1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Навреди

Дискусија во 'Психологија' започната од Unfaithful18, 9 јули 2010.

  1. Snow.Queen

    Snow.Queen Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    14
    Што ве навредува?
    Мене се ме навредуваше,ама никогаш не го покажував тоа,а и сега се навредувам ама ретко може нешто да ме навреди.
    Невистина кажана за вас или за некоја ваша драга личност, клевета, игнорирање...?
    Невистините не ме ни интересираат,несакам ни да слушам.....
    Што е со вистината? Дали ве навредува кога некој факт за вас ви се плеснува во лице ?
    ...Ама кога некоја вистина ке ми ја плеснат во лице може да се навредам,но како што кажав не покажувам. :)
     
    На Cecyska му/ѝ се допаѓа ова.
  2. CoCoGiiiRL

    CoCoGiiiRL Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    701
    Допаѓања:
    3.193
    Пол:
    Женски
    Ма никој не може да ме навреди си знам јаа за себе за другите ни нај малку не ме интересира кој што мисли за мене...
     
    На hermosa, Tanjamm и Cecyska им се допаѓа ова.
  3. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Најмногу невистината кажана за мене и за тие околу мене....Не ме нервира некој факт плеснан во лице..али ако ме навредуваат не стојам мирна и јас ќе навредувам...
     
    На Cecyska му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Cecyska

    Cecyska Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    62
    Пол:
    Женски
    site dozivuvaat navredi.ama ne se zamarajte.. PAmTI Pa VRatiI :D
     
    На hermosa и Tanjamm им се допаѓа ова.
  5. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Доколку би било вистина тоа за мене не ми смета не би се навредила,не би бегала од тоа доколку е со степен на толеранција не нешто што постојано ќе ти го качуваат на нос.Но ако станува збор за нешто што ми смета ќе гледам да сменам тема или би го кажала моето мислење за тоа и крај.
    Многу често зависи од тоа кој тип на навреди се.Не газам преку секакви навреди но можам слободно да кажам дека не стигаат до мене такви работи.Можеби е до тоа што јас никогаш некој јавно не сум навредила или намерно или малку поразлично ме доживеале моите соученици како човек кој може да се соочи со такви работи ако се потполна невистина.
    Знам да вратам на некои ''небитни ''навреди кои се упатени кон мене или некој/а блиска личност,но знам да ставам граница и да речам доста е но често јас сум таа што последна им ја затвара устата,фала му на Бога досега не сум влегла во некоја длабока каша поради тоа.
    Но не дозволувам поради некои навреди или деца да потпаднам под влијание каде што луѓето околу мене ќе ја изгубат дотогашната слика која ја имале оформено за мене :)
     
  6. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.677
    Допаѓања:
    12.536
    Пол:
    Женски
    Ме имат навредено зборови и постапки на личности кој беа тогаш битни за мене, но сега многу ретко нешто да ме навреди бидејќки јас се знам себе си, и не можат да ме повредат зборови кој доаѓаат од личности кој се небитни за мене ;)
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  7. GO-DEEPER

    GO-DEEPER Активен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Јас сум премногу навредлива личност,и ми се има случено една навреда од бивша другарка да ми остане во психата и тотално да ме уништи,но..со тек на времето сватив дека никој не ме познава(зборувам за луѓе надвор од семејството) доволно за да знае зошто сум таква, што имам поминато,и колку вредам :)
     
  8. sugarlips

    sugarlips Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    Ме имаат навредено многу пати.Не ми е гајле,кој што сака нека си зборува,не можам да се замарам со небитни луѓе. :)
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Навредливите постапки или зборови од страна на подалечни луѓе не ме навредуваат.На денешницава се почесто луѓето знаат да навредуваат и потценуваат,па не сакам да се замарам како нив.
    Но,доколку тоа се случува од страна на блиски,тогаш знам да вратам кога најмалку очекуваат.
     
    На hermosa и Tanjamm им се допаѓа ова.
  10. 4rever.unique

    4rever.unique Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    224
    Κолκу пати ме навρедиле и најблисκите, не сум ни свесна за тоа... а нешто ми падне од ρаκа одма мајκа ми ее инвалид! Или глупача си ова она, или κога ќе κажат нешто спρотивно од моите особини или ме навρедат со нешто од минатото што ми се случило а многу ме повρедува, е тогаш се деρам на цел глас со солзи во очите уκажувајκи им во очи деκа тоа за мене е навρеда и деκа не е вистина, но само ме исфρлаат од соба наρеκувајκи ме "Неноρмална, цел влез те слуша" битно им е влезот што ме слушал, а не јас што имам да ρечам κаκо моја одбρана. Што се однесува до тоа неκој " тугинец" да ме навρеди, не саκам да дисκутиρам бидејκи постојано ми биле упатувани таκви навρеди и зошто непотρебно да се замоρувам со тоа. Не ми значи лошиот збоρ на неκој тугинец κој не е ниκаκов битен фаκтоρ во мојот живот!?
     
  11. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Сум била навредувана илјада пати со најразлични зборови не ми доликува сега да пишувам клои зборови но сепак невистините си остануваат невистини. Макар и некој да ма навредил и со нешто во кое има најмалку вистина тој некој нема право на тоа. Мојот живот си е мој и има да живеам како јас сакам. А најреално кога се другите во прашање добри осудувачи и навредувачи сме ама ретко кој ке се осмели да се навреди себе или осуди. Да ме навредува некој од страна кој 2 збора не презборел со мене, ми го знае името а веќе ми напишал цела историја ич не ми е гајле. На навредите на некои поблиски кога ќе претерат знам добро да им вратам секако до одредена граница не мешам баби, жаби.
     
