освен амазон може да ми препорачаш некој друг сигурен сајт за порачување од интернет...и...ЌЕ МИ СТИГНЕ ЛИ КОСАТА СИГУРНО???? Сте купувале ли онлине нешто некогаш???? Фала и голем поздрав
Девојки сакам да ве прашам нешто.Значи сакам да ставам надградба за прв пат,се решив поради тоа што сега ме чека апсолвентска вечер и сакам да ми изгледа косата убаво,зошто имам ретка коса поради многу фарбања од црна-плава од плава-црна и ја оштетив косата многу.Сакам да ми препорачате некој што има т.е надградува квалитетна коса природна или пак полуприродна,и да не биде цената многу "астрономска" и да не чини после косата и да ја извадам за месец-два.Прочитав некој коментар тука на оваа тема и тоа ќе го имам во предвид,али некој коментари се постари,сакам сега некој што знае да ми каже,или пак некој што сега ставил надградба. Однапред ви Благодарам !!!
Јас имам нарачено коса од амазон и поубаво би ви препорачала да не нарацувате косата беше природна али немате појма колу беше ретка едвај 5-6 локни да направис за квалитетна и природна коса има екстра попуст сега пред матури еве ви меил пишете и на девојката косата е прекрасна а добивате 1+1 гратис
Сакам да ставам надградба на природна коса со шнолички. Ако може да ми кажете некое фризерско студио во Скопје или пак не би ми било проблем и Велес. Би сакала цената да биде 6- 7000 денари. Доколку некоја феминка ставала надградба во брзо време или е информирана за ова би и била благодарна ако пише
Сакам да ставам надградба на коса со клипови или вплетување, а мојата коса е проблематична, малку е виткана и без форма и цел живот ја фенирам. Иако ги користам сите можни заштитни средства пак се оштетува што е нормално и не ми расте во должина, ама затоа е многу густа. Сега ми е некаде до рамења а сон ми е долга коса. Дајте некој совет од прилика колку пари би чинело и каде во Скопје се наоѓа квалитетна и поефтина...
читам клипови, типли, шноли, нитни.......не ми е јасна разликата, може ли некој да ми ја објасни, сакам да ставам коса пошто ја упропастив мојава од густа коса црна станав ретка плавуша со едвај три влакна репче. значи еве имам прродно виткана коса па што ми препорачувате да ставам од тие четри: - клипови, - типли, - шноли, - нитни или се е тоа исто само се работи за дијалект? , друго , еве ако коста е 1.5 м дали ја сечат па ставаат 2 реда од по 70 см или како? и дали има некаде коса така 1.5 м но да биде густа не како овие што ги нудат пазарскиве еден ред ама на него 5 влакна од кои пола ќе испаѓаат и жпак ќе остане сбез коса, значи ме интересира каде има такбва густа коса?
јас знам што е надоградба со клипови и силиконска а сум чула и за таква на шиење....на клипови на шнолки е,кога сакаш ја вадиш кога сакаш ја ставаш не ја оштетува твојата коса и одлична шанса е за заздравување на твојата..силиконите колку што знам ја оштетуваат,потоа ќе треба да си ја шишнеш твојата откако ќе сакаш да ја извадиш и тоа здраво да ја шишнеш,сепак силикон е....на шиење имаат некоја техника па ја шијат косата за твојата немам информации за овој тип надградба....е сега кај нас метар и пол а да е густа тешко...не сум сретнала таква...обично е два метра па ја шијат на дупло за да добие густина...би ти ја препорачала таа на шноли...најпаметно и можеш да ја негуваш твојата истовремено и за кратко време да ја воведеш во некоја нормална состојба...позз
Јас сакам сега за летово да ставам надградба, но на шноли не би можела да ја фатам на пр, и кога ќе влезам во вода ќе ми се познава затоа мислам дека со шиење е најдобра опција, само уште да најдам некоја по поволна цена
јас имав надградба со шиење лани во летото убава е да и мн.убаво изгледа но сепак се плетка и од чешлањето твојата коса се трга надолу потоа кога ја извадов надградбара мн.коса ми отпадна од мојата се осеќав како без коса да имам останато мн.е тешка за одржување а потрошив дебели пари и убаво изгледа 2 месеци коста со шноли можи е досадна за ставање вадење но косата твоја воопшто нема да се искуби или оштети а мн.убаво изгледаат сепак би ја препорачала косата со шноли како најубава опција и сега за лето мора почесто да ја миеме косата барем кај мене така е ја сушиш си ја ставаш надградбата и готово имаш чиста и убава долга коса
никогаш немам видено како изгледа наградба со типли и нитни баш би сакала да видам и како се ставаат љубопитна сум
Јас имам надградба со шноли. Си ја ставам и вадам кога сакам. Најчесто не ја ставам целата (од 6 прамени, 3-4 користам) и ја врзувам во коњско опавче. Навечер пред спиење вадење ја вадам и ниту ми е оштетена мојата коса, ниту пак се заплеткува со надградбата.
Колку пари е косата со шноли и од кај можам да купам и ако можиш пушти ми слика да видам каква е...поззз
Мојава е еден метар долга, 2м широка, со шноли, ја земав 6500. А слика немам од мојата, еве од нет (да ја сликнам мојата, па и од неа ќе ставам) Инаку, имам еден прамен со 3 шноли, а останатите 5 ми се со по две шноли (ама на поголемо растојание од овие на сликата)
да, но за на плажа како би направила кога ќе излезиш од вода да не ти се познава .. тоа ми е проблемот кај таа надградба
да, но за на плажа како би направила кога ќе излезиш од вода да не ти се познава .. тоа ми е проблемот кај таа надградба