Незнав каде точно да ја ставам темата,па ако не е на соодветно место нека се премести. Па вака..Што мислите вие,дали надворешниот изглед е пресуден за едно момче ве загледа/се заљуби во вас? Ова го прашувам поради тоа што јас сум слаба и не сум развиена,како да кажам.Значи немам гради(ич) и немам некој задник за завидување а нели тоа е што момчињата го сакаат.Сега ќе кажете немам самодоверба.Точно,не пукам од самодоверба,се сакам себе си(тоа што сум слаба,бидејќи дебела не би се поднела,а има и послаби од мене),но сум свесна за своите недостатоци и сакам да ги променам. Понекогаш се чувствам како „сигурно нема да се загледа тој во мене,какви риби може да има“.Па затоа прашувам..
Точно е дека изгледот прво се приметува. НО Попрво би рекла дека секој свиѓа некои физички карактеристики кои ги бара кај спротивниот пол. Но то не мора да значи дека облините се пресудни, можеби имаш убава коса, очи, кожа етц етц. што можеш да ги нагласиш и ги одржуваш негувани. А за телото може и да вежбаш па ќе добие облик Еве ќе ти кажам за мене нешто за еден фраер во 8мо одд ми се свиѓаше и јас си викав така дали ќе му се свиѓам и на крај ми кажаа дека рекол абе убаво е девојчето ама има кратка коса !! Такаа да не значи ништо. ...Или речиси ништо.
Па да, се согласувам дека изгледот е пресуден кај нив и тоа е фактички првиот впечаток кој го оставате. Според надворешниот изглед тие ќе одлучат дали да ви се приближат или не, зошто сигурно нема да се одлучи некој да и прозбори на некоја ''отепана'' само за да види каков карактер има и каква личност е. Не треба да се потценуваш поради тоа што немаш гради или којзнае каков задник, зошто машките ги бараат токму таквите само за забава, а вистинската би ја сакале и покрај тие ''недостатоци''.
Изгледот привлекува ама карактерот задржува. И ова да го кажам - каков и да е човек, некој ќе го сака. За некого може да не е идеален, но за друг ќе биде цел свет. Секој, значи секој човек.