогу ме нервира кога некој што ја прави истата и полоша грешка ми соли памет е тогаш се шекнувам. За мене не е навреда само некој погрден збор, многу ме навредува кога некој кој не се грижи за ништо ке ми каже..Е кај си- а ја на работа..или пак е како 1 плата не ти стига за сметки а јас живеам од 10 000..и слични ствари