ммм незнам дали те разбрав добро, незнам дали сакаш да одиш како на курс да научиш или имаш учено па сега сакаш баш само пракса.... овие што ги напишав а и други даваат курсеви, а како практикант незнам дали некој прима бидејки реалност е дека во оваа струка мноогу ретко дека некоја што прави нокти ке земе уште некој да се вежба и плус да му плаќа. Ако сакаш на курс да одиш да научиш ти си плаќаш и прво добро распрашај се да не дадиш пари а сертификат да немаш
Девојки ве молам за одговор, сакав да си земам ув ламба и гел лак за дома да си ги правам ноктите,е сега муабетот ми е значи сакам само гел лак да ставам не и гел после како би можела да го извадам и отприлика колку време трае?! Ви благодарам
Гел лак може да се вади со турпија, со машинка или со фолии и ацетон.Зависи до гел лакот а и зависи како ги правиш ноктите....на почетокот кога почнав да си ги правам многу ми се вадеа ама сега ми стојат 3 недели без да мрднат. Јас ја имам оваа и е супер, ја користат и некои од овие што прават нокти професионално, јака е не е од тие слабите.
Јас ја имам и супер е. Бидејќи е за домашна употреба, а не за професионално секојдневно работење со минимум 5 особи супер си е. Девојки дали сте пробале и дали е возможно мешање на гел со акрил.Имено другарка ми ми купи боја акрил како во туба за цртање.Е сега дали ке можам да си правам некои си мои шари па да покријам со завршен гел? Или да се опростам од тубицата...
На вакво нешто мислиш? Ова е acrygel , гел со акрилни состојки, го користам како builder гелот што се користи за надградба , мноогу е лесно за употреба и не се растекува ко гелот. Не знам дали за ист производ зборуваме
Не е вакво, да се вратам од раб па баш ќе ти сликнам да ме упатиш хехех А баш вчера зборев со другарка како се работи со тоа builder? Дали е тоа едно како на типс што се става па на ноктот и после типсот се вади? Сум гледала дека така излеваат нокти ама не сум видела со што го прават тоа...а баш ми е така интересно
Builder e друго , се користи и на обичен нокт и се издолжува (излева) со форма хартиена.Тоа е обичен гел кој го има во разни нијанси. А ова е тоа ти што викаш со типсот и потоа се вади , не знам како е на македонски јас погоре ти го пишав на англиски , најверојатно исто е акригел. Гел со акрилни состојки внатре. Тоа е во тубичката што ти го сликнав. Може и така како што викаш ти со типсовите , може и да се направи излевање на хартиени форми. Со типсови немам пробано. А со овој производ мора да се користи четка за акрил и соодветна течност ацетон , и се работи со натопување на четката во течноста и нежно притискање на прозиводот и се формира нокт.Еве видео.
Некое девојче во Карпош4/Влае кое ќе се нафати да ми поправи само еден нокт? Ги имав повеќе на инстаграм, ама не можам да ги најдам.
Вака сега, последните неколку страници беа буквално полни со дискусија на која местото не ѝ е тука. Да се потсетиме дека во оваа тема акцентот е ставен пред сè на надградба на нокти, салони, опрема и слично. Муабетите кои се водеа на тема гел лакови за нокти кои не вклучуваат надградба, значи обично лакирање на нокти со гел лакови кои се печат под УВ-ламба се за во оваа тема: https://forum.femina.mk/threads/Траен-гел-лак-за-печење-под-uv-ламба.23280/ Сите други прашања на тема гел лакови слободно можат да одат во таа тема, а оваа да си продолжи по истиот тек како порано.
Девојки не се сеќавам дали тука прашував, али кажете ми за надградба на нокт или изливање со Polymegel што се е потребно и како иде? Еве и слика за кое мислам Фала ви