1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Навреди

Дискусија во 'Психологија' започната од Unfaithful18, 9 јули 2010.

  1. perlaa

    perlaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    788
    Зависи до навредата.
    Ако ме заболе многу ќе му вратам и јас на исти начин па макар да биде многу долно.
     
  2. Dazzle

    Dazzle Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.030
    Кога некој ќе се обиде да ме навреди, прво кај мене се јавува некоја страшна нервоза и тогаш знам да бидам многу безобразна, баш целам кон тоа што најмногу боли ( за друг пат да не му текне )...
    Откако ќе помине се, почнувам да ги тумачам зборовите упатени кон мене од сите можни агли, зошто биле кажани? како биле кажани? итн итн... и донесувам заклучок дали да се нервирам или не.

    Инаку нешто што може најмногу да ме навреди се кажани зборови, многу повеќе од лоши дела.... Зборот за мене е најсилно нешто и затоа секогаш се трудам дури и кога ќе се скарам со некого да ги одбирам зборовите и се држам на таа една поставена граница, до моментот кога/ако другиот ќе ја прекорачи.
    Инаку пример, со дечко ми- никогаш ама никогаш не сме си кажале погрдни зборови како : сељак или глуп, а НАЈМАЛКУ да се опцуеме.... Се имаме договорено од многу одамна дека што и да е- ќе пазиме на зборовите што ги упатуваме и така е и ден денес.
     
  3. MaCa-J

    MaCa-J Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    135
    Секој може да те навреди, но памти па врати. ;)
    Кога на луѓето им дозволуваш многу работи, ќе те навредуваат секако.
    Исто така, зависи за која личност станува збор, ако ме навредува некој небитен баш ми е гајле, не се замарам, но ако некој што стварно ми значи, ќе размислам малце. ;)
     
  4. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    149
    порано ми беше тешко се трескав од земја плачев таква сум се си ставам на срце ама со тек на време и не ми преставува проблем. Ама во граници некат е премногу кажаното
     
  5. Regenbogen

    Regenbogen Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Женски
    Не можам да поднесам навреди од типот „ти го плеснав на шала на смеа„ а се гледа дека одамна ти го мисли да ти го каже - на таквите навреди треба да си безобразен и да враќаш без шала и смеа. а исто така мразам луѓе што немаат осет, дебелокошци, што не бираат што пред кого и каде зборуваат и што просто те напаѓаат со муабетите....ми се крева косата на глава, па и контактите со таквите се сведени на минимум. Често не знам да изреагирам на време, пошто ми се чини во моментот неверојатно дека некој би си дозволил да ти каже такво нешто, ама затоа после цел ден мислам.... за мене важи - правих се речи, увек касно сетим, одговор знам кад останем сам :)
     
  6. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.037
    Можат гадно да ме навредат а јас ништо да не речам. Потоа цел ден ќе бидам нервозна и ќе си мислам што се сум можела да речам ама знам дека не би рекла реално. Но, затоа сум злопамтило па сето тоа ќе си го ставам во умот. Скоро се простувам, такво човече сум па брзо заборавам. За омраза да не збориме, не умеам да мразам. Не сум безобразна или импулсивна ама ако некој добро ме навреди некој ден ќе вратам. Никогаш не паѓам ниско. Im a lady, not a bitch. :!: Ама ќе вратам не во зборови, во дела. А тоа е дури полошо на некој начин. Revenge is sweet when is served cold.
     
  7. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    На навреди секогаш ми е тешко да вратам. Се сметам себе си за личност која многу внимава на кој што ќе му каже и не е брзоплета па кога некој ќе ми плесни нешто најчесто се збунувам и се повлекувам со мисла да не го повредам. :fubar: После 5 минути обично ми е страшно криво што не сум им дала на личноста која ме навреди тоа што заслужува ама секое чудо за три дена. Исто така многу често ми се случува да знам дека некоја личност ме има навредено ама за жива глава да не ми текнува за што било поточно. Магарица смотана до даска сум кога доаѓа за конфликити и расправии. |(
     
  8. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    И зборови и дела. Зависи колкава тежина има различно може да го примам. Ако е дело тогаш може и да го заборавам. Но ако се зборови упатени према мене, а уште повеќе да има други луѓе, што би слушнале, упатувам поглед (во смисла да се преиспита што зборува дотичниот/та, нешто слично на ова смајли - :^) ) Премолчувам, зошто во тој момент и дотичниот/та и околината преку погледот се свесни дека зборовите отишле предалеку, па ако продолжат едноставно вртам грб и си одам, зошто јас неможам да си дзоволам да губам време и да стојам луѓе од чија уста излегуваат навреди, едноставно ги игнорирам. Кога ќе сум сама подоцна анализирам зошто со такви навредиви зборови ми се обратиле, се испитувам да не сум поттикнала јас таква реакција. Морам и кај себе да го побарам виновникот. Но во принцип, во моментот давам знак, премолчувам, вртам грб, си одам, игнорирам. Не правам сцени и галами. Никогаш нема повторно да остварам контакт со нив, се додека не ми се извини. Па дури и тогаш би била на дистанца.
     
