Зависи, секоја индивидуа која е своја, знае си декаа не е премногу важна содржината на навредата него од кој е изречена. Постојат милион индивидуи кои таква индивидуа неможат да навредат колку и да се трудат - максимално. Во денешницата е тешко да изградеш кариера на навредувач оти конкуренцијата е голема. Тоа бар за мене и нискоинтелигентност. И нормално најмногу боли навреда од тие што ги сакаш, тие што ти се во животот.
Зависи од кого излегуваат зборовите. Ако се од некој што ми значи, драга личност - тогаш болат многу. Како што викаат, многу повеќе боли зборот, отколку ножот. И ги памтам долго. Иако,можеби,ќе простам - нема да заборавам. А ако е од некого што не ми е никој и ништо во животот - не му се замарам.
јас мислам дека навредите од типот - грда, глупава, дебела, курва и.т.н. болат многу повеќе отколку било каква физичка повреда (шлаканица, тупан и сл. ) многу повеќе траат, многу повеќе се памтат, и секогаш кога се потсетува човек на нив, секогаш болат како и првиот пат кога сте ги слушнале.. мене скоро сите момчиња од класот ми имаат речено грда, и тоа не по еднаш туку повеќе пати.. секогаш кога ќе си ја кренам самодовербата, ќе се најди некој да речи - грда една, и нормално секогаш јас врискам и плачам одвнатре.. знам дека не треба толку да ги земам зборовите здраво за готово ама многу ми е тешко што тие зборови ми ги имаат кажано некои од најблиските другари, иако јас ништо им немам направено.. океј знам дека не сум убавица ама што добиваат тие ако ме навредат ?? навистина неможам да ги трпам нивните навреди, пред неколку месеци толку бев тажна и депресивна што дури мислев да почнам да пушам цигари, мислев дека тоа ќе ме смири и кога пробав една цигара, ќе се отруев.. во теков на летово од дома немам излезено, баш поради тоа што немам воопшто самодоверба но барем ми е подобро кога не ги гледам и не сум во контакт со нив.. сега ќе почни учебната година и ако пак почнат да ме навредуваат јас навистина незнам што ќе правам.. многу сум тажна и секогаш кога ќе се сетам на навредите, ме пецка срцето и чувствувам болки.. на никого досега му немам кажано освен овде, па затоа дајте ми некој совет што да правам, и дали некој знае зошто толку уживаат кога ме навредуваат, поради навредувањето јас често ги игнорирам но тие продолжуваат да ме навредуваат...
Види вака-остави ги не им врајќај воопшто,смеј се кажи им даа,грда сум,ама само за тебе,јас си се сакам и ти неможеш ништо...едноставно згази ги со збор не им врајќај ти поубава си можеби или и ти си грд или погр си од мене и тн..немој така зошто се спушташ на нивно ниво,игнорирај,смеј им се и немој да им покажуваш дека те нервираат,напротив како да и годат и ќе видиш како ќе престанат,речи им зошто се замараш со мене?? што, толку те интересирам?или сакаш да бидеш како мене па неможеш поинкау да ја истуриш љубомората освем да ми речеш дека сум грда?Нешто од овој тип што ќе ги згази а ако имаш толку голем проблем обрати се кај класниот раководител.
Maggie Tatum игнорирај ги. Ако те осетат дека те нервираат, дека те повредуваат, само ќе продолжат да те нарекуваат со погрдни имиња, затоа што на нив тоа им е целта - да те деградираат како личност. Затоа не им обрнувај внимание, не се препукувај со нив, само уште повеќе ќе им дадеш повод за тоа. Ти знаеш самата во себе, дека 10 пати си подобра личност од нив и нема потреба тоа да им го докажуваш. Игнорирај ги, не покажувај нервоза, прави се дека воопшто не ги слушаш, ќе им здосади и ќе престанат.
