Па ги менувам на максимум 3 недели и стојат буквално нечепнати, а на стапалата нешто повеќе со оглед на тоа што поспоро ми растат ноктите на нозете. Прајмерот, основата и топ финишот ги земав од Александар Козметик (не знам што марка се ама мислам дека само еден вид имаат, дома може да проверам) околу 2500 ме фатија комплет. Големи се пакувањата, ги имам скоро година, а и како што гледам не се сушат така што верувам дека ќе ми траат долго.
Курсот трае 7 дена, цената е 25 000 денари, но со него добиваш сертификат од Италија. Прв ден те учат на основа на градење на природен нокт,како да го направиш да не пука, да се постигне вистински природен ефект, ти даваат скрипти за полагање на анатомија на нокти и габични инфекции. Втор ден учиш лиење на нокти, како се гради ноктот за да не се крши и сл. Трет ден учиш коцка француски маникир, има два вида - цртан и градивен. Најтежок е за работа, навистина бара време. Четвртиот ден ти е за бадем основа како и коцка што учиш Петтиот ден учиш француски бадем Шестиот ден е учење основи на цртање и Седмиот ден полагаш анатомија на нокти и изработка на француски маникир форма - коцка. После се чека недела - две да се одобри сериско бројче од Италија за да ти го издадат сертификатот. Е сега скапо е, ама ми нудеа вакви сертификати, но што важеа само во Мк за мн мала разлика во пари. Јас кога влегов тука се воодушевив, полни се пехари, медаљи и сертификати. Врвни се.
Па би сакала да имам интернационална, не се знае кај ќе завршам на крај. Ако бива тука, тука ќе останеме, ако не секако ќе си бараме чарето надвор.
Цуцки, сакам да Ве прашам сакам да си купам ламба и гел лакови, која е постапката за правење само ставам гелот и печам и после коа ќе дојде време за вадење што се прави се брише ли со ацетон или мора да игра турпија?
Не, не не е толку едноставна постапката Еве јас како ги правам: ги средувам и сечам кутикулите. Со фина турпија нежно ја стругнувам површината на ноктот, колку да се изгуби сјајот. Ставам база за обезмастување и печам 90 секунди. Ставам прајмер, печам 120 сек. Потоа нанесувам два слоја гел-лак (ги печам посебно 180 сек.) и бришам со алкохол да се тргне лепливиот слој и вишокот боја. Стругнувам од страните во случај да ми протекло некаде и печам со топ-гелот за сјај. Кога треба да ги вадам, го стругнувам топ гелот и ги виткам ноктите во фолија со памукчиња намокрени во ацетон. Држам 20-30 мин и гелот сам се лупи. Може некој ги прави на др начин, па може да сподели а и имаш еден куп видеа на youtube.
Мојата процедура за нанесување гел лак: 1. Со блага турпија нежно ги поминувам колку да ги израмнам и се изгуби сјајот. 2. Ги кратам кутикулите и кожичките од страна. 3. Ноктите ги прскам со чист алкохол и пребришувам со хартија (не е обична целулоза туку имам купено од Џамбо едни мали ленти што се користат за депилација со восок, одлични се и не останува ништо по ноктите). 4. Ставам прајмер, тој не го печам. 5. Тенок слој base coat и го печам 60 секунди. 6. После тоа неколку мноооогу тенки слоеви лак во боја во зависност каква е покривноста, печам по 30 секунди секој слој. 7. Завршувам со top coat, печам 60 секунди и ги пребришувам повторно со алкохол. 8. На крај ставам масло за кутикули. Процедура за отстранување: 1. Ги поминувам со турпија да го тргнам првиот слој од лакот. 2. Памукчиња ги топам во појак ацетон (исто купен од Џамбо) и ги виткам во фолија околу ноктите. 3. Ги оставам да отстојат 20-30 минути. 4. Лакот го буткам со дрвени стапчиња за нокти, ако нешто случајно остане излегува со блага турпија. Инаку имам комбинирана UV со LED светилки лампа и нема потреба да ги печам многу. Се вкупно цела процедура од вадење до нанесување нови мене ми трае околу саат и пол.
Можеш да ги нарачаш од aliexpress, има(ше) во Голден Роуз (не бев задоволна), има во Александар козметикс ( не ги знам цените, една феминка ми кажа околу 500 ден), квалитетни се и на Opi, не сум ги пробала и не знам цена. Јас лично имам само неколку бои, купени ми се од Depileve околу 850 ден. Ламбата ми е обична кинеска. Од скоро почнав да си ги правам, па уште не сум информирана за се, а зимава ги правев само црвени и крем
@Artemission те молам ако сакаш прати ми линк кои гел лакчиња ги земаш од Алиекспрес? Моментално имам само три бои дома , земав квалитетни прајмер база и топ коат ,плус гел лакчињата , ама ако се ок боите не ми треба барем за лакови во боја да трошам мн пари , зашто и така сама на себе си ги правам
Тој селер гледам не постои повеќе, но лакчињата се овие. Малецки се од 5ml ама затоа се 1$ и не ми е проблем тоа воопшто. Имам околу 30 нијанси и до сега само еден не ми се погодил. Не се некој врвен квалитет и треба неколку слоја ама со добар base и top coat бркаат работа. Редактирам: гледам сега дека на линков што ти го пратив се поскапи, види доле во предлози ги има за $.
@Artemission да баш најдов од поевтините а таму десно кај што пишува color гледам слабо бои има само неколку , а имаат претставено на сликите дека има над 100 бои. Другите каде се , или трба на продавачот порака да ми пратам кои бои ги сакам?
@koritsaki види во опис што му пишува обично таму ставаат информации како е порачувањето. Јас на мојот продавач му оставав порака при купување кои нијанси ги сакам зошто не се бираше боја така да може е истиот случај и таму.
Ќе ве молам за мала помош. Никогаш до сега не сум ставала нокти, ниту пак знам која е разлика помеѓу типсови, гел лакови и такви работи Е сега не знам што ми текна, сакам да си направам marble nails. Да ми препорачате некој салон или девојка што прави добри квалитетни нокти? И да ми објасните дали можам гел само да ставам на моите нокти бидејќи имам големи и здрави, или ќе мора вештачки?
Девојки дали може да ми предложите од каде можам да нарачам квалитетни гелови, но да не се многу скапи...
Ве замолувам во иднина да не постирате нечии нокти кои се ваша изработка. Tемата е да споделуваме совети и искуства околу техниките за надградба на нокти и салоните низ земјава кои ја нудат оваа услуга, a било каков вид на рекламирања се забранети. Изработки од вашите нокти можете слободно да ги постирате тука >клик<.