Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Надворешниот изглед-пресуден кај момчињата

Дискусија во 'Врски' започната од N1ky, 8 февруари 2013.

  1. Inna♡

    Inna♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2022
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    Можеби е до некаде пресуден ама никогаш не сум се замарала. Некој ако ме сака за изгледот само, не ми ни треба.
    Целиот живот сум дебела (навистина, не само 5кг вишок туку 70-90кг, периодично).
    Немав никаква врска со момчиња во тинејџерски години, можеби поради изглед и срамежливост не знам, но на факултет си најдов дечко. Никогаш ништо за изгледот или тежината ми нема префрлено.

    Не сум гледала никогаш да бидам со некои преубави момци, си сакав дечко што не е "совршен", со по некоја акна на лицето, малку стомаче од јадење нездрава храна, се во граници на нормален изглед на човек. Не сакам луѓе опседнати со изгледот, броење калории, претерување околу тоа. Не е дебел дечко ми, но не е ни некој мускулест набилдан дечко што 5/7 дена во неделата е во теретана. И ми е најубав на свет. Секој си наоѓа сличен на себе. :) Ни нудам совршенство, ни барам. Кој ме сака ваква нека ме сака. Да се менувам никогаш за никого нема.
     
    На hermosa и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  2. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.731
    Допаѓања:
    9.251
    Пол:
    Женски
    Не сум била со физички неатрактивен дечко и не би била никогаш (ова е нешто за кое не се премислувам)
    Карактерот задржува, да, ама кај убав и привлечен партнер. Сексуално и емотивно ме возбудуваат само убави мажи и нема причина да бидам со некој на кого не се палам едноставно.
     
    Последна измена: 2 септември 2022
    На Anah, Zhukov и hermosa им се допаѓа ова.