Имaм кoсa црнa нa три делa 50cm нoсенa 2 месецa oдличнa сoчувaнa купенa 100€ aкo сaкa некoј некa ми пише вo пoрaкa....пoзз
Здрaвo девoјки,сaкaм дa прaшaм нештo,мoжеби не сум нa вистинскoтo местo нo се нaдевaм декa ке ми пoмoгнете... Имaм прoблем сo кoсaтa пa мoрaм дa нoсaм перикa,пa би сaкaлa дa ми кaжете aкo знaете некoјa прoдaвницa кaде имa вo скoпје или некoј др грaд,или линк oд стрaнa....ви блaгoдaрaм,пoзз
Да можно е .. Јас имам фарбано во посветла нијанса ..прв пат кога ја фарбав се беше ок супер излезе ... дома сама ја фарбав.
Девојки имам Лина здраво, ако може да ми кажеш како си задоволна од косава и колку време ја имаш, одамна сакам да нарачам од Белами ама некако многу различни мислења гледам по интернетов, некои викаат предобра е некои викаат катастрофа била.. па незнам што да праам сеа... Гледам 209$ е со 6$ шипинг, толку те фати и тебе или има и други трошоци? Кај нас гледав по салониве, силуете, сикрет ама ептен ми се сумљиви и мене ич не ми се купува од тука... не ни кажуваат од која фирма им е косата, како државна тајна да е ќутат, македонска работа.. Aко има и некој друг искуство со Белами добредојдени се сите коментари Фала
Јас па таман се решив да купам кај испадна ова со даноков сеа ... а никој неам у Америка што ќе доаѓа наваму.. Добро фала во секој случај за одговорот. И уште нешто.. ти која боја ја имаш земено? И тоа башка ми е дилема, да не ми двои многу од мојата...
Здраво Јас сакам да купам коса, само за еден настан. Мојата коса е долга некаде до лактите, ама до половина сакам. Бидејќи ми треба само за една вечер, не ми се даваат многу пари. Имате идеја каде можам да купам ефтина? Нормално синтетичка На али гледам слики од купувачи, имате ли вие искуство?
Јас имав земено коса од али експрес синтетичка еднаш и бев мн задоволна пред 2 год ....Ја порачав и ја чекав еден месец ме чинеше околу 700 денари ... Ја износив немаше некој сјај како оние синтетички кај нас што се продаваат. Е сега треба да си ја погодиш вистинската нијанса за да не ти дели од твојата... Јас кога ја носев имав и природна некој прамен над неа , и воопшто не ми се приметуваше...Се на се вреди за тие пари - Мое искуство Поздрав
Јас имам баш искуство со надградби. Нарачував од али околу 4000 ден проблемот беше што беа многу ретки, но фарбаа, виткаа.Потоа нарачав преку мојата фризерка 130е ме кошташе и пишуваше 100% природна. Од али ги носев по 6 месеци, а оваа другава ни 2. Почна да се кине, да се плетка и од кога ќе ја извиткаш нема исправување, за фарбање па ич и така 130е фрлив за два месеци. Моментално не носам, но ќе нарачам од али гледав 200е, но густи, навистина природни и високо квалитетни. Зборот ми беше по салоните лажат, не знаеш ни потекло ни структура, а цени до небо. За да не бидете оштетени како јас внимавајте и превземете на своја рака.
Не би ти препорачала надградба со шиење. Подобра опција е од кератин ама пак е тешко за одржување. И како мислиш колку се 50 см?
Зошто не препорачуваш? Имав со кератин но после неколку месеци се уништи .. а со шиење трае многу подолго. Па 50 цм во должина,доста долга е или ?
Исто ти е.. зависи од квалитетот на косата и тоа како ја одржуваш колку ќе ти трае. Ако не ти пречела косата со кератин нема ни шиената да ти смета. Јас не ја препорачувам најпрво од хигиенски причини а потоа и поради оштетување на твојата коса. А што се однесува до сантиметрите, земи метро и види колку се 50 см.