Јас па не ги сфаќам луѓето кои сакаат да се зафркаваат на туѓа сметка (притоа користат и навреди), а не се спремни да примаат зафрканции на своја сметка. Аман од нив, искомплексирани, суетни и плитки човечиња.
важно е дека си ги преживеала ете сега иде ново лето ново лето, нова љубов. Само посилно овој пат. Па шта буде нека буде. Гледаш се преживува.... Туку....абе фоткава твоја ми ја депресира душава поздрав од мене be strong girl
кога некој збори лошо за моите другарки уфф ... ама ептен ме навредува и мене ... лично никој не ме навредил до сега ниту пак јас сум навредила ...
Ме повредува кога ја кажувам вистината,а никој не ми верува.Значи ретко се случува оваа,но се случува,а исто така ме навредува кога некој ме прави помалку вредна од онаа што сум е тогааш !!!
Не знам зашто тоа те навредува, ако ти знаеш колку вредиш, ова воопшто не треба ни да те допре. А се чувствуваме навредени ако некој ни ги навредил другарките од причина што ние сме ги избрале сами за другарки, значи сме виделе нешто добро кај нив, па навредите упатени кон нив се исто упатени кон нас самите. и порафи она ским си такав си, значи а нив ги навредиле, а нас.
Мене лично ме навредуваат некои навреди кои се вистинити, т.е. за кои јас знам дека постојат. Доколку она што ќе го речат не е така, воошшто не се навредувам, им се смеам в лице. На пр. ако ме нарече некоја К*рва, глупава( е тогаш најмногу им се смеам затоа што се сметам за високо интелегентна личност ) и сл. не се навредувам ни 1%. Избувлива сум по природа, сигурно ќе ти се отидам, ќе го решам конфликтот.Најчесто го решавам со стриктно литературен говор и смиреност, знам дека тоа најмногу иритира.(САРКАЗАМ ) Еве денес една ситуација, Спојлер во соседното одделение: Девојкава нафурана, мисли цел свет се врти околу неа и може да прави што сака. Моја другарка оди кај нив во училница, никој не ја гледа, а ова пред сите:Абе оваа __________ вака оди( и демонстрира како ретардирано мајмунче ) Другарка ми ми пренесува, јас во истиот момент се нацртав пред нивната училница. Ја викам, ја фатив неподготвена, ги гледа другите и јас онака целата насмеана зошто тоа што го рекла ич не ме повреди, ама ајде, зашто да и ќутам. И викам: Што си зборела за мене? има некоја причина? блаа блаа нешто.. и и викам Ај демонстрирај ! Девојкава се збунува, незнае што да праи:Неможам сега, пред тебе. Сите се смеат Си заминувам со насмевка, бидејќи тоа што го кажа ме болеше како ланскиот снег кој се стопи и може да си го испие вирчето.
За тоа кој што рекол или помислил за мене ни малку не се замарам но кога ќе се најдам во ситуација кога еднаш од некогу кога навистина ми е потребно ќе побарам помош и кога ќе ми сврти грб е тоа и тоа како ме навредува како и кога некој нема храброст нешто да ми каже во лице а ми зборува зад грб Ама знаете како велат - Памти па уништи
Најдобар начин за одбрана од навреда е насмевката. Нека мислат дека ве повредуваат,а вие со смеата докажете им дека грешат. Незнам на кој ќе му биде повеќе криво?
Баш вчера слушнав една навреда, која многу ме изиритира. Среќа не беше директна, туку ја дознав од другарка. Да ми беше дечкото пред очи, мислам дека забите ќе си ги собираше Доказ колку ограничени умови постојат. Оценуваат надворешен изглед, а не размислуваат дека можеби се работело за некој здравствен проблем, кој придонел за истото. Ми се случило, па што! Јас не сум сакала, не сум виновна......а кутриот не ни може да сконта за што се работи
Зависи до навредата Ако мене ме вреѓаат најчесто ги игнорирам и изгледаат као будали Но мразам моите блиски да се вреќаат Се лутам и кога мене ме вреѓаат, онака посериозно... Не простувам така лесно!
Kako JusticeGirl i kaj mene se zavisi od navredata. Ne se zamaram so ropaci i niski navredi na shkolo, no nekogash stvarno koga ke me pogodat vo slaba tochka, ne se kontroliram (fala bogu do sega u shkolo toa mi se nema slucheno xd ), abe chovek, mozham da te umrtvam na mesto.
Болат многу, повеќе и од најсилниот удар, особено ако е погодена некоја чувствителна тема. Кога некој ќе ме навреди, враќам и јас пет пати појако, во најслабата точка... Не останувам должна никому.
Зависи кој те вреѓа! Ако те вреѓа некој недораснат глупчо - треба навистина да си будала за да те погодат неговите зборови. Ако те вреѓа некој паметен - упс, извините паметните не вреѓаат. Значи кој навредува - не ми е достоен мене (без разлика дали е пријател, роднина....). Со секој можеш со убав разговор да се разбериш. А, кој навредува - сам си кажува за нивото на својата некултура и невоспитаност.
зависи од кого е навредата, да те навреди некој кој нема 3 чисти во глата, шо би реол таткоми ,не се навредвам, порано да сега не, веќе научив,е сега доколку некој те навреди шо ти го цениш е тогаш тешко паѓа
Мене не ми е свеедно било кој ке ме навреди,неможам да глумам лудило као ај кој ја е.е,ништо не ми значи,и те како боли.
Боли, ако ти дозволиш да те боли. А, не знам зошто да дозволиш за некој кој не заслужува ни една секунда да се нервираш? Луѓето се такви, намерно сакаат да повредуваат и да те гледаат во лошо. Кај ни е крајот ако за сите се нервираме?
Боли, ако ти дозволиш да те боли. А, не знам зошто да дозволиш за некој кој не заслужува ни една секунда да се нервираш? Луѓето се такви, намерно сакаат да повредуваат и да те гледаат во лошо. Кај ни е крајот ако за сите се нервираме? : Сите не сме исти! Секој различно ја доживува навредата! И нормално дека не се нервирам за некој ако намерно те вреѓа зада се чуствуваш понижено.
Исто и јас!Трпам,трпам,ама кога ќе се прелие чашата готво!А особено ако ми ја погодат ахиловата петица!Не бирам што кажувам. Секојдневно трпеВ навреди.Но кога еден ден ,одлучув нема да бидам повеќе истата,сега сум ладнокрвна и арогантна кој тие што заслужуваат.Јас на сите да помагам,а тие мене кога не им требам да ми викаат не замарај!Еее нема веќе! Добар си кон мене?! И јас ќе бидам добра!Лош си кон мене?! И јас ќе бидам лоша! Готово!