1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Навреди

Дискусија во 'Психологија' започната од Unfaithful18, 9 јули 2010.

  1. renne

    renne Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2012
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    19
    Додека беше школската година, машките во одд. постојано ме исмејуваа и навредуваа најпрвин поради мојот изглед а потоа и за моите постапки (за кои јас мислев дека е најправилно).. Па така се навикнав да ме повредуваат тие што мислев дека ми се вистински другари и другарки и што е најважно не го очекував тоа и од татко ми кој постојано ме навредува со некои погрдни зборови и ми е многу тешко а доколку пробам да му се спротивставам добивам шамар... А и со другарите беше исто.. ако му вратам оди кај класниот раководител и му вели дека јас сум почнала да го навредувам.. Така да.. Веќе 6 месеци немам ниедна другарка со која можам да споделам нешто, да седам со неа во клупа на училиште, да излезам со неа и сл. Е ова јас го нарекувам Мојот Осамен Живот.... ;( ;( ;(
     
  2. m.a.f.i

    m.a.f.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    180
    renne никогаш не е доцна да промениш некои работи во животот кои те мачат и ти сметаат. разговарај отворено со татко ти, прво оттаму почни да ја решаваш ситуацијата, и да му кажеш дека ти си негово дете и дека те повредуваат неговите зборови, а дури после обрни внимание на другарките.
    зошто баш 6 месеци викаш дека си сама?
    а пред тоа имаше ли другарки? што се случило па си останала сама?
    и немој да се нервираш без потреба, се ќе се среди. поздрав
     
  3. renne

    renne Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2012
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    19
    Eпа другарките си најдоа ново друштво каде што можат да оговараат и да исмејуваат некој..
    А што да променам во животот ? Јас мислам дека другите ги мачи тоа што се занимаваат со мојот живот..
    А тој и рекол на мајками дека ако му се приближам ќе ме убие.. :!: Ненормален.. ;( ;( Што да правам? :( Тој скоро секогаш е пијан.. :drunk: :drunk: ;(
     
  4. mihaela.barbi

    mihaela.barbi Нов член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    138
    Уф, сонце навистина е погоди твојов пост. А, зошто немаш другари и што е со твојот изглед што го спомна? Мислиш дека не си убава или имаш вишок ќилограми? И, не се разочарувај туку главата горе и биди горда на она што си.
    А, некој спомна дали вистината навредува? Па да и тоа најмногу од се кога и самата си свесна дека тоа е вистина но несакаш да си го признаеш себеси, па упорно се убедуваш дека тоа е лага или тие се злобни, љубоморни па затоа така зборуаат. А што ме навредува? Па се она што и останатите.
     
  5. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    ПРед да навредиш некого помисли како би се чувствувал ти ако некој тоа ти го каже тебе. Навредата е вид на искажување не самодоверба.Таквите луѓе кои што навредуваат се социопати и ако навредат некого се чувствуваат исполнето внатрешно во себе и се задоволни од самите себеси.Не навредувам,но ак оме навреди некој не го премолчувам тоа туку му возвраќам на начин кој што ќе го подзамисли малку онај кој што е од другата страна.
    Renne тие кои што те вреѓаат и навредуваат (другарите и другарките) ти завидуваат тебе и на твоите успеси.Немој да им даваш толку голем значај бидејќи уште повеќе ќе си земат на сила да те навредуваат ако видат дека тоа те повредува и погодува.Ти биди си горда на самата себеси и иако е тешко прави се дека не те погодуваат и не ти значи она што тие ти го кажуваат.
    А,што се однесува на татко ти овде мислам дека проблемот е сериозен.Велиш пие и ти се заканува.Кога е трезвен пријди миу и кажи му како се чувствуваш ти и дека ако продолжи да се однесува така ќе го пријавиш за семејно насилство.Пробај прво со убав разговор,па ако не оди тогаш превземи поголеми мерки како претходно споменатата.
     
  6. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    8.315
    Пол:
    Женски
    Рене,што е поентата со твоиве другарки,и што е тука важен твојот физички изглед :^) ?
    Ако имаш семејни проблеми,не мораш да трпиш насилство,сега има сос броеви ,ќе се преземат мерки против татко ти.
    Како бре ќе те убиел? :x Немам зборови за ова...
    Ќе си најдеш ново друштво,не грижи се за тие трачарки кои само ти глумеле другарство.
    Ако ти е утеха,ние сме овде за тебе :* сонце мило
     
  7. m.a.f.i

    m.a.f.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    180
    сонце незнаев дека ваква е ситуацијава! :(
    Докажи си на себеси но и на другите дека си посилна од сите нив заедно!! започеток немој при срце да си ставаш се, вети си на себеси дека тоа е минато и дека никогаш нема да дозволиш да бидеш погазена или навредена. Ти душо сега растеш и се развиваш, можеби затоа се ти изгледа црно, но не е така. Труди се да станеш она што отсекогаш си посакувала, бори се за својата цел.постави една цел и не откажувај се додека не ја оствариш. труди се да максимално да бидеш подобра од сите за на крај тие да трчаат по тебе. Немој да дозволиш да плачеш, со солзи не се решава ништо! Гледај заради самата себеси да успееш во животот.
    Срце ако имаш некој проблем а ти е незгодно пиши ми ЛП, ќе разговараме, иако не се знаеме можеш да сметаш на мене и да ми кажеш се што ти лежи на душа. Слободно пиши ми и олесни се :*
    Сонце одам јас 15 дена нема да се пуштам на фемина, откако ќе се вратам ќе ти пишам во ЛП. поздрав и држи се!!
     