Unfaithful е во право. Најдобра опција ти е да ги игнорираш. Ниеден од нив не вреди повеќе од тебе. Зборовите кои ги слушаш не дозволувај да допрат длабоко во тебе, пренасочи ги во мотивација. Немој да се измачуваш за луѓе кои не го заслужуваат твоето внимание. Тие не го заслужуваат твоето тоа е сигурно. Немој да бидеш повеќе тажна, кога ќе помислиш на навредата, помисли како ти вредиш и тоа што го зборуваат го зборуваат намерно само за да те повредат. Не им дозволувај тоа да го направат. Не им дозволувај да го остварат планот. Ти си силна женска.
Maggie Tatum. Многу ме погоди ова што го напиша. За жал, она што го гледавме во американските филмови за тинејџери, дојде и кај нас. Лесно е да се каже игнорирај ги. Тие се како напаст, го имам видено тоа во блиска средина. И пишуваш дека дури и најблиските другари така правеле. Па тие не се другари. Мислам дека треба да имаш еден или двајца другари, ама добри, отколку повеке такви. А ако ти е толку тешко, па смени ја средината. Отпиши ги, заборави ги, кажи на родителите, смени клас, школо, и почни одново. Поздрав!
@MaggieTatum Знам дека е многу полесно од моја гледна точка да се каже отколку да се успее во тоа, ама биди силна. Или барем изгледај така однадвор. Брани се, само немој да потклекнуваш зошто луѓето денес и да немаат причина намерно би повредиле некој што е слаб и повлечен. Само за да го потхранат нивното бедно и ниско его.
@MaggieTatum убавината доваѓа одвнатре.вопшто нема потреба тие зборови да допрат до тебе.доколку ти се сметаш за убава вопшто да не ти е грижа што другите мислат и зборат.денешните машки и девојчиња се такви.немаат памет.кога некој ќе те навреди ти игнорирај.мене ми велат дека сум ужас зашто не сум сакала да се мувам.според мене на мојата 14 годишна возраст тоа не е убаво.едноставно не се дигај,не се дружи со такви деца,сосема игнорирај ги,нека зборат а потоа ке им здодеа,секој е убав на свој начин и никој не е совршен.не дозволувај тие да ти ја уништат психата и никако немој да пробуваш такви работи како пушење и слично.главата горе и живеј си го животот како тие да не постојат.
Маги неможам дури ни да замислам како ти е и низ што се поминуваш. Ама ќе ти кажам да учиш и тоа многу, да ги срамиш што така ти зборувале, па дај боже еден ден за тебе да работат и тие да се осеќаат подолу, како што сега на тебе ти прават. Не е сеедно знам, и неможе туку така да ги игнорираш, ама прави се што можеш да не мислиш на тоа. Сепак битна е внатрешната убавина а не надворешната. И не ги викај другари затоа што другарите никогаш не би те рекле така.
да не одговорам на сите одеднаш еве се во едно ќе ставам - значи јас порано многу се дружев со еден од нив, а подоцна и со повеќе, односно со скоро сите во класот.. во тоа време се дружев со две "најдобри" другарки (кои беа сакани од сите машки) од кои едната ми беше подобра, а другата, добра другарка ама на моменти беше права шмизла.. оваа подобра другарка што ми беше редовно ми зборуваше за другата а в лице ништо не знаеше да и кажи.. почнав и јас да бидам таква, односно љубоморна, дволична и навистина расипана.. кога се скарав со тие две (односно престанав да се дружам, зборуваме но не како порано) и почнав повеќе да се дружам со други, почнав да се дружам со сите женски од класот, но скоро сите машки почнаа да ме навреддуваат.. со машките немав никој посебен проблем освен тоа што се скарав со тие два најблиски што ми беа пед 2 години.. после тоа се смиривме, не беше како порано ама сепак зборувавме.. ништо ни ги мавав, ни зборував нешто лошо за нив, апсолутно ништо и одеднаш од ведро небо гром мана.. почнаа сите да ме навредуваат дури и песна ми смислија - Магдалена грда грда женаа .. и тоа онака си се смешкаат кога пеат, како да се без чувства.. кога и да ја пеат песната или да ми речат нешто, јас ги игнорирам, но навистина проклето боли.. плус тоа јас се трудам да се сменам а мислам и дека се сменив, не ми е гајле повеќе за другите односно не сум љубоморна и не оговарам.. незнам зошто толку уживаат да ме навредуваат.. а и не сум до толку грда како што ми викаат, имам и јас убави црти, никој не е совршен а и подобро да сум јас грда однадвор отколку како нив, грда и расипана одвнатре.. мислам дека треба да научам само како да си ги контролирам емоциите бидејќи кога и да ми речат грда или кога ќе пеат ми станува жешко a сигурна сум и дека црвенеам.. инаку за тоа јака женска, јака сум си јас никој ме нема видено да плачам за тоа, секогаш се смеам и ги игнорирам ама психички сум повредена И фала на сите за советите, ако повторно ми викаат така, одосно ако уште не се созреани (а сигурна сум дека не се) ќе продолжам да ги игнорирам..