  9. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.992
    Пол:
    Женски
    Брзо заборавам навреди. Ама да не се деси а се присетам. Тогаш е лошо. :)
     
  10. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    Мразам навреди!Дали се тие кажани во живо или напишани и упатени кон мене сеисто.Навреда си е навреда.Ниеден човек не е над друг за да може да го навредува.
     
  11. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Имуна сум, ретко кога нешто може стварно да допре до мене и да ме навреди, а и не се замарам.
    Како би можело да ме боли збор кажан од личност што нема поим за тоа која сум јас и каква сум. Луѓето што ги сакам никогаш не ме навредиле, освен со сестра ми секој ден што се вреѓаме, тоа не се рачуна :)
     
  12. verica94

    verica94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    денес во класот професорката му рече на едно машко од класот да седне до мене бидејки она така го намести.. он седна али почна да ја прашува дали дозволува да иде во последна клупа несакал до мене да седи.. и оваа рече или тука или кај педагогот бирај сам.. и тој рече некои луге незнаат за туш . и цел клас почна да ми се смее ме посрамоти ненормално..
    а незнам што беше фората секој ден по 2 пути се туширам ко болна сум за такви работи..
    нарочно праи така за да сите ми се смеат.. многу ме навреди и ме посрамоти..
    што понатака?
     
  13. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163

    Цццц, и ти враќај на тоа не ќути и ти навредувај го!Не покажувај слабост,туку заби!Ете така ќе те почитуваат!Ова од искуството мое какво такво,ти кажувам.
     
  14. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672

    Исто и јас како тебе, ноо кога дошле моите 5 минути да го возратам ударот и одмаздам, сум се повлекувала, незнам зашто но од внатре нешто ме сопира и вели НЕ ВРЕДИ! Сакаш верувај или не, нешто силно ме спречувало да се одмаздам.

    На луѓето што не ми одговараат во животот единствено нешто што сум го направила е комплетно отфрлање од мојот живот и игнор на истите, кучињата алот да им го јадат, да лазат по земја да ме молат не би обрнала внимание, до толку успеав да се ојакнам, ама за одмазда се уште не сум способна. Едноставно неможам. :(
     
  15. IviA

    IviA Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    24
    Се навредувам многу често , и тоа од блиски личности кои ми значат .... :tmi: им се лутам , се противам на тоа што ќе го кажат, потоа наоѓам момент и ги ставам во таква ситуација каква што ме ставиле тие мене , со еден збор им враќам ..... а ако некоја не толку значајна особа ме навреди , повеќе не постои за мене , едноставно ја игнорирам , не постои за мене ... ;)
     
    На verica94 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. m.a.f.i

    m.a.f.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    180
    темава беше дали се навредувам од вистината ако ми биде кажана во лице.?
    одговорот е не не се навредувам, сакам кога ми кажуваат луѓето во лице искрено што мислат, ама исто така зависи и начинот на кој ми го кажуваат тоа. јас секогаш пазам да не навредам некого и затоа и да имам нешто да му кажам, го правам на по смирен начин..не викам уф каков вкус имаш ма ти, гледај ова какво е... туку фино културно душо абе ај размисли уште еднаш..мене искрено не ми се допаѓа...
    почитувам кога некој не иронично и не дрско ќе ми ја каже вистината, а ако ми ја кажува и се потсмева може да следи нокаут!! во тие моменти тешка сум за смирување !!!
     
  17. Emche-kremche

    Emche-kremche Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    112
    Досега најмноогу сум се навредила од некој небитен глупчо што не помислив дека ке се навредам од него,ама зборовите толку болеа што неможев ништо да му кажам,само останав :o :@ .Ама следниот пат нема да прекутам.
     
  18. aleks26

    aleks26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    од вистината што ќе ми се каже во лице не се навредувам баш прифаќам и се трудам да се сменам мене ме навредува повеќе од се нештото кое ти смета кај мене да го разберам од комшиите оти ти си немал храброст да ми го кажеш а си го прокоментирал па и уште си рекол немој да си и кажал евакво нешто ме навредува и тоа до бола оти по природа сум емотивец голем и избегнувам да се дружам со луѓе што ме тераат да осетам болка не ги прекинувам сосе односите но ги избегнувам сто е можно повеќе за сам да си увиди дека си згрешил некаде во односот со мене па кај што плукале ке лижат после.
     
  19. srn4e

    srn4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2011
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    111
    Лоша постапка која веќе сум ја направила,а некој друг ја потврдил и такаречено ме искарал ме навредува.Свесна сум дека сум згрешила,а сепак неможам да се помирам дека е така.Исто така без потреба кажани лоши зборови кон мене од некој најблизок ми го креваат адреналинот и најлошо е што почнувам да викам поради тоа.
     
  20. Mia-K

    Mia-K Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    677
    Допаѓања:
    288
    Пол:
    Женски
    Секој знае да те навреди,но пред да те навреди треба да си се види во огледало!!
    Секој треба да свати дека:НИКОЈ НЕ Е СОВРШЕН!!!
     
    На aleks26 и Emche-kremche им се допаѓа ова.