  8. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Навистина ме погоди она со Рене, но мисалм дека треба подобро да побара, сигурно ќе успее да пронајде пријатели, а она за татко и, зато постои
    Што се однесува за мене... мене се ме нервира, но секогаш тоа го премолчувам и враќам... :angel: :devil:
     
  9. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.743
    Допаѓања:
    4.842
    Рене,бе,не се шегуваш?Ако ова е сурова вистина ќе се согласам со мафи и ќе ти речам да разговараш со татко ти кога е во ред,на мирен и културен начин објасни му како ти се чуствуваш..Патем не ја спомна мајка ти(разведени ли се или живеат заедно)?Ајде сега да не ти мешам и чепкам во семејни работи,но искрено сакам да ти помогнам, не си должна да трпиш неправда и не си родена за тоа,а уште помалку нечиј роб да изиграваш..Немој тоа со закана за СОС телефонот,особено ако немаш некој близок покрај тебе,како што сфатив се заканил на убиство па може во нервоза да направи глупости затоа не се заканувај и не му превраќај тоа направи го кога ќе има некој друг до тебе..А потоа ќе го средиш и тоа со пријателите....Не врајѓај на ист начин,ќе се засрамат кога ќе видат колку вредиш...поззз :*
     
  10. renne

    renne Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2012
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    19
    Не се разведени, заедно живееме.. |( Нема да плачам, кога ќе помислам на плачење ветувам ќе ви пишам во ЛП :(
     
  11. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    Ме боли само тогаш кога добивам навреди од блиски луѓе, од тие што ме знаат и што ме познаваат каква сум. Тие ме болат. А тоа што некој што не ме познава доволно добро ќе ме „навреди“ ништо не ми значи, не допира до мене.
     
    На Cathe.rine и My.Cloud им се допаѓа ова.
  12. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Ме нервира кога некој ме навредува, посебно ако ме навреди брат ми сестра ми , блиските околу мене. Тешко поднесувам, ептен сум емотивна и тешко се справувам со такви работи. На блиските не им враќам а некој друг ако ме навреди ептен нешто лошо, го бришам едноставно од животот.
     
  13. Stefaniya

    Stefaniya Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    70
    Мразам кога некој кажува невистини,мразам и мразам!!! :?:
    Не сум тип што би играла памти па врати ама да не ми стапнеш на слабата точка,иначе ќе ти враќам цел живот.Вистината не ме боли затоа што јас го знам тоа и без тој/таа да ми го каже,само ми е криво кога блиско лице ти "треснува" во фаца некоја тајна што си и ја кажала.
     
  14. potterholic

    potterholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2012
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    419
    Јас сум многу чуствителна и лесно можете да ме навредите. Дури и некој што првпат го гледам во животот да ме навреди. Најмногу се нервирам кога некој од блиските ќе ме навреди. На пример другарка ми (цели 8 години сме другарки). Кога ќе и текне, ќе ми лупне една. "Таква си, ваква си"... повеќе пати ми има кажано кажа "Промени си го однесувањето" (на озбилно). Ако навистина и пречи како се однесувам, подобро да не се дружиме повеќе. Истотака и кога некој од семејството ќе ми префрли нешто. Тоа често и се случува на бабиштето. Доаѓа и веднаш грмнува "Тебе уште во недела ќе те вратат" "Грда си" итн. и ќе почне да ја фали внуката (иначе моја школска другарка) на својата пријателка. Незнам кај да фатам, што да правам. Преку глава ми е од сите.
     
    На bebush7 и rak4estip им се допаѓа ова.
  15. fernandez

    fernandez Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    51
    се навредувам само од дечко ми,само тој може да ме извади од такт,и навредена сум дека дознав дека ме лажел ама му сепак простив, некогаш при навреда сум помислувала да му раскинам ама сепак знам дека го сакам и тоа не е лек,а сепак заедно живееме и дого време сме заедно па неможам на таков чекор ,само ке си поплачам и ке помине -ке му простам а знам дека не требе,вие што мислите?
     
  16. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    1.893
    Пол:
    Женски
    Навредувачите добиваат уште поголема сила кога ке се повлечеш и ке почнеш да плачеш. Тоа ти се такви ниски суштества што сакаат со зборови да те спуштат на нивното ниво. Морам да кажам дека јас ретко кога останувам должна, обично враќам ама тоа тие е еден круг, кој кого повеќе ќе навреди...
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. sm1zla

    sm1zla Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    секогаш сум била вреѓана..:/ секогаш се на мене..Пр јас имам некои проблеми со фамилијата и сега кога искачав со другарките (веке не се дружам со нив се скаравме) секогаш машките ке ми преречат нешто и сите ке ми се смејат..:'( али тоа е..ЖИВОТ! :'( и секоја вечер плачам за тоа..али тоа е.. ;( ;( :|
     
    На bebush7 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. machhe

    machhe Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    951
    Најмону мразам навреди особено од некој кој ми е близок тоа многу ме повредува и веднаш ми се насолзуваат очите!
     
    На love93 и bebush7 им се допаѓа ова.
  19. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.665
    Допаѓања:
    91.196
    Пол:
    Женски
    лесно можам да се навредам,но ги прифакам како лекции за тоа колку сум допуштила на одредена особа да го стори истото,и таквите луге ги сечам од корен..
     
    На bebush7 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Навреди? Што е тоа? :angel: -ова сум надворешната јас, како ништо да не ме боли, како да сум камен.
    У ПМ Нека оди се! Само за навреди знаат сите! :fubar: -а ова е она што се наоѓа внатре во моето надворешно јас.
    Сите ме сметаат како ладна личност која на ум не става ништо, додека јас во себе сите ги имам у недојдија откарено! Никогаш не плачам, но во себе врескам од бес! :@
    Не е лесно да се биде јас! Никако не ми е лесно во сопствената кожа! :x
     
    На hermosa и bebush7 им се допаѓа ова.