Викаш дека си била злобна и дволична на почетокот, може нешто што дознале ги поттикнало така да се однесуваат кон тебе. Мене ми изгледа дека поранешните твои другарки го започнале тоа.. така ми мириса ситуацијава. И мислам дека океј е на почеток да ќутиш и да се правиш дека не ги слушаш навредите, ама до кога така? Додека не пукнеш? Биди арогантна, враќај им и немој да им дозволиш да се чувствуваат супериорно над тебе.
Па искрено ништо не ме навердува јас знам која сум што сум и каква сум,и да дојде до навреда ќе знам дека јас самата не сум направила нешто како што треба во врска со тој човек од кој е упатена.А за реагирање знам да вратам соодветно..
нее, не бев злобна туку љубоморна и такви др. работи, и зад грб само на таа едната "другарка" и зборав.. a неверувам дека дознала бидејќи ако дознала тогаш ќе дознаела и за таа другата што мноогу повеќе од мене зборуваше за неа, а со неа се најдобри другарки..па незнам дали тие го започнале ова и јас така мислам ама мислам само на таа што не ми беше баш другарка, со другата сепак сме во добри односи така да не верувам нешто да рекла таа.. инаку со ова враќањето - и што ќе постигнам ако и јас ги навредувам ?? само ќе почнат уште појќе да ме навредуваат и до кога така ? а и + тоа, неможам да навредувам некој, едноставно не сум таква личност, најлошо што можам да речам е глуп, а ако го навредам нешто како - грд, гнасен, дебел и такви др. погрдни зборови лошо ќе се чувствувам.. како и да е, веројатно ќе созреат некој ден и ќе сфатат дека тоа боли, па и да не созреат нема врска уште 2 години сме заедно така да и да ме навредуваат пак, ќе продолжам да ги игнорирам и сигурно ќе им се здосади некој ден.. позз
Ги мразам луѓето кои знаат да навредуваат без причина и кои се прават дека тие се светци, дека сите освен нив се лоши и дека имаат право да го навредуваат човекот. Многу често кога ќе добијам некоја непотребна навреда сум нервозна дури и од нервоза знам и да заплачам.
Претходно се навредував кога некој ќе ја спомнува мојата висина, значи одма плачев и бегав, не сакав воошто да разговарам за тоа.
Никогаш не плачам,освен во себе (безгласно,само јас си знам како ми е,никогаш не покажувам солзи)нескам да изгледам кукавички.. иако порано како помала до 10-11 години плачев за ситници..
Многу ме нервираат луѓе кои за да се истакнат во друштвото навредуваат некој друг, го прават тоа толку дрско, а отпосле откако ќе ја посрамотат таа личност ќе речат „се шалам“
Мразам многу кога некој навредува,без разлика кој е и што е.Наместо да се навредуваме едни на друѓи треба сите да се имаме.Некои деојчиња од мојата стаја многу често навредуваат на друѓи и тоа пред наставниците без срам.Но таквите луѓе кои што навредуваат за мене немаат домашно воспитание,и тие се многу прости...
многу пати сум била навредувана на училиште,во основно,во средно,бев како магнет за таквите,но тоа ме направи посилна личност