    На Vik'Toriah му/ѝ се допаѓа ова.
  12. DoReMi

    DoReMi Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    156
    Никој не треба да трпи навреди, а секој од нас се соочил со нив. Најубаво е да вратиш, но со некои луѓе не вреди да се расправаш, односно да паѓаш на некое нивно мизерно ниво. Се' зависи од ситуацијата. А човек да започне прв да навредува без никаква причина, е тоа навистина е :@
     
    На LadyInTheDark му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.581
    Пол:
    Женски
    Најголема навреда ми е кога некој ме лаже.
     
    На LadyInTheDark му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ciudad_juarez

    ciudad_juarez Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2016
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    185
    Пол:
    Машки
    Кога ги изгубив родителите, сестра му на татко ми, неможам да ја наречам тетка викаше ако така да сум ојачал. Така да ојачаат децата на твојот син вештерке проклета.
     
    На hermosa, SnowWhite8 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  15. Vik'Toriah

    Vik'Toriah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2016
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    591
    Пол:
    Женски
    Ме нарекле и глупава и дебела и досадна и се и свашта,не знам зашто ама ете не допрело ништо тоа до мене,никогаш не сум се навредила од зборови,можеби поради тоа што си се знам која сум и колку вредам,а тоа кој што како рекол/зборел,нека збори на кој му се збори,можда оскар или диплома ќе им врачи некој на таквите:x
     
    На LadyInTheDark му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Единствено што ме навредува е кога кажуваат нешто што не сум го рекол или го модифицираат тоа што сум го рекол. Се друго од едно уво влего од друго излегло и пцовки и било какви навредливи зборови. :)
     
    На buba4e89, hermosa, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. LadyInTheDark

    LadyInTheDark Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2013
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    2.754
    Или кога некој пак измислува лаги за вас односно ви вади муабети ви го валка идентитетот со невистини лаги а вие тогаш неможете да докажете дека не е така. Никој и нема да ве поверува,денес искреноста не вреди туку баш тој што лаже е веруван башка и ќе се шират муабети тема на разговор и секој ќе си додава уште плус по нешто :@ Ееее одд ваквиии личности ми се лошии најискрено :puke: Ама нека има бог,секој ќе одговара за стореното пред него. Неможам да опишам колку се зли таквите луѓе,како можат така бре зар се свесни колку можат да го уништат човек за НИШТО! Само колку пати му се претставуваа од лажни профили на дечко ми со цел да ме.клеветат на правина,измислувајќи глупости луѓе невистинии!!Сум го варала незнам што :o Дечко ми ме знае како дишам па не им поверува ама сепак птоблем ми создаде тоа голем во врската од каде цел живот од.дома не сум излегла па и втеретан неможев на раат да си појдам да извржбам,дечко ми до вц да појдев го.маваа филмови сепак трауми му создадоа да се сомнева во мене,сепак боли а замислете да не ми поверуваше?? Ке беше ли тоа правда према мене? :( За жал нема да беше а и вака не е, грев е да се напаѓа невин човек па има бог ќе им врати ама пак кој денес го цени бог и му се плаши? Нема за жал денес такив човек кој го цени бог :!: Јас пак никому ни му се мешам ниту пак сакам да се.мешам во таквии работи ма и нема зошто луѓе?!Зошто би му правела некому така? Немам ни храброст за такво нешто а и несакам да имам што ќе ми е таква храброст? И како овие луѓе мислат дека ќе постигнат нешто? со сила,со пикување? :^) на курвински начин? Плитко размислување! Незнам што да кажам за жалење се,ова понашање према мене е некултурно нешто,заостанато,човек без мозок кој не разбира ништо,нема поим од животот и само се брука се понижува мисли се што лета се јаде :x Па крај краева и некои работи да се вистина за некој шо барам јас да си го пикам носот,односно што би ме.интересирало тоа мене? Кој што сака нека си прави,никој за никого не треба да збори а најмалкуу пак да измислува.Вистина срамота некултура :envy: Не си го прибрале својот живот ќе трошат време за други личнисти и ќе се мешаат во туѓи животи!Жалости! :punch:
     
    На Beautymom и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  18. SoNreir

    SoNreir Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Никого и никогаш не сум навредила прва бидејќи не го правам она што не сакам да ми го прават. Многу ми е криво што со луѓе кои се имам поставено најпријателски прават мајтап на моја сметка пред други и ти ја јадат душата. Многу ме повредува тоа и во моментот враќам на онака најдобар начин од типот дека немаат култура и почит меѓутоа повторно продолжуваат уште толку - како тоа сила да им дава. Во последно време вријам од нервоза и криво ми е, не знам повеќе како да реагирам, а не можам да ги одбегнувам. Можеби на почетокот не се поставив како што треба, премногу сурови луѓе - да те пукнат. Се надевам Бог ќе им врати пред да изгубам живци, друго повеќе не знам.
     
  19. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Навреди не поднесувам од причина што се трансформирам во голема злобничка или вештерка...многу сум лоша тогаш, враќам тродупло...тешко на тој што ќе ме навреди, усвет ќе фати:devil::rofl:
     
  20. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.694
    Пол:
    Женски
    Кој што и да ми каже ќе голтнам АМА да ми рече пример ,,ку**а” или да ми опцуе мајка толку му е.
    Ниско ми е вреѓањето, ептен треба да ме изнервира некој за да го навредам, не ме исполнува вреѓањето и не ми го храни егото.
    Прва никогаш не сум навредила некого освен на едни лица што им кажав дека се глупи бидејќи стварно се, и ми направија краток спој во главата.