6500 денари е метар природна надградба со клипови, Јас си ја порачав од мојата фризерка, ептен е професионалец и сум пре задоволна
Девојки јас пред 4 месеци си ставив надградба во диор и сум многу задоволна, косата е прекрасна исто како да е моја ја платив 200евра, скапо е ама вреди и воопшто не ми е оштетена ниту пак несто и фали, може да се носи 6-8 месеци, јас сум многу задоволна. Пред тоа имав ставено надградба со шиење и беше катастрофа, ја извадив за 3 недели зошто многу се плеткаше и нема шанси сама да ја исфенираш дома, а и да одиш на фризер ке ти ја исфенираат и за 10мин пак уплеткана. А ја имам и таа со шнолки што е, што можеш да ја вадиш и да ја ставаш кога сакаш ама е многу тешко сама да си ја наместиш дома, и таа неможеш да ја врзеш во репче како што може оваа со силикон сто е лепена прамен по прамен значи таа е најдобра варијанта прамен по прамен лепено во диор и можеш буквално се да и правиш и секави фризури и собрана и пуштена и виткана и права и мене не ми е воопшто оштетена. Ова не е никаква реклама, една моја друграка ставаше во диор и тоа 3 пати до сега и јас решив да пробам и јас и навистина се исплати затоа и е поскапа од таа со шнолки и од таа со шиење. Поздрав
Јас сум во план да си купам сега за свадбата. Решена сум да сум со долга коса за свадбата и точка. Една моја пријателка има таква на шноли што се закачува и ја користи веќе 4-5 години. Јас се распрашав и иста таква можам да добијам за 6800 ден по набавна цена (со се шноли). Eте вакви
Иста е како мојата блонд, јас ја зедов 5900 едно метро,природна е и прекрасна. Нема да згрешиш во изборот.
јас најдов полуприродна коса за многу пристојна цена ама повеке преферирам природна но ако не нејдам нешто со пристојна ценичка ке изберам полуприродна нормално ако тоа е добар избор ,затоа ве молам ако некој знае нешто повеке за полуприродниве или да ми препораца место каде шо можам да најдам природна за поефтина цена оти гледам дека бааајаги скапички се на пазарот ,изгледа оти се доста популарни
Видов на таа емисијата моја свадба,некој фризерски салон "BE YOU", имаат акција до 31 март,надградба на коса за 6000 денари,ако нешто би ви помогнало и значело
Јас и не сум баш за надградба на коса. Секогаш природното е најубаво. А една другарка од школо има надградба таква како што покажавте погоре на сликите само темно кафеава.
Малку глупаво прашање ама не ми е јасно ова со метар, два. И ја сакам надградба на коса околу 10цм, ни сантим повеќе. Има разлика во цената во зависност од тоа колку сантиметри сакате или? И ако може контакт за добра природна надградба во Скопје.
Визуелно не се разликува од природната, ама се заплеткува ненормално многу. Локни тештко дека ке и направиш без да ја изгореш, и неможеш да ја фарбаш. А колку е цената на таа полуприродна што си ја видела?
Надградба на коса само со штипки признавам лепена никако,многу лошо искуство имам и ужасна е суканици се прават каде што е залепена Инаку јас имам со штипки ама не ми е од тука а кај нас видов во Бисер во трговскиот горе во едно продавниче за фризерски работи и убава ми личеше.Која цена е незнам а инаку штипчињата се 100 ден едно.
Јас си земав пред 1 месец,природно влакно,на штипчиња 10.000 ме чинеше и презадоволна сум.Преубава е.
Па ако имаш погуста коса ќе ти треба 1.5 m или 2 евентуално (не е тоа должината на косата туку ширината,кога ќе ја видиш се ќе ти стане јасно),а ако имаш поретко косиче метро ти е доволно.Сите надградби се долги воглавно,некаде до половина или малку пократки.А инаку јас ќе ти го препорачам студио "Авангард" од Скопје,косата што ми стигна е преубава. http://www.facebook.com/profile.php?id=100000838689160 Еве ти го фб профилот.
Девојки сакам да ве прашам нешто.Значи сакам да ставам надградба за прв пат,се решив поради тоа што сега ме чека апсолвентска вечер и сакам да ми изгледа косата убаво,зошто имам ретка коса поради многу фарбања од црна-плава од плава-црна и ја оштетив косата многу.Сакам да ми препорачате некој што има т.е надградува квалитетна коса природна или пак полуприродна,и да не биде цената многу "астрономска" и да не чини после косата и да ја извадам за месец-два.Прочитав некој коментар тука на оваа тема и тоа ќе го имам во предвид,али некој коментари се постари,сакам сега некој што знае да ми каже,или пак некој што сега ставил надградба. Однапред ви Благодарам